ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?

  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Meh, уживаат и се забавуваат со буљење во екран? Ќе пробам и јас некогаш, сигурно е прејак филинг да видиш два гола за 120 минути игра :)
Kaza ti i otide da go pomines slobodnoto vreme raspravajki se na tvoite sto temi protiv dekadencija, lgbt, prostitucija i droga.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Сега ја читам темава наназад и гледам дека Италија им одржала лекција по фудбал на енглезите, а искрено јас не памтам да креираа една шанса цела утакмица, ниту пак да имаа некоја изработена акција. Шпанија беше далеку поконретна на пример во 1/2 финалето, па тука имаше коментари дека фудбалот не се игра на посед.

Голот на Англија бил на жими мајка, како тој на Бонучи да не беше после корнер и 3 карамболи во 16ник. Си ја вртите како ви одговара, секоја чест. :D
Не е ради доминација или нешто слично, тоа ти е масовна психологија на овдешна раја lelel gi iskinaa brad hehe а тоа разликата била еден едини пенал во ужасен пенал-рулет (5 промашени од 10, дно). Лекција би била 3-0 да ги прегазеа насред Лондон нешто така, ама ете разлика во перцепции :)
На пенали лекција бе :pos:
Автоматски споено мислење:

Kaza ti i otide da go pomines slobodnoto vreme raspravajki se na tvoite sto temi p rotiv dekadencija, lgbt, prostitucija i droga.
А од каде знаеш на кои теми постирам? :eek: Секој со своето, ме интересираат екстреми на човечко однесување како педерство и слични екстремизми е сеа за разлика од ИРЛ на вирутелна платформа полесно се наоѓаат соговорници за такви теми, 10-15 минути рандом на ден, понекогаш ништо неколку дена па коа имам време што да не.
Настрана што лично учествуваш во муабетот а пред ТВ си само гледач :)
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.199
Поени од реакции
7.985
Тоа не го менува фактот дека Шпанија пред некој ден имаше повеќе шанси од Италија денеска, па не видов никој да пише дека шпанците им одржале лекција по фудбал на италијаните.
Шпанија имаше 4 удари во гол после 120 минути. Италија имаше 5 во 90, после тоа не пратев. Значи Италија против Англија одигра подиректно отколку Шпанија против Италија. Поседот на Шпанците беше кружење со топката и набивање на посед, додека Италија со Англија играше директен фудбал и буквално ги омаловажи пред нивните гледачи иако според трансфер пазарот имаат далеку понеатрактивни играчи.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.743
Шпанија имаше 4 удари во гол после 120 минути. Италија имаше 5 во 90, после тоа не пратев. Значи Италија против Англија одигра подиректно отколку Шпанија против Италија. Поседот на Шпанците беше кружење со топката и набивање на посед, додека Италија со Англија играше директен фудбал и буквално ги омаловажи пред нивните гледачи иако според трансфер пазарот имаат далеку понеатрактивни играчи.
Ti koj znae koja utakmica ja gledase.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Приказната на Саутгејт со Англија е скроз иста со приказната на Солскјер во Јунајтед (бар досега) - успеа да изгради убава атмосфера, да внесе некоја позитивна енергија во тимот, но и едниот и другиот се недоволно тактички и фудбалски спремни да го направат оној последен и најбитен чекор.

Пред да почне првенството пишав неколку пати дека Англија има добра, но сеуште недоволно искусна екипа и дека прајмот на овој тим го очекувам некаде на СП 2022 и ЕП 2024. Во секој случај сметав дека имаат некаква шанса за титула, пред се поради фактот дека на ова ЕП немаше екипа што двои, односно тим што беше класа над другите, како Франција пред 3 години, Германија во 2014, Шпанија пред тоа, итн..

Сепак, првенството се движеше по некоја перфектна траекторија за нив, од ждреб, преку играње на 6 од 7те утакмици на домашен терен, до преполн Вембли со нивни фанови за 1/2 финалето и финалето. Но на крај, неискуството на играчите, а богами и на тренерот пак беше одлучувачко во клучните моменти.

Реално, Англија мораше да игра поубав и поатрактивен фудбал на ова ЕП, посебно со оглед на ростерот со кој располагаше Саутгејт. Групната фаза како да не ја ни играа, со Германија не покажаа ништо посебно и имаа среќа кога најмногу им требаше. Украина реално беше преслаб противник, плус им дадоа рано гол и во двете полувремиња со што и го решија мечот, а Данска ја тепаа буквално на мускули.

А Саутгејт од утакмица во утакмица, вклучувајќи го и финалево ги правеше истите глупости. Иста, дефанзивна тактика, која спомнав и претходно во текот на првенството, целосно го извади Кејн од колосек. Правеше доцни измени на сите утакмици, посебно во полу-финалето и финалето, скоро и да не отстапуваше од неговата замисла и многу ретко ја прилагодуваше играта на самата утакмица.

@jamey jasta, како што ти одговори видук, Кејн цело првенство беше дух и искрено сметам дека тоа е една од најголемите грешки на Саутгејт. Стерлинг може даде голови и изнуди пенал со Данска, но изгуби безброј топки и човекот освен брзина нема апсолутно ништо друго фудбалско во него. Само не знам како тактичките замисли на селекторот на Англија ги прават Премиер Лигата и Кејн слаби и преценети. (за Стерлинг се сложувам) Место да изгради партнерство меѓу Грилиш и Кејн, и да го искористи целосниот потенцијал на еден од најдбрите напаѓачи на светот, тој се реши да прави игра за Стерлинг, а Грилиш, кој можеше да го направи ѕвезда на ова ЕП да му го помине 80% од првенството на клупа.

И не дека целосно пофрли со тоа, Англија пак стигна до финале, што генерално е успех за едно вакво натпреварување, но добрите тренери осеќаат ситуација и имаат план Б, Ц, Д за битни утакмици. Петти пенал за Сака, па и пенал за Рашфорд, кој ја заврши сезонава во лоша форма во Јунајтед, а и изигра се на се 15 минути на ова ЕП му беа исто катастрофални одлуки, кои го коштаа и титула на крај.

Генерално гледано, финалево беше слабо, без некаков јак фудбал и интензитет. Италија можеби имаше топка, но не направи ништо посебно и конкретно во најголем дел од мечот. Сметам дека Англичаните требаше да ги притиснат веднаш после погодокот и да пробат да дојдат до некое побезбедно водство, но тие го направија сосема спротивното и нормално, им се одби од глава.

Кога ќе се земе цело ЕУРО во предвид, Италија најмногу заслужи да ја освои титулата. Ја издоминираа групната фаза, а во нокаут фазата покажаа неверојатен дух и најголема желба за победа. Пеналите вечерва можеа да одат во било која насока, но на крај уште еднаш се покажа дека фудбалот сепак е тимски спорт и дека победува тој што знае најдобро да го склопи коцките.
Солскјер за овој идиот е Фергусон, Клоп и Пеп во едно.
Всушност пола менаџери од премиерлигашите се доктори по фудбал за Саутгејт, вклучувајќи го и Биг Сем. :icon_lol:
Има да извади две скоро идентично јаки постави на терен, и ти на СП испаѓаш од Хрватска на пенали, сега од Италија.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Не знам каков бил планот на Саутгејт, очигледно ги внесе Рашфорд и Санчо за да шутираат пенали, мислејќи дека Италија нема направено никаква анализа врз нив, демек на неочекувано, и мислеше дека на фактор изненадување ќе може да победи...Но му се деси еден тежок бумеранг.

Има едно големо ако овде... Стварно не ми е јасно како може Грилиш и Стерлинг пред се, да седат и да гледаат како 20 годишни деца ги бираат пенали да шутираат. Дали беа прашани, дали беа консултирани, дали одбиле, не знам. Доколку да, треба нив медиумски да ги линчуваат.

Ми мириса дека се испичкале и си ја ставиле личната, клубска кариера пред репрезентативната. Но, ова е претпоставка, останува да видиме во следниов период Саутгејт или играчите да си кажат каков бил планот и што било договорено. Ако се испостави дека двајцава играчи одбиле, тогаш тоа е многу многу лошо...

Пошо реално, може да остави трага ваков пораз, особено врз млади играчи. Искусни играчи при вакви ситуации драстично паѓаат (пример играчите на Милан кои 2005та самите кажуваат дека биле во тешка депресија и неколку месеци после поразот, иако тоа беше многу по-хардкор губење).

Хендерсон го извади... многу чудно.

Ако се испичкале двајцава, тогаш тоа е многу многу контроверзно и отвара простор за голема дебата.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.563

Јас видов момент кога ги снимаа од горе со дронот пред пеналите како Саутгејт му кажа нешто на Грилиш и овој само кимна со главата у смисла "океј, како ќе кажеш". Мислам дека проблемот е што Стерлинг е малце несигурен пеналџија (но и Рашфорд знае да промаши пенали, кога ќе размислам подобро), а Грилиш не е прва опција во Вила, а не сум сигурен и дали е и втора и трета.

Мада ете Рашфорд и Санчо очигледно му беа планирани за пенали штом ги внесе во 119та, а и да се испичкале Стерлинг и Грилиш, пак не ми оди моментот Сака да го шутира клучниот пенал. За Хендерсон истото го помислив јас, јес да имаше еден подпросечен меч откако влезе, ама мислам дека со оглед на годините и искуството ќе беше далеку посигурен од било кој од триово што промаши. Веќе не е ни битно во секој случај.

@Bianconero vero мечевите беа многу слични, со тоа што Италија имаше сменета улога денеска. Англија влезе во мечот со цел да игра дефанзивно, со оглед на старниот состав, а се повлече уште повеќе после водството. Тоа им го префри моментумот на италијаните, но не значи дека они изиграле на некое врвно ниво и одржале лекции по фудбал денеска. Против Белгија на пример беа далеку подобри. Како што кажа @callejón de la muerte лекција е кога ќе убиеш некого со 3-4 разлика, не победа на пенали.
 
Член од
26 јануари 2020
Мислења
699
Поени од реакции
915
На сето она занесување со таа англиската парола смешна, се испосраа на домашен терен, нема и баш некое солидно оправдување.

Нека им кисни до наредно европско. :D
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Јас видов момент кога ги снимаа од горе со дронот пред пеналите како Саутгејт му кажа нешто на Грилиш и овој само кимна со главата у смисла "океј, како ќе кажеш". Мислам дека проблемот е што Стерлинг е малце несигурен пеналџија (но и Рашфорд знае да промаши пенали, кога ќе размислам подобро), а Грилиш не е прва опција во Вила, а не сум сигурен и дали е и втора и трета.

Мада ете Рашфорд и Санчо очигледно му беа планирани за пенали штом ги внесе во 119та, а и да се испичкале Стерлинг и Грилиш, пак не ми оди моментот Сака да го шутира клучниот пенал. За Хендерсон истото го помислив јас, јес да имаше еден подпросечен меч откако влезе, ама мислам дека со оглед на годините и искуството ќе беше далеку посигурен од било кој од триово што промаши. Веќе не е ни битно во секој случај.
На страна форсови и заебанции, Грилиш беше милион пати подобра опција за шутирање на пенал од Сака. Рашфорд со повредата што ја влече и формата со која ја заврши сезоната исто не требаше да се форсира, башка е тоа што не играше првенствово. Санчо е греота да го оставаш на клупа да ти дреме и да има вкупно 90 минути изиграни.
Стерлинг, Трипие, Вокер, Хендерсон па и ДКЛ и Чилвел ти се у тим ти го ставаш Сака како последен изведувач... Дур не го видов Кејн се си мислев дека он ќе остане како 5та опција. Коа помина Кејн Грилиш и Стерлинг ми беа главни фаворити за таа 5та опција. Стварно не сфаќам зашто ни Грилиш ни Стерлинг не добија шанса да шутнат еден пенал од првиве 5. Не знам што очекуваше Саутгејт стварно.

Тактиката на цело првенство, а особено на финалето му беше катастрофа. Да не дадеа гол во втора минута мислам дека и за 90 минути Италија ќе ја решеше утакмицата. Грилиш и Санчо ти дремат на клупа, ДКЛ не ти добива шанса иако очигледно беше дека Кејн не е уопште у форма првенствово. И најбитното, со 9 офанзивци повикани игра бункер. Епа браво.

Според мене очекуван исход.

Добро и реално што може да се очекува од тренер што беше избркан од Мидлзборо пред да го приберат во репрезентација. btw Мидлзборо му е едини клуб кај што би менаџер пред Англиска Репрезентација.

Мислам дека самиот хајп којшто беше дискутиран и во темата за трансфери ги уништи првенствово. Се преценија и на крај го платија цехот. На сред Вембли Италија ти ја зима титулата при водство од 1:0 од втора минута. Мислам дека прв пат гледам како тренер зима да чува резултат уште од 3та минута. :D
 
Гледав сега интервју и кажа дека листата била според тоа кој како шутирал на тренинг. Грилиш многу веројатно е слаб пеналџија, затоа и ваквата одлука. Пак ќе кажам, во Вила не е ни втор избор, а не сум сигурен ни за трет.

За Саутгејт во главно се сложувам. Нема никакво искуство за да знае најдобро да се справи со утакмица од ваков размер. Мислев научил нешто од поразот со Хрватска, каде исто имаа рано водство и им ја препушти играта и моментумот на хрватите правејќи си самоубиство.

Од друга страна Манчини има неколку титули во кариерата и се осети искуството негово денес. Италијаните убаво го менаџираа мечот, Англија некаде до средина на првото продолжение неможеше да фати никаков ритам ради тоталната дефанзива од претходно, иако направија офанзивна промена веднаш после голот.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
Ako natprevarot megu Anglija i Danska se resavase na penali mislam deka Schmeichel lagano ke gi procitase na penaldziite od Anglija so ogled na toa deka gi poznava predobro od anglisko prvenstvo. :)
Ova e uspesno prvenstvo za Anglija, sepak finale si e finale.
Nov trener od tipot na Mancini so takvo iskustvo i trenerska pozadina moze da gi vrati povtorno vo bitka za tronot vo Katar. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom