Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Артета со овој пристап и со составот на ПСЖ ќе вади вакви резултати. Немој да кажете дека Брентфорд има поквалитетен тим.
 
E8stOudWYAYE7oI
 
Реално му треба на Артета уште барем 2-3 трансфер периоди и минимум 3 предсезони да покаже што знае, не се ова негови играчи не е негов тим, нели @Факе? [emoji8]

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Реално му треба на Артета уште барем 2-3 трансфер периоди и минимум 3 предсезони да покаже што знае, не се ова негови играчи не е негов тим, нели @Факе? [emoji8]

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk

Емери поарен ќе беше, не е проблемот ни во Емери ни во Артета и ти го знаеш тоа
 
Дечки, да не се лажиме. После паузата за репрезентации, ако иаме 0 бодови, да си го побараме ПРОФЕСОРОТ назад.

И да не се лажиме, нема да имаме менаџер ко него. Никад. Колку и да нејќиме да признаеме.
 
Што следи? Нов тренер со исти газди и иста некомпетентна управа?
Да.
Мене ова од Арсенал што го гледам последниве скоро две години ми е страшно досадно.
Немаме до толку умрен тим за да не гледаме поатрактивен фудбал. Најдосадниот фудбал што го играл Арсенал! Ај да носеше некакви резултати барем...
 
Фрливме 50м во вода за Вајт, физички е многу слаб ќе го тормозат снажни играчи ко Тони.
Во Брајтон беше заштитен во тројка позади со Данк, Велтман и Вебстер.
 
Аххх прекрасниот професор што го уназади клубот 10 години у последните негови 2. Доста вие се лажете.

Ќе почекаме Артета во следните 10 год, да го унапреди за 2.
 
нека го носат Конте дур е слободен и нека не се заебаваат.

грд фудбал игра, али знае да склопи победнички тим и да вади резултати.
 
Сум кажал неколку пати, ќе повторам и денес, клубов нема теоретски шанси да мрдне од мртвилото се дури Џака е првотимец, а со оглед на тоа што му се продолжува договор, значи уште долго ќе служиме за потсмев. Прво откога е во тимот ние ЛШ немаме помирисано, пред да дојде во тимот 21 година низа имавме на настапи во елитата. Проклет да е часот кога се одлучило тимот да се гради околу Џака и играта да се промени, буквално во тој час Арсенал станува најдосаден клуб за гледање, од најинтересен во најдосаден. Првите сезони имавме уште креативци во средина, па не се гледаше колку лошо влијае Џака на клубот, сега кога Џака игра со дмф (Парти, Локонга) и кога во нападот нема орач сам да го влече тимот ко Алексис, се гледа колку е се ова сјебано и неатрактивно. Игра во средина по земја не постои, се игра само со долги топки за кои нема никој кој ефикасно да ги прими, и странично со дупли пасови, играта за читање ни е прелесна. Нашето најдобро оружје пасови по средината на прва, нешто по кое бевме препознатливи, со Џака го изгубивме и еве 5 години играме крајно досаден фудбал, многу неефикасен, никакваа креација, ужас. Не е единствен кривец, но е најголем кривец. Празник ќе е денот кога ќе се отараси клубот од Џака и повторно ќе почне да негува средина со креативци како на времето.

И не знам зошто Артета упорно му упропастува кариера на Мартинели со тоа што го игра крило, дури и кога не се во комбинација Лаказет и Обамејанг, зар толку не може шпиц да се стави, па шпиц му е природна позиција.
 
нека го носат Конте дур е слободен и нека не се заебаваат.

грд фудбал игра, али знае да склопи победнички тим и да вади резултати.
Каде бе Конте со Кронке ќе се разбере, исто ко на Тотенхем што им направи и нас ќе ни направи кога ќе ја види неамбициозноста.
 
И пак ќе кажам, немаме простор да згрешиме трансфер веќе, многу сме заглавени со пропаднати играчи, мора да убодеме серија на погодени трансфери, во спротивно се подлабоко ќе тонеме. Лани само одбраната беше солидна, нападот и средината за креативност бевме очајни, ние само одбрана се заслуваме, ако останат овие трансфери + Одегард кој патем беше и лани, нема ни 8мо место да бидеме на табела, па вие набројувајте кои 7 екипи биле подобри од нас кои не биле.

Среќа ЕСР и Тирни што потат дресовите, без нив материјал за борба за опстанок делуваме со ваква апатија.
 
Емери поарен ќе беше, не е проблемот ни во Емери ни во Артета и ти го знаеш тоа
Проблемот е во двојните аршини, проблемот е што уште не сфаќате дека коренот на проблемите беше Венгер во пакет со Кронке

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Падна форумов не стигнав да ти реплицирам, Орнстеин беше пак во право дрка Интер мора да продава, не го продадовте Лаутаро ама испадна полошо...
Инаку Артета е сеуште во Арсенал само благодарение на неамбициозноста на умрениот Кронке, од Барнли ќе беше избркан на клоци после онаква сезона, дно очај, беда. Тоа покажува какво дувло на пропалици е Арсенал

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Според фан клуб кај нас ова не е продажба затоа што се мора, туку затоа што стигна одлична понуда за Лукаку. Лаутаро мислам дека сега е бетон прва постава и прв шпиц.
Не се сложувам со тебе дека е полошо, Лаутаро е предобар играч, многу млад и може да прерасне во дупло боље играч од Лукаку, дур Лукаку го постигна својот прајм. Секако, no hard feelings, фала му на Лукаку за се до сеа.

Артета е уште во Арсенал пошто подобар тренер тешко дека ќе може Арсенал да земе. И сам си свесен дека управата, газдите се проблем а не тренерот.
Не може и Венгер и Емери и Артета да не чинат до толку за клубот од сезона во сезона да тоне.

Без добар шпиц ништо не се праи, Лака и Оба ги поштуем како фудбалери но мислам дека е многу попаметно еден од нив да си иде и да се донесе некој помлад, погладен фудбалер. Зашто не и некој како Шик или Долберг на пример. Белоти за многу мали пари, или пак Влахович. Во Шпанија исто има доста квалитетни играчи којшто би можеле да се земат за пореална сума исто. Веќе не е битно „името“, најбитно од се е да му се донесе на Артета шпиц каков што му треба, што ќе функционира во неговиот систем. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom