Можам да разберам некој да се жали за цена на неопходен трошок, на вода, струја, гориво, јавни давачки, јавен превоз или здравствени услуги. Ама да кукаш дека високи биле цените за станови и автомобили или најновиот iPhone (или било што друго чија цена е најчесто диктирана од побарувачката) никако не можам да разберам.
Станови и куќи (исто како и коли и телефони, иако овие се поевтини) има по секоја цена и секој си купува колку му се можностите, иако и цените и можностите можат да се променат од ден на ден.
Било профитерство? Па, нормално, приватниците работат за профит, а пазарот е отворен и секој може да учествува. Од друга страна, ако не ти се допаѓа прилично е едноставно - не го купувај или побарај друг. Ако останатите го следат твојот пример и се намали побарувачката - автоматски цената ќе падне. Но, очигледно е дека уште има ОГРОМНА побарувачки на станови и не се очекува поевтинување во скоро време.