Why Nationalism од Yael Tamir
Писателката е поранешен член на Кнесетот од редовите на Работничката Партија на Израел, поранешна министерка за образование и имиграција, професорка на Оксфорд и претседател на колеџ во Израел.
Авторот, добро познат либерал и борец за човекови права, во книгата застапува анти-глобалистички и анти-неолиберални гледишта и дава аргументи во прилог на десничарските движења. Изгледа навистина важи изреката „Не си човек ако во младоста не си левичар, а во староста десничар.“
Писателката е поранешен член на Кнесетот од редовите на Работничката Партија на Израел, поранешна министерка за образование и имиграција, професорка на Оксфорд и претседател на колеџ во Израел.
Авторот, добро познат либерал и борец за човекови права, во книгата застапува анти-глобалистички и анти-неолиберални гледишта и дава аргументи во прилог на десничарските движења. Изгледа навистина важи изреката „Не си човек ако во младоста не си левичар, а во староста десничар.“
(извадоци, слободен превод од англиски) Либералите сакаат да не убедат дека националистите се морално инфериорни споредено со глобалистите. Лесно е да се биде глобалист ако ги уживаш бенефитите на отворениот пазар, или да поддржуваш имиграција ако се осеќаш безбедно со својот социјален статус и не се плашиш дека новодојденците ќе ти го земат работното место, ќе ја намалат вредноста на твојот имот со давање под кирија на соседниот стан... Ако ставовите што некој ги има по однос на дебатата нација или глобализам, силно се поврзани со личниот интерес, тогаш нема причина да се тврди дека една од страните е во право морално или рационално.
Сигналот на Спутник е стимул за новиот бран американски национализам, кој донесе реформи во науката и инженерството и овозможи Америка да си го поврати местото на технолошко и национално ниво.
Европската Унија го избра омиленото музичко дело на Хитлер, Одата на радоста, за своја химна, потврдувајќи ја краткотрајноста на човековата меморија, или можеби победата на надежта над искуството.
Во интересна замена на улоги, Кина сега е бранител на глобализмот, имајќи го САД од другата страна. Претседателот Џи Пинг е тој кој сега брани слободен пазар и политика на Појас и Пат.
Брегзит ги спротистави националистите и глобалистите. Сега евроскептицизмот се шири низ светот. Граѓаните избираат да ја стават својата нација на прво место и имаат силни аргументи зошто нивните барања треба сериозно да се земат во предвид.
Брутален неолиберализам на една страна, нацизам на друга. Да се балансира некаде измеѓу е морална и политичка врлина. Затоа мора да земаме во предвид широки идеи од различни политички теории и да позајмуваме од нив она што е вредно и во интерес на сите.
Тој еден процент (кој поседува 25% од светското богатство) користи сѐ што ѝ е на располагање за да ја измени перцепцијата за реалноста и да ја направи нееднаквоста поприфатлива од што реално треба да биде. Владејачката елита ги поседува не само средствата за производство, туку и интелектуалните добра, што им овозможува да ги претстават своите гледишта како универзална вистина.
Нацијата е составен дел на современието. Наместо да го дефинираме национализмот како резултат на современието, современието треба да се дефинира како производ на национализмот.
Националистите стремат кон мотивирање на народот да стане политички активен и културно креативен и тој (народот) да се изрази како во приватниот, така и во јавниот живот. Модерните нации-држави даваат можност на народот да земе учество во политичката, моралната и културната сфера.
Границите се создадени за да бидат затворени, за да повлечат линија помеѓу тоа што е внатре и тоа што е надвор. Минувањето на таа граница треба да биде исклучок, а не правило. Прогласување сувереност на еден народ врз територија и признавање на политички и социјални права на разни малцинства, се основата на национализмот и демократијата. Ова чуство на поврзаност ја претвора територијата во дом, а ова чуство на имање дом прави луѓето да се грижат за него и да допринесуваат во неговото одржување.
Со помошта на национализмот, државите се претвораат во татковини, места со кои се поврзуваме преку љубов и верба. „Во добро и зло, во богатство и беда, во здравје и болест, додека смртта не нѐ раздели.“ Ни патриот не би можел да го каже поубаво од ова.
Последно уредено: