Дали е ова новата реалност во регионот?

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
...дај Боже, да сме живи и здрави и Кајгана да опстои како форум, темите остануваат на платформата, да видам кога ќе коментирате за проектот кога ќе се реализира, што сеир ќе ви удрам...па, па, па!
Еве овде ти е одговорено што ќе не чека:
Ако успеат да го протуркаат овој идиотско непотребен проект, тогаш ќе го финансираат со колонијалистички кинески кредити и како услов ќе го градат кинески компании со кинески работници, ќе нема никаков бенефит од градбата и само ќе се задолжат државите во кинески кредити за наредните 2 генерации
Црна Гора ја заглавија Кинезите со кредити за автопат, ваков проект ќе не однесе во банкрот и нас и Србија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Колосално глупава идеја, 140 години не е реализирана оти и да заборавиме на цената и географските пречки проектот незема во предвид еден мааал факт а тоа е постоењето на Јадранското море.

Единствено звучи како змиско масло за политичарите од регионот да глумат меѓународни играчи.

Ако успеат да го протуркаат овој идиотско непотребен проект, тогаш ќе го финансираат со колонијалистички кинески кредити и како услов ќе го градат кинески компании со кинески работници, ќе нема никаков бенефит од градбата и само ќе се задолжат државите во кинески кредити за наредните 2 генерации
... да те потсетам колку сме задолжени и што кредити се земени со каква намена, што не би и за пловен канал?

collage-5-960x653.jpg

( П.С. посебно ми е омилена потрошени средства како субвенција за магарето! :love: ништо веќе не се зборува, кој знае до кој левел на тренирање е доспеано магарето има некој од Квадарци да каже!?? :toe: )
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Инаку темата појде од тоа како целта на мини шенгенот ќе е поделба на Македонија и стигна до дискусија за инфраструктурен проект што ќе чини 20+ милијарди долари. Убаво рекоа мини шенген водачите дека мини шенгенот ќе придонесе за мир и просперитет на Балканот :icon_lol:
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.570
Поени од реакции
5.975
Сите се фаќате за гнасните и ретардирани политики на Бугарија, а дејностите од Србија како да не постојат, безброј книги објавуваат за Стара Србија и за Брсјаците и Мијаците велејќи дека се Срби

Лол. ако САД стварно ја тутни Албанија во планов, Србија нема да зуцни, а не па за Мијаци да зборува.
И за Албанците велеа дека се Срби, па видовме како заврши тоа. Македонија и Албанија би можеле лесно да се здружат ако Србија мрма против двете. На крајот од денот нема да биди прв пат Ароманци и Албанци да се здружат против заеднички напријател. Читни ја Алексијадата, да видиш што се случило во Дуреш, среден век.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
... да те потсетам колку сме задолжени и што кредити се земени со каква намена, што не би и за пловен канал?

Прегледај го приврзокот 302807

( П.С. посебно ми е омилена потрошени средства како субвенција за магарето! :love: ништо веќе не се зборува, кој знае до кој левел на тренирање е доспеано магарето има некој од Квадарци да каже!?? :toe: )
директорот за Иновативно Крадење Паднал од Точак и ги скршил 2те раце...боље од магаринта да јавал а не необучен точак :cool:

Автоматски споено мислење:

Имаш мала грешка во историјата, спрема договорот меѓу Бугарија и Србија пред првата балканска војна, Бугарија ја добива територијата јужно од линијата Крива Паланка - Охрид, додека територијата северно од линијата би се поделила после завршувањето на војната со медиација на Рускиот цар. Тоа е таа територија која е на картата твоја, затоа и пишува "Zone Contestee" во смисла неназначена територија со два претендатори никаде не пишува Албанија.

Пред започнувањето на првата балканска војна никој од учесниците на војната немаше ни во предвид за некоја независна Албанија, поголемиот дел од територијата на сегашна Албанија беше назначена на Србија со тоа што би добиле излез на море, но после завршувањето на војната тоа не го дозволија Австро-Унгарија и Италија, Австро-Унгарија имаше свои претензии кон Србија а заедно со Италија не сакаа да има сценарио каде што Србија го контролира влезот на Јадранското море (Албанија има еден стратешки полуостров чија важност практично и ја диктира историјата во 20ти век), па затоа ја створија Албанската држава што де-факто беше протекторат на Италија.

Е сега калакурницата настана во текот на војната заради неколку причини, прво е дрската амбиција на Бугарскиот цар кој ја прецени својата (доста моќна армија) и сметаше дека може да пенетрира до Битола/Охрид на запад пред србите, и да го освои Солун на југ пред Грците, ни едното ни другото не се случи, исто така настанаа мали скандали со третирањето на србската инволвираност во обсадата на Одрин (Адрианополис/Едрене).

Со завршувањето на војната, и со србија гледајќи колку е саатот и дека Австро-Унгарија и Италија нема да и дозволат да имаат излез на јадранско море преку запленување на Албанска територија, прават дипломатско пичкински потег врз кој велат сите си ја земаме територијата што си ја освоивме, напротив на договорот кој го имаја со Бугарија, тука е зенитот на втората балканска војна, балканскиот театар на првата светска војна и калакурницата на втората светска војна (на балканот) и тука е каде де-факто се формира модернава РС Македонија.

Инаку ме интересира од каде ја најде картата, оти србите разбирливо го кријат овој факт како змијата што ги крие нозете, а ако ова го имаш најдено на некој српски извор како некој fake-news за голема Албанија тогаш иронијата е од епски пропорции.

Инаку инцијативата за мала унија на балканот е чисто економска, така да негледам тука некои теории на заговор.
Блгарија имаше понуда од Грција и беломорска мкд и Тракија да ја земе, само да останат Солун и Тасос грчки.. ама лакомо блгарче ОДБИ и после се здружија сите против блгарчето и се тоа изгуби,,,,
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2011
Мислења
600
Поени од реакции
2.479
Naah, на никој не му треба канцер територија. Цело че го зимат, само ќе потпишат еден договор дека историјата и јазикот на новите жители на Шкипри Етнике се бугарски и тоа е тоа.
Ко ќе те читам јасно ми е зошто партизаните послем втора светска војна ве стрелале и закопувале гроб да не ви се знај.
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
248
Поени од реакции
505
Блгарија имаше понуда од Грција и беломорска мкд и Тракија да ја земе, само да останат Солун и Тасос грчки.. ама лакомо блгарче ОДБИ и после се здружија сите против блгарчето и се тоа изгуби,,,,
Глупости, Бугарија имаше официјален, детален договор за поделба на територии единствено со Србија, со Грција немаше таков договор затоа што сметаја дека Грците се премногу слаби да стигнат до Солун пред нив. Проблемот со Бугарија во војната беше преоценувањето на своите сили, примарно по вина на Фердинанд 1, сметаа дека можат да турнат брзо на југ до Солун но не успеаа и Грците чисто поштено си го завзедоја Солун.

Бугарите не влегоја во втората балканска војна затоа што беа лакоми, проблемот беше во тоа што Србите не си го почитуваја официјалниот договор и одбија да ги предадат териториите кои тие ги имаја чисто поштено договорени со Бугарија, затоа Бугарија претрпи национална катастрофа и во втората Балканска, и во првата светска, и во втората светска и стигна на тоа дереџе на кое стигна. Заради таа една единствена случка сега постои РС Македонија, и Македонскиот народ колку и климав да е од национално/етнички/лингвистички аспект.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Ко ќе те читам јасно ми е зошто партизаните послем втора светска војна ве стрелале и закопувале гроб да не ви се знај.
Можеш да наведеш 5 примери? Пошто кон крајот на ВСВ во Бугарија се случува преврат и комунистите превземаат и менуваат страна. Бугарската народна армија учествува и во ослободувањето на Скопје и Белград да речеме.

Него многу позанимливо ми е да ми кажеш колку партизани има во Македонија кога Бугарите влегуваат тука. И некои позначајни битки на тие партизани да наведеш?

Иначе ме цитираш за сосема погрешна ствар. Не се фокусирај на Бугарија, Бугарија уво ја боли за тебе, на Албанците им е многу повеќе дојдено до територијава отколку на Бугарија.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Глупости, Бугарија имаше официјален, детален договор за поделба на територии единствено со Србија, со Грција немаше таков договор затоа што сметаја дека Грците се премногу слаби да стигнат до Солун пред нив. Проблемот со Бугарија во војната беше преоценувањето на своите сили, примарно по вина на Фердинанд 1, сметаа дека можат да турнат брзо на југ до Солун но не успеаа и Грците чисто поштено си го завзедоја Солун.

Бугарите не влегоја во втората балканска војна затоа што беа лакоми, проблемот беше во тоа што Србите не си го почитуваја официјалниот договор и одбија да ги предадат териториите кои тие ги имаја чисто поштено договорени со Бугарија, затоа Бугарија претрпи национална катастрофа и во втората Балканска, и во првата светска, и во втората светска и стигна на тоа дереџе на кое стигна. Заради таа една единствена случка сега постои РС Македонија, и Македонскиот народ колку и климав да е од национално/етнички/лингвистички аспект.
Под Бугарија е Тракија и има излез на егејско море, таа територија ја губи после Првата Светска Војна, а и струмичкиот регион го губи после Првата Светска Војна.
Факт е дека Бугарија ја има најмоќната војска од страна на сојузниците во првата балканска војна. После неа е Србија па тогаш Грција. Дури и во првата светска војна Бугарија успешно води битки и против Французите.

Грција која среќа ја има со толку малку жртви да ја има таа територија денес што е, да не ја имала таа среќа и да не ја имала толку подршката од западните земји денеска Грција ќе беше на север до Олимп планината. Денеска Грција има помоќна армија и од Бугарија и Србија заедно. Ние со другите 2 албански држави нема што ни да не бројат.

Како и да е тоа е историја, а од тоа што досега имаме научено е дека најверојатно ние ќе бидеме ебаната страна од овој мини шенген.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
600
Поени од реакции
2.479
Можеш да наведеш 5 примери? Пошто кон крајот на ВСВ во Бугарија се случува преврат и комунистите превземаат и менуваат страна. Бугарската народна армија учествува и во ослободувањето на Скопје и Белград да речеме.

Него многу позанимливо ми е да ми кажеш колку партизани има во Македонија кога Бугарите влегуваат тука. И некои позначајни битки на тие партизани да наведеш?

Иначе ме цитираш за сосема погрешна ствар. Не се фокусирај на Бугарија, Бугарија уво ја боли за тебе, на Албанците им е многу повеќе дојдено до територијава отколку на Бугарија.
Ни Бугарија спомнав ни па ме интересира колку партизани имало,само ми е појасна сликата и призмата низ која гледале властите послем втора светска војна за такви ко тебе да не се повторат и никогаш да не се дограбат на власт.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Ни Бугарија спомнав ни па ме интересира колку партизани имало,само ми е појасна сликата и призмата низ која гледале властите послем втора светска војна за такви ко тебе да не се повторат и никогаш да не се дограбат на власт.
И резултатот од тоа денес е исламизација и албанизација на Македонија. Со среќа со идните такви власти што не можат по магарето, а само по самарот.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.891
Вучиќ, Рама и заев ќе праеле мини шенген и проект од неколку десетици милијарди долари. :pos:

Овие тројца во една реченица може само виц да почнат, ништо друго. Па и Шилевовача го земале да ги шета по Скопје, сигурно им објаснувал од кај ќе минува каналот ако му дадат уште еден мандат. :pos:

Замисли план стар скоро 200 години, не се реализирал кога лидерите биле х100 повеќе идеолошки водени отколку материјално, и ај сеа ќе го дадат да го реализираат на тројцата најголеми клептомани во регионов.
 
Последно уредено:

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
... да те потсетам колку сме задолжени и што кредити се земени со каква намена, што не би и за пловен канал?

Прегледај го приврзокот 302807

( П.С. посебно ми е омилена потрошени средства како субвенција за магарето! :love: ништо веќе не се зборува, кој знае до кој левел на тренирање е доспеано магарето има некој од Квадарци да каже!?? :toe: )
По реално е да се доjде до кервани со магаринjа во правец Солун-Белград.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Не е лоша иницијативава у секој случај. Граници и така и така немавме со Косово и Албанија. Туку ако се гледа од стратешки агол за американциве, во догледна иднина ЕУ со своја војска, федерација, и понезависна политика од САД. Балканов ќе биде од голема корист да и парира на ЕУ со помош на САД. Ако у старт донесат инвестиции и америве фрлат некоја убава пара што си ја штампаат ко да нема утре... би било фино за умрениве држави овде што само чекаат и молат од ЕУ.
Е сеа идеалното по мене е Кина да дојде и истово да го направи, ама они сеуште немаат муда за тоа.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.381
Вучиќ, Рама и заев ќе праеле мини шенген и проект од неколку десетици милијарди долари.
Немаат врска они, Сорос млаџи бил у Камник на ручекот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom