Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Единственото бело девојче на трката од 100 метри заврши 5та.
Лелеј, прејака животна приказна еј, мајка ѝ била докторка, татко ѝ братучед на обвинител.
 
Имате ли фаворити за утре во машката трка на 100м? Јас се надевам дека ќе падне Европскиот рекорд на 9.85 или Азискиот на 9.90.
 
Имате ли фаворити за утре во машката трка на 100м?
Јас сум за тој Нигериецот у зелено бафнатиот денес што победи на една трка, ќе се трка ли утре тој?
 
Имате ли фаворити за утре во машката трка на 100м? Јас се надевам дека ќе падне Европскиот рекорд на 9.85 или Азискиот на 9.90.
Двајцата белци. :D
Има во второто полуфинале еден од Австралија и еден од Италија.
 
Не е ова веќе откако она се откажа од натпреварување?
Низ магла ми е ама пред да се случи несреќата таа како да кажуваше дека планира за Пекинг други тренажни процеси зошто не беше задоволна од 4то место во Берлин :/ тогаш бев седмо одделение, како низ магла ми е, може и ти да си прав.
 
Тончи Стипановиќ сребро во едрење. Хрватска дојде до 7 медали на овие ОИ. Злато и бронза во теквондо, злато и сребро во тенис, злато и бронза во веслање и сребро во едрење.

Во Рио беа нереални 10 од кои 5 златни. Теоретски уште е тоа достижно, но малку веројатно.

Од тие кои не би било нереално да земат медал уште се Сандра Перковиќ во диск, Иван Квесиќ во карате, Тин Србиќ гимнастика и ватерполистите. Потенцијални изненадувања можат да бидат Филип Михаљевиќ во ѓуле, Сара Колак копје и Божо Старчевиќ во борење.
 
Последно уредено:
Американките го губат златото освоено од Мишел Картер во фрлање ѓуле во Рио. Изненадувачки Кина освојува злато во фрлање ѓуле, а Американката Рејвен Саундерс освои сребро во женското финале одржано утринава. Златната од Лондон и сребрена од Рио, Валери Адамс заврши трета.
 
Низ магла ми е ама пред да се случи несреќата таа како да кажуваше дека планира за Пекинг други тренажни процеси зошто не беше задоволна од 4то место во Берлин :/ тогаш бев седмо одделение, како низ магла ми е, може и ти да си прав.
Ни јас не знам точно, сум заборавил и на настанов иако на 5 минути од местово живеам, кога го видов линкот се потсетив на трагедијава. Датумот на трагедијава ми е некако многу "свеж" - 2005та година, јас за Мирјана памтам дека бев помал кога настапуваше и затоа изгуглав и видов дека последни податоци за нејзин настап се баш од европското во Берлин и 4-тото место таму, на ОИ настапувала во Атланта и Сиднеј, Атина 2004та ја пропуштила, не знам зошто, дали заради повреда или едноставно веќе престанала да се натпреварува и затоа прашав да не знаеш нешто повеќе околу тој период за кој нема податоци на интернет за неа, може се мачела со повреди или нешто друго па планирала враќање за Пекинг и трагедијава ја спречила.
 
Третава полуфинална трка на 100ка мажи колку беше побрза од првиве две. Тој што го збореа Бромел нема ни финале да избори.
 
Третава полуфинална трка на 100ка мажи колку беше побрза од првиве две. Тој што го збореа Бромел нема ни финале да избори.
Срушени два континентални рекорди на Азија и на Европа. Тоа што го пишав вчера.
 
Четврта среќа за второво полуфинале во 100 со пречки?


Ауууу Порториканкава што направи!!!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom