Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Венгер во пакет со Кронке

Вториот да, он е коренот, причината и за жал иднината на нашата пропаст, првиот не, никогаш не бил и нема да биде проблем.
 
Венгер е причината поради која го имаме (имавме) реномето на голем клуб кое сега постепено од сезона во сезона го губиме, причината која многу луѓе се навивачи на Арсенал и причината поради која важевме за тим кој игра најубав фудбал или секогаш во топ3 најубави фудбали на око. Втората половина од неговото тренерство во клубот пробуваше од ништо да направи нешто покрај цела таа 0 поддршка и период на продавање играчи, често беше многу блиску (Едуардо сезоната) и навистина е импресивно кога ќе видиш со каков тим до каде стигал, нешто што во денешен фудбал е невозможно, секој трансфер рок бевме во дебел финансиски плус поради што продававме најдобри играчи и пак опстојувавме на врвот само поради него и фудбалот за кој се залагаше. Последните 2 години и тој изгуби контрола и трансферите беа скроз утнати и воопшто несвојствени за фудбалот кој 2 децении се залагаше да го изгради. Нема тренер ко Венгер, ниту имало, ниту ќе има, очекував кризен период после Венгер, ама не до волку. Едноставно е незаменлив, единствено што е крив, е што ги дигна стандардите за клубот толку високо, што и нашите очекувања се енормно високи и вечито сме разочарани, а и ќе бидеме.
 
Вториот да, он е коренот, причината и за жал иднината на нашата пропаст, првиот не, никогаш не бил и нема да биде проблем.
Скроз е исто колку и Кронке, ѓу направи стадион на грб на лаги и превари кон навивачите, ветуваше брда и долини а сме во гомна до гуша

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Видете, верувам дека повеќето од нас веќе се помирени со реалноста и затоа ваквите резултати одамна не предизвикуваат гнев и нервоза, туку само апатија и фудбалска депресија.

Проблемот е Кроенке, само и само Кроенке. Еду и Артета се аматери, тимот е лош, но кој има финална одлука за сето тоа, сопсвеникот. Сопственикот е задоволен со мидтејбл тим, еден од многите играчки што најверојатно му служат за перење пари, друга причина не гледам.

Нас не спасува само нов газда кој без проблем ќе фрла по 300-400 милиони секој трансфер период, џабе муабети Лестер, Борусија и слични глупости, што се тие тимови посебно успешни, ништо, некој настап во ЛШ и историски неповторливо освојување првенство.

Да не се лажеме, трофеи 90% од случаите освојуваат тимовите што трошат, но и да се троши со план, а за тоа треба директор и управа што знаат што работат, а не Еду, а за да има таков треба газдата да се интересира и активно да сака да ангажира и работи со такви луѓе.

Така да, дури не се промени сопственоста, ние ќе бидеме тим од 6-10 место, со повремен блесок, некое полуфинале или финале во ЛЕ, освoен Лига или ФА куп, со неколку добри играчи од академија кои ќе ги продадеме, и тоа ќе биде тоа.

Артета секако не преживува подолго од октомври, но што ќе се смени после, кое е прво име кое ви паѓа на памет што би се нафатило да го води Арсенал, а да е барем малку квалификуван, мене не ми текнува на таков?!
 
Последно уредено:
Само Раниери ви е спасот. Под спас мислам да не губите вакви утакмици.
 
Секој што мисли дека Арсенал е голем клуб поради Венгер нема врска од историјата на клубов.

Само за споредба, од тие наводно 'лоши' тимови на Венгер чуда што правеле и не навикнувале на 4-то место, сите тие тимови се далеку подобри од овој со далеку послаба конкуренција. Не престасаа голем број на тимови додека ние тапкавме во место и се надевавме уште на "чудата" на Венгер.
 
Последно уредено:
Со купување на Одегард, Артета ова лето потроши скромни 120м. Дали тимот е нешто подобрен од ланската сезона, не би рекол... Многу лоши трансфери, нз кој го гледаше Салиба прво коло искина за Марсеј ние ја почнуваме сезоната со просеци како Мари во тимот, непотребни 50м за Вајт. Главниот проблем лани беше креативноста во играта, истиот го имаме и моментално.
 
Со купување на Одегард, Артета ова лето потроши скромни 120м. Дали тимот е нешто подобрен од ланската сезона, не би рекол... Многу лоши трансфери, нз кој го гледаше Салиба прво коло искина за Марсеј ние ја почнуваме сезоната со просеци како Мари во тимот, непотребни 50м за Вајт. Главниот проблем лани беше креативноста во играта, истиот го имаме и моментално.

Kje donesat poslednite dena 5 transferi ko pred 5-6 godini, vo posledniot den ko kupivme panicno se zhivo i divo.
 
Со купување на Одегард, Артета ова лето потроши скромни 120м. Дали тимот е нешто подобрен од ланската сезона, не би рекол... Многу лоши трансфери, нз кој го гледаше Салиба прво коло искина за Марсеј ние ја почнуваме сезоната со просеци како Мари во тимот, непотребни 50м за Вајт. Главниот проблем лани беше креативноста во играта, истиот го имаме и моментално.
Артета потрошил?

Друго нешто многу битно, вон топ 4, вон ЕЛ. Какви трансфери може да се очекува според тебе?
Одегард не е за потценување, Реал го зема од 14 или 16 години ,виде доста талент во него, може баш во Арсенал ќе се развие во класа плејмејкер. Локонга солиден ми се виде вчера, Вајт исто мислам дека убаво ќе легне.
Објективно гледано се зимаат млади талентирани играчи со потенцијал да прераснат во класа играчи, што е и Одлично.

Сепак Арсенал е во лоша состојба, тешко ти класа играч во добри години да го привлечеш во тимот без да му дадеш огромна плата, а ризикот е преголем (Озил, Вилиан итн.)

Јасно ни е на сите дека Варан, Рамос, Хакими, Меси, Донарума итн. во ниту еден случај немаше да потпишат за Арсенал, затоа и Бен Вајт и Сами се донесени, и сега еве Одегаард ваљда. Уште еден добар млад шпиц и добро ќе е за сезонава. Реално и за Лаутаро ист е муабетот, зашто некој би идел во тим којшто не е во ЛШ ниту пак сериозен кандидат за топ 4 кога може да иде во тим којшто е моментално со подобар проект.

У кратки црти, не е се во парите, играчите сакаат и ЛШ, подобар тим (соиграчи), поголема конкурентност, подобар проект итн.
 
Го купуваш Бен факинг Вајт за 50м, не може еден воздушен дуел да земе и го ставаш до него мифката пабло Мари, а на позајмица го праќаш Салиба кој на 20 години е Паоло Малдини за двајцата, за кој сеуште не ја знаеме причината освен тие кој веруваат во приказните на Артета нормално, @Факе (це)? [emoji848]
Кој к.р сака нека дојде и без тренер ќе бидат подобри

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Мизерија е што играчи ко Сака и ЕСР, деца од по 19-20 години се моторот на тимот. Да не се сфатиме погрешно, супер играат, добри играчи се, ама немаат искуство и не можеш целиот товар на нив да го оставиш. Срамота е да немаш некој искусен играч што ќе го повлече тимот напред.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Венгер почна да греши со трансферите тогаш кога Дејвид Дин се пензионираше, а него му ја одземаа моќта на одлучување и го ставија Газидис за ЦЕО.
Не е само до менаџерот се, туку и до луѓето позади него.

Сега, да. Кронке е крив што не фрла милиони, ама не е ниту дека не ги подржа Еду и Артета со финансиски буст и купување на играчи.
Го сакаа лани Парти? Им го донесе Парти.
Оваа година ќе видиме колку на крај ќе потрошат, ама Арсенал од кога е Артета е во дебел минус со трансфери, а успех нема. Не само што нема успех, туку не се гледа ниту подобрување во играта.
Има и крајно контроверзни потези како со бркање на Салиба, Гендузи, Тореира кој изгуби секаква шанса во тимов на сметка на Ел Нени.
Форсирање на Вилиан... Зацементирање на Лаказет на клупа кога беше во форма. Сеуште не може да најде една фиксна формација, туку секој натпревар ги ротира играчите.
Имаме повторно ситуација со Лаказет и Нкетиа на 1 година до крај на договор и со двајцата не се знае што ќе се прави. Дали ќе се продаваат? Дали ќе им се продолжува договор или ќе си одат како слободни играчи?

Не гледам јас ништо позитивно овака, па макар и Кронке пружи поголема финансиска поддршка.
 
Барса ни го нудела Кутињо за еден од Лака или Оба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom