Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ако сака некој добра геодетска компанија за премер на внатрешна површина на станови и други катастарски услуги топла препорака за ГеоЛинк инженеринг од Ѓорче. Дечките се професионалци.
Ако некој е заинтересиран ќе му остаам бројче у инбокс
 
Мислење за Авангард Градба, ве молам итно ми е.
 
Како ли ќе биде у Скопје со растот на цените... плус и инфлацијата ради кризава си го праи своето
 
Цените се покачени и допрва ќе скокаат. Карпош веќе во близина на Катастар за една недела ги продадоа сите станови по 1500еур/м2. Поскапени се материјалите. Железото е последнива година неколкукратно поскапено. Доволно е да видиш светски берзи.
 
Ова за капитол инжинеринг што ја градат зградата спрема катастар? 1 500 еур/м2 е голема сума за наш стандард, но све поскапи така и становите ќе поскапат. Инаку од тоа што гледав капитол инжинеринг имаат доста добри зграда плус секоја чест и за архитектот, зградите убаво и изгледаат.
 
Стан кој реално чини 40000 евра (50 м2) тие го продаваат за 75000 евра, чисто профитерство, подобро да се забрани приватни инвеститори и нека државата да гради станови и нека продава барем по реална цена ќе бидат како некогаш, а не вака шака луѓе (т.н. инвеститори) ја диктираат цената на становите, буквално преку ноќ милионери станаа, па барем квалитетни да им беа градбите, и таму кратат ама државата е крива им дозволува...
 
Ех сеа да воведеме комунизам дај не зезај. Цените се тие, никој не те принудува да купиш. На крај краева изгради си сам куќа.
 
Станете сите инвеститори чим е така лесно и преку ноќ биднете милионери.
Од млатење празна слама на форум никој уште милионер не биднал :)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Можам да разберам некој да се жали за цена на неопходен трошок, на вода, струја, гориво, јавни давачки, јавен превоз или здравствени услуги. Ама да кукаш дека високи биле цените за станови и автомобили или најновиот iPhone (или било што друго чија цена е најчесто диктирана од побарувачката) никако не можам да разберам.

Станови и куќи (исто како и коли и телефони, иако овие се поевтини) има по секоја цена и секој си купува колку му се можностите, иако и цените и можностите можат да се променат од ден на ден.

Било профитерство? Па, нормално, приватниците работат за профит, а пазарот е отворен и секој може да учествува. Од друга страна, ако не ти се допаѓа прилично е едноставно - не го купувај или побарај друг. Ако останатите го следат твојот пример и се намали побарувачката - автоматски цената ќе падне. Но, очигледно е дека уште има ОГРОМНА побарувачки на станови и не се очекува поевтинување во скоро време.
 
Стан кој реално чини 40000 евра (50 м2) тие го продаваат за 75000 евра, чисто профитерство, подобро да се забрани приватни инвеститори и нека државата да гради станови и нека продава барем по реална цена ќе бидат како некогаш, а не вака шака луѓе (т.н. инвеститори) ја диктираат цената на становите, буквално преку ноќ милионери станаа, па барем квалитетни да им беа градбите, и таму кратат ама државата е крива им дозволува...
Не е поентата да донесеме комунизам, туку треба да се следи примерот на земји од типот на Ирска кои вложуваат милијарди само и само народот да не го однесат во главниот и поголемите градови.
Зошто да се отвораат сите бизниси во Скопје?
Зошто да се градат сите трговски центри во Скопје?
Зошто главен фокус на инфраструктурата само за Скопје?
Цените сами ќе паднат ако нема интерес од луѓето.
 
Сосема си во право, ама на сите твои прашања одамна е одговорено. Скопје, па Скопје. Сега веќе е доцна
 
Не е поентата да донесеме комунизам, туку треба да се следи примерот на земји од типот на Ирска кои вложуваат милијарди само и само народот да не го однесат во главниот и поголемите градови.
Cool story, not applicable in MK.
Зошто да се отвораат сите бизниси во Скопје?
Зошто да се градат сите трговски центри во Скопје?
Зошто главен фокус на инфраструктурата само за Скопје?
Затоа што тука се луѓето, а со тоа и парите.

Цените сами ќе паднат ако нема интерес од луѓето.
А за да нема интерес за нешто, треба да има интерес за нешто друго, подобро и поприфатливо. Во моментов нема такво нешто, затоа и интересот за Скопје и становите во Скопје е голем.
 
Затоа што тука се луѓето, а со тоа и парите.

А за да нема интерес за нешто, треба да има интерес за нешто друго, подобро и поприфатливо. Во моментов нема такво нешто, затоа и интересот за Скопје и становите во Скопје е голем.
Зашто се тука луѓето?
 
Зашто се тука луѓето?
Претпоставувам дека секој си има своја причина, некој поради образование, друг поради бизнис, трет затоа што неговите родители сакале така, некои затоа што во Кичево е досадно и тн. Дека државата со милијарди и милијарди инвестиции и мастер планови ќе им ги реши незадоволствата на сите и ќе ги мотивира да останат во родниот град, мало морген :)
 
Види, никој од мила воља не би го напуштил местото во кое се родил.
Ако тие од провинција што дошле да живеат во Скопје би ги имале бар приближно условите во нивните градови што би ги имале у Скопје, тешко дека би се решиле да се селат.
Мислам не дека у Скопје е идеално, загадено до немај каде ама пак барем за работа има избор.

И државата не мора на сите незадоволни да им ги решава проблемите за да останат у родните места, на дел да им ги решат доволно е :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom