Приказната на Саутгејт со Англија е скроз иста со приказната на Солскјер во Јунајтед (бар досега) - успеа да изгради убава атмосфера, да внесе некоја позитивна енергија во тимот, но и едниот и другиот се недоволно тактички и фудбалски спремни да го направат оној последен и најбитен чекор.
Пред да почне првенството пишав неколку пати дека Англија има добра, но сеуште недоволно искусна екипа и дека прајмот на овој тим го очекувам некаде на СП 2022 и ЕП 2024. Во секој случај сметав дека имаат некаква шанса за титула, пред се поради фактот дека на ова ЕП немаше екипа што двои, односно тим што беше класа над другите, како Франција пред 3 години, Германија во 2014, Шпанија пред тоа, итн..
Сепак, првенството се движеше по некоја перфектна траекторија за нив, од ждреб, преку играње на 6 од 7те утакмици на домашен терен, до преполн Вембли со нивни фанови за 1/2 финалето и финалето. Но на крај, неискуството на играчите, а богами и на тренерот пак беше одлучувачко во клучните моменти.
Реално, Англија мораше да игра поубав и поатрактивен фудбал на ова ЕП, посебно со оглед на ростерот со кој располагаше Саутгејт. Групната фаза како да не ја ни играа, со Германија не покажаа ништо посебно и имаа среќа кога најмногу им требаше. Украина реално беше преслаб противник, плус им дадоа рано гол и во двете полувремиња со што и го решија мечот, а Данска ја тепаа буквално на мускули.
А Саутгејт од утакмица во утакмица, вклучувајќи го и финалево ги правеше истите глупости. Иста, дефанзивна тактика, која спомнав и претходно во текот на првенството, целосно го извади Кејн од колосек. Правеше доцни измени на сите утакмици, посебно во полу-финалето и финалето, скоро и да не отстапуваше од неговата замисла и многу ретко ја прилагодуваше играта на самата утакмица.
@jamey jasta, како што ти одговори видук, Кејн цело првенство беше дух и искрено сметам дека тоа е една од најголемите грешки на Саутгејт. Стерлинг може даде голови и изнуди пенал со Данска, но изгуби безброј топки и човекот освен брзина нема апсолутно ништо друго фудбалско во него. Само не знам како тактичките замисли на селекторот на Англија ги прават Премиер Лигата и Кејн слаби и преценети. (за Стерлинг се сложувам) Место да изгради партнерство меѓу Грилиш и Кејн, и да го искористи целосниот потенцијал на еден од најдбрите напаѓачи на светот, тој се реши да прави игра за Стерлинг, а Грилиш, кој можеше да го направи ѕвезда на ова ЕП да му го помине 80% од првенството на клупа.
И не дека целосно пофрли со тоа, Англија пак стигна до финале, што генерално е успех за едно вакво натпреварување, но добрите тренери осеќаат ситуација и имаат план Б, Ц, Д за битни утакмици. Петти пенал за Сака, па и пенал за Рашфорд, кој ја заврши сезонава во лоша форма во Јунајтед, а и изигра се на се 15 минути на ова ЕП му беа исто катастрофални одлуки, кои го коштаа и титула на крај.
Генерално гледано, финалево беше слабо, без некаков јак фудбал и интензитет. Италија можеби имаше топка, но не направи ништо посебно и конкретно во најголем дел од мечот. Сметам дека Англичаните требаше да ги притиснат веднаш после погодокот и да пробат да дојдат до некое побезбедно водство, но тие го направија сосема спротивното и нормално, им се одби од глава.
Кога ќе се земе цело ЕУРО во предвид, Италија најмногу заслужи да ја освои титулата. Ја издоминираа групната фаза, а во нокаут фазата покажаа неверојатен дух и најголема желба за победа. Пеналите вечерва можеа да одат во било која насока, но на крај уште еднаш се покажа дека фудбалот сепак е тимски спорт и дека победува тој што знае најдобро да го склопи коцките.