Имаш мала грешка во историјата, спрема договорот меѓу Бугарија и Србија пред првата балканска војна, Бугарија ја добива територијата јужно од линијата Крива Паланка - Охрид, додека територијата северно од линијата би се поделила после завршувањето на војната со медиација на Рускиот цар. Тоа е таа територија која е на картата твоја, затоа и пишува "Zone Contestee" во смисла неназначена територија со два претендатори никаде не пишува Албанија.
Пред започнувањето на првата балканска војна никој од учесниците на војната немаше ни во предвид за некоја независна Албанија, поголемиот дел од територијата на сегашна Албанија беше назначена на Србија со тоа што би добиле излез на море, но после завршувањето на војната тоа не го дозволија Австро-Унгарија и Италија, Австро-Унгарија имаше свои претензии кон Србија а заедно со Италија не сакаа да има сценарио каде што Србија го контролира влезот на Јадранското море (Албанија има еден стратешки полуостров чија важност практично и ја диктира историјата во 20ти век), па затоа ја створија Албанската држава што де-факто беше протекторат на Италија.
Е сега калакурницата настана во текот на војната заради неколку причини, прво е дрската амбиција на Бугарскиот цар кој ја прецени својата (доста моќна армија) и сметаше дека може да пенетрира до Битола/Охрид на запад пред србите, и да го освои Солун на југ пред Грците, ни едното ни другото не се случи, исто така настанаа мали скандали со третирањето на србската инволвираност во обсадата на Одрин (Адрианополис/Едрене).
Со завршувањето на војната, и со србија гледајќи колку е саатот и дека Австро-Унгарија и Италија нема да и дозволат да имаат излез на јадранско море преку запленување на Албанска територија, прават дипломатско пичкински потег врз кој велат сите си ја земаме територијата што си ја освоивме, напротив на договорот кој го имаја со Бугарија, тука е зенитот на втората балканска војна, балканскиот театар на првата светска војна и калакурницата на втората светска војна (на балканот) и тука е каде де-факто се формира модернава РС Македонија.
Инаку ме интересира од каде ја најде картата, оти србите разбирливо го кријат овој факт како змијата што ги крие нозете, а ако ова го имаш најдено на некој српски извор како некој fake-news за голема Албанија тогаш иронијата е од епски пропорции.
Инаку инцијативата за мала унија на балканот е чисто економска, така да негледам тука некои теории на заговор.