Дали е ова новата реалност во регионот?

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
Стар муабет е ова, само шо бјонс скоро има отворено јутуП.

Кој им дава на кинезите да го зацврстат влијанието на балканот и во европа посредно? Пошто никој друг не е заинтересиран да го (ко)финансира проектов.
... ај читајте зошто постирам по насловот и темата, не спомнав од кога е идејата 1840 година? сами испаѓате смешни како тој Багинс погоре сеир во политика ќе терате бре бре, подморници ќе имало демек многу ме зезнал на постот, ме потсетувате на пионите во шахот!
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
... ај читајте зошто постирам по насловот и темата, не спомнав од кога е идејата 1840 година? сами испаѓате смешни како тој Багинс погоре сеир во политика ќе терате бре бре, подморници ќе имало демек многу ме зезнал на постот, ме потсетувате на пионите во шахот!
Е баш нѐ зезна. :(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
А, бродовите ќе можат и во подморници да се трансформираат? Или пак ќе ги прелетуваат скопските мостови?
...ти дури не ја знаеш местоположбата на мостовите во Скопје споредбено со планот на пловидба на каналот, а се дрзнуваш да коментираш!
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
...ти дури не ја знаеш местоположбата на мостовите во Скопје споредбено со планот на пловидба на каналот, а се дрзнуваш да коментираш!
А, во Велес каква е местоположбата? :icon_lol:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Никогаш не вели никогаш ;)
Голема работа почнува од најобична искра
Нема таков потенцијал тука. Ќе укинат роаминг, ќе нема пасоши на граница, некоја симболична инвестиција ќе капне, но тоа се е минимално.Едноставно нема многу капитал тука,колку и дазвучи чудно нема големи заеднички интереси.

Фактот е дека Албанија и Србија немаат многу поврзници, немаат ниту граница и се кул додека не спука тиква на прв спомен на Косово, а Македонија е тука како некој си middle ground. На Заев,Рама и Вучиќ им треба некаква победа да покажат за дома и да покажат дека можат да се сакаат со комшиите пред западот и затоа прават еден обичен циркуз.
Автоматски споено мислење:

...ти дури не ја знаеш местоположбата на мостовите во Скопје споредбено со планот на пловидба на каналот, а се дрзнуваш да коментираш!
Вардар не може да биде пловна река. Речиси невозможно е да го направиш пловен, а ни Морава на многу места не е многу подобра.
Реално, постојат и планови за сушење на Медитеранот и правење на земен коридор меѓу Африка и Европа, но не значи дека тоа е реално или изводливо.
 

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
...ти дури не ја знаеш местоположбата на мостовите во Скопје споредбено со планот на пловидба на каналот, а се дрзнуваш да коментираш!
Апсолутно неконкурентен проект. Тука не е само инвестицијата, постојано ќе требаат пари за функционирање. Од тука големи такси. Што ги прави поефтин од Сплит, Риека, Трст?
И Турција веќе одлучи дека ќе го гради Истанбулскиот канал, вториот Босфор.
Да не зборуваме за екологиjа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Вардар не може да биде пловна река. Речиси невозможно е да го направиш пловен, а ни Морава на многу места не е многу подобра.
Реално, постојат и планови за сушење на Медитеранот и правење на земен коридор меѓу Африка и Европа, но не значи дека тоа е реално или изводливо.
Не е, Јужна Европа ќе се претвори во пустина, новата земја ќе биде солена и тотално неплодна, а додека некои други крајбрежни градови по на север во Европа ќе бидат поплавени како резултат на зголемувањето на нивото на морињата и океаните со редистрибуцијата на вода од Средознемното Море.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Не е, Јужна Европа ќе се претвори во пустина, новата земја ќе биде солена и тотално неплодна, а додека некои други крајбрежни градови по на север во Европа ќе бидат поплавени како резултат на зголемувањето на нивото на морињата и океаните со редистрибуцијата на вода од Средознемното Море.
Поентата на спомнувањето ми е дека ако постои план, не значи и дека може да биде реалност. Вардар - Морава - Дунав е обична фантазија.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Аjмо извол'те квалитетна роба...брашно...трава...го има довољно за сите...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
А, во Велес каква е местоположбата? :icon_lol:
...ај да ти ја доловам ситуацијата, иако тераш сеир (ти ги спомна скопските мостови), еве пример со еден воден канал во Шкотска,

AX109_164-00003.jpg

може да замислиш дека ова е Велес?

ea58c2bf91ca61b4e75ab8a2851ad70f.jpg

... замислуваш?

088301902de84be4304c8345f2577598.jpg

...види модерно пристаниште,

110990997.jpg

или пловниот канал во Белгија,

bj6pPuR.jpg

ајде за пример еден пловен канал во Белгија,

pDoRLj9.jpg

може ова да биде Велес?

њер.jpg

...со еден збор, пловен канал може да се направи и кога нема воопшто река, а не пак Вардар река од крај до крај на МКД пловен со вода со фактот дека изведувачите ќе бидат од Кина, знаеш што можат тие да изведат?
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
267
Поени од реакции
564
Мал Шенген не е случаен, ниту Србија би се откажала, зошто?

... меѓу другото поради еден голем проект кој датира уште од 1840 година (1900 Никола Стаменковиќ) да по толку време ништо нереализирано, 2012 година ја покрена Томислав Николиќ, уште позасилено 2017 год грчкиот премиер Алексис Ципрас со големо геостратешко значење на Солун по воден пат да се поврзе со земјите од Средна Европа, Егејско Море да се поврзе со канал со Дунав (650 км),

Прегледај го приврзокот 302777 Прегледај го приврзокот 302779

... проектот е приоритет за владите на Грција, Македонија и Србија, но и на Кина, која е заинтересирана за изнаоѓање алтернативни патишта за побрз и поевтин транспорт на нејзини стоки до Европа,

Прегледај го приврзокот 302778

... каналот „Вардар-Морава-Дунав“ сметаат дека овој проект ќе овозможи побрз транспорт на стоки до пазарите во Средна и Северна Европа, но и до Црното Море и регионот на Кавказот, со што би се намалило значењето на теснецот Босфор,

Прегледај го приврзокот 302781 Прегледај го приврзокот 302780

... поврзување на Вардар и Морава за речна пловидба и изградба на канал за нивно поврзување (30 км),со интересни предлози на изградби на попатни хидроцентрали и пристаништа и слични канали како што има во Германија и Шкотска,


П.С.
Останува да видиме што понатака, ако не се налути Ердоган, па да пушти некое милионче мигранти на трите држави инволвирани во проектот,
а Да! уште нешто, џабе денес власта ќе сака да ги острани галиите на Вардар, све мислам дека ќе ги има многу повеќе и тоа пловни! :P
Колосално глупава идеја, 140 години не е реализирана оти и да заборавиме на цената и географските пречки проектот незема во предвид еден мааал факт а тоа е постоењето на Јадранското море.

Единствено звучи како змиско масло за политичарите од регионот да глумат меѓународни играчи.

Ако успеат да го протуркаат овој идиотско непотребен проект, тогаш ќе го финансираат со колонијалистички кинески кредити и како услов ќе го градат кинески компании со кинески работници, ќе нема никаков бенефит од градбата и само ќе се задолжат државите во кинески кредити за наредните 2 генерации
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
...дај Боже, да сме живи и здрави и Кајгана да опстои како форум, темите остануваат на платформата, да видам кога ќе коментирате за проектот кога ќе се реализира, што сеир ќе ви удрам...па, па, па!
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
На неспособните балкански сељачишта обични премини знаат да им бидат предизвик. Додатно после црногорското искуство, односно фиjаско со кинеските кредити, не верувам дека некому паѓа на памет таква авантура иако се работи за надпросечно глуп регион на светот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
...ај да ти ја доловам ситуацијата, иако тераш сеир (ти ги спомна скопските мостови), еве пример со еден воден канал во Шкотска,

Прегледај го приврзокот 302797

може да замислиш дека ова е Велес?

Прегледај го приврзокот 302799

... замислуваш?

Прегледај го приврзокот 302798

...види модерно пристаниште,

Прегледај го приврзокот 302801

или пловниот канал во Белгија,

Прегледај го приврзокот 302803

ајде за пример еден пловен канал во Белгија,

Прегледај го приврзокот 302805

може ова да биде Велес?

Прегледај го приврзокот 302806

...со еден збор, пловен канал може да се направи и кога нема воопшто река, а не пак Вардар река од крај до крај на МКД пловен со вода со фактот дека изведувачите ќе бидат од Кина, знаеш што можат тие да изведат?
Не можеш да ги спроедиш овие проекти со каналот Вардар - Морава.

1) Тоа на сликите се многу мали етапи, екстремно скапи ремек дела на градежништвото и градени на рамен терен.

2) Каналите се прават баш таму каде што нема река да спои море со некоја пловна или 2 различни пловни реки. Тоа е поентата на каналите. Проблемот тука е што ниту Вардар, ниту Морава се пловни реки, а Вардар во своето најдлабоко не е доволно длабок ни за најмали траснпортни бродови.

3) Ни света Кина и Америка да се спојат заедно не ти го градат каналот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom