Ваљда од тие илјадници што летнале накај Скопје, барем стотина успеале во бизнисот. На колку од нив им текнало да инвестираат во местото од каде што дошле и да ги подобрат условите кои лично нив ги натерале да си заминат?
Живееме во земја во која законите и устав се тоалетна хартија кога во прашање се одредени лица. Локални шерифи, партиски ботови, фукнционери сите има да ти се изредат и нема никаква полиција и закон да те заштити.
Еве ти пример за таков обид од инвестиција: решен да инвестира во мала фабрика за производство на прехрамбени производи каде во општина од 20к(според последен попис) ќе има почетно 50 вработени. Му се праќа список кои лица да ги вработи од партијата на власт, локални шерифи му исто бараат вработување на свои лица, општината и градоначалникот помагаат во тој притисок и неможе да старта со работа поради тоа што му ја кочат документацијата. Го фати инат и траеше неколку месеци каде се подготвено ама неможе да почне и потоа си дојде на свое место и најверојатно мораше да вработи партиски ботови.
Толку е катастрофа во малите места што ако не фатиш врски нема да добиеш преглед, со години ќе ти се влечат документи по општина(моите родители веќе 9 година ги влечат затоа што не сакаат мито да дадат) од страна на партиски ботови. Без разлика која партија на власт ова се случува.
Мислам дека е доцна за оправање, 30 години инсталирање на покварени вредности и поставување на скапали темели си го прават своето.
Па одозгоре на една тема една административка кука како администрацијата била заборавена и за жалење. Абе тие корумпирани гомна на државна цицка ми доаѓа преку шалтер да ги извадам и тепам, во која држава го има тоа да зимаш денови од одмор за да извадиш документ кој се вади за 5 минути.
Еве ти линк што прави администрацијата:
https://kurir.mk/makedonija/hronika/drama-vo-opshtina-karposh-edno-lice-povredeno-motivot-e-ljuboven-triagolnik/
Си одат на работа за кафе пиење, швалерисување, турски серии гледање.
Еве како би ги решил овие работи, пошто овде народ веќе дигна раце и има тотален егзодус. Мислам дека треба да се направи сериозно истражување како успева оваа држава каква таква да тера 30 години.
Град Скопје последните 2 пати што бев завршив работа за 3-4 минути. Во родниот град ќе ми требаше минимум 2 часа.