Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Да, но за мажи, немаме цврсти девојчиња како што се косоварите и србинките за такви спортови. Гледав еден меч во џудо на Јапонка и Русинка, Русинката беше со подуено око, пукната рокада или што ти ја знам, изгледаше доста грдо. Нашиве мамички не верувам дека ќе ги пратат ќерките на тоа. Подобро е да ги пратат на пливање да губат време 10 години.
Да, факт е дека немаме култура за женски спорт, но не мислам дека мамички до толку си ги пазат ќеркичките. Поентата е што кај нас воопшто и не се перцепира женскиот спорт, а тука има многу повеќе простор за маневар.
 
Без автобусот двокатен црвен.

Туку Ѓоковиќ изгуби од Зверев 6:1 3:6 1:6. Ништо од златото за Ѓоковиќ. Да видиме што ќе направи во дубл/парови.
Во вториот сет води 3-2 со брејк на негов сервис и од таму оди се downhill 10 -1 во гејмови 7-0 серија на Зверев.
Дечкото играше како надрогиран, Новак ништо не можеше. Штета што еден од GOAT кандидатите нема да се закити со злато, евентуално за 3 години да проба пак на 37.
Автоматски споено мислење:

Овие Мектиќ и Павиќ во пар се машини. Чилиќ и Додиг за сега без шанса, 3-1 и многу веројатно уште еден брејк сега за сега.
 
Последно уредено:
Без автобусот двокатен црвен.

Туку Ѓоковиќ изгуби од Зверев 1:2 (6:1 3:6 1:6)
Ништо од златото за Ѓоковиќ. Да видиме што ќе направи во дубл/парови.
Сега класика челзи тактика, Костич ќе исчезне на недела дена!
 
Ма Лонг со второ олимписко злато во сингл си го обезбеди статусот на GOAT во пинг понг.
 
Дали Американците послем подолго време нема да бидат најтрофејна нација на ОИ. Не се толку моќни како порано во пливање. Ако ги изгубат медалите и во атлетика тогаш дефинитивно ќе паднат зад Кина.

Јапонија собра многу медали за разлика од порано. До пола сме, а веќе го имаат надмашено скорот од последните години. Се спремале се гледа.

Кинезите стандардо лапаат медали во спортови кој само кај нив ги има.
 
Не верувам, пола од медалите им се во пливање, имаат традиционално доста добри атлетичари во женска конкуренција каде Европјаните заостануваат. Ако не грешам бранат 30 медали од Рио во Атлетика. Доста напредуваа во техничките дисциплини како фрлање ѓуле, троскок, скок во далечина.
 
Иако има уште малце пливање до сега Америка има освоено 24 медали од кој 6 златни. Во Рио 33 медали од кој 16 златни, исто и во Лондон 16 златни.
Многу медали им собраа Австралија, Британија, Русија и Кина.
 
@Ilumious дај збор два за девојчево што пливаше, на 15-16 години колку има простор за напредок, физички и кондиционо следните години?
Извини, овие 2-3 дена не следев ништо од игриве, обврски куп.. За Миа ли?
 
Ау мешанава штафета 4х100 мешано е хаос за пратење. во секоја дисциплина пливаат и машки и женски. :eek:
 
Да, но за мажи, немаме цврсти девојчиња како што се косоварите и србинките за такви спортови. Гледав еден меч во џудо на Јапонка и Русинка, Русинката беше со подуено око, пукната рокада или што ти ја знам, изгледаше доста грдо. Нашиве мамички не верувам дека ќе ги пратат ќерките на тоа. Подобро е да ги пратат на пливање да губат време 10 години.
Не се согласувам дека немаме цврсти девојки, туку нема култура кај нас за женски спорт. Уште владее тоа, што ќе ти спорт, фати книга или што ќе ти спорт, глеј си фамилија. Побогу, мене ВО СРЕДНО ми викаа не седи на компјутер, фамилија ќе имаш утре :vozbud: [emoji23]

Изгуглајте ги Сања Николовска Најдовски и Катерина Шиповиќ па кажете дека немаме цврсти женски со срвајвал менталити.

Девојчето е супер ама треба да си фати стипендија на факултет и да си бега во Америка. Грото од овие што земаа медали пливање живеат и тренираат во Америка, нема кај нас ни услови ни кадар за прогрес :/
до ден денес ми е криво за трагедијата што ја спопадна Мирјана Бошевска и и го оттргна фокусот од пливањето, не верувам дека пак ќе имаме Робокап пливачка како неа :(
 
Последно уредено:
22 годишниот Мете Газоз од Турција олимписки првак во стреличарство. :aplauz:

1627718397555.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom