Trajno zabeleženo - Edward Joseph Snowden
Ја барав на српски, пошто одамна немав читано нешто на овој јазик.
Добропознат на сите, американски свиркач кој во 2013 година му откри на светот дека владата на САД собира метадата за секој телефонски повик, пратена порака, имејл, користен компјутер...
Книгата е автобиографија, од неговото најрано детство и интересот за компјутери, до вработувањето во ЦИА и НСА, неговите морални вредности и бегството во Русија.
Стр. 195-197 (во контекст на претстојниот попис во Македонија и фамата околу националноста во личните карти):
„И во нацистичка Германија и во Советскиот Сојуз, најраниот јавен показател за таков надзор го имал безопасниот облик на попис. Првиот сеопфатен попис во Советскиот Сојуз од 1926 покрај пребројувањето на населението, имал и скриен план. Сосема отворено барал од граѓаните да се изјаснат за својата националност. Резултатите им покажуваат на етничките Руси, кои ја сочинувале советската елита, дека се малцинство во споредба со граѓаните од централна Азија (Узбекистанци, Казакстанци, Таџикистанци, Туркменистанци, Грузијци, Ерменци), што резултирало со одлука за постепено бришење на нивната култура и превоспитување со помош на погубната марксистичко-ленинистичка идеологија.
Пописот во нацистичка Германија од 1933 имал облик на обичен статистички проект, но со помош на компјутерска технологија. Рајхот соработувал со компанијата Дехомаг, која била огранок на американската IBM и поседувала патент за изработка на бушени картички и табулатори, своевиден аналоген компјутер. Податоците од пописот подоцна биле користени за идентификација и депортација на Евреите во логорите на смртта.
И САД спроведувале пописи на населението. Уставот определил дека тој се спроведува на секои десет години, што претставувал временски период потребен за обработка на податоците после првиот попис, спроведен во 1790 година. Овој десетгодишен период е скратен на пет по пописот од 1890 година, кој бил прв попис на светот во кој биле користени компјутери (прототипи на моделот на IBM, кој подоцна е продаден на нацистичка Германија).“