Не се работи за ненормални ликови, туку едноставно е:
12 години со градот раководеше ВМРО, така да таму одеа тендери, вработувања, поголеми финансии... буквално се' (иако во партијата имаше еден куп комуњарски структури - такво е поднебјето и градот).
Сега е на власт СДСМ, сите локални претпријатија вработуваат, за државни да не правиме муабет, плус сите во партијата се со еден став:
И мене не ми се свиѓаат Наташа и Заев / Ковачевски АМА тера бизнисот.
Така да воопшто не е ниту чудно, ниту за неверување.
Лавчето ќе се кандидира во партија исто, нема да ме чуди да биди нивни кандидат за градоначалник бидејќи Трајанка никој не сака да ја навиди, а тој има поприлично добро лоби т.е. ги држи месните заедници на терен.
Минатиот пат тој им одработи во БТ победа на парламентарни, а Бисера (онаа со скафандери што ја влечкаа да гласа во собрание и дополнително што се бламираше по социјални мрежи) го завзеде неговото место во парламентот.
Но, зад Бисера (која и сама е универзитетски професор) стојат како лоби универзитетски професори и останати паразити, Лавчето мора преку работа на терен да се докажи.
На крај не излегуваат секогаш математиките во оваа држава за оној кој сработил туку за оној кој си ја наредил работата.
Наташа (Трајанка де) и Бисера припаѓаат на исто роднинско-факултетско-учителско лоби во партијата, Лавчето е контратежа на тоа. Дали во меѓувреме успеал да се позиционира подобро во структурите во Ск или како противкандидат на Трајанка после избори ќе го јади стапот (таа ќе го разреши) видеќемо.
Градот е оставен на ЛДП да си игра таквото со него и затоа е тука каде што е, Трајанка воопшто никој за ништо не ја прашал 4 години - едноставно толку и бил капацитетот.
Небо земја е разликата со Лавчето, ако биде тој градоначалник убеден сум дека ќе мрдни нешто од точка 0. Сепак, еден куп прилив има на пари како голема општина и може да се искористат за нешто паметно.
Секако, во меѓувреме кој е нормален во глата ќе си бара чарето надвор од мкд (особено од Битола). Како и Скопје/Тетово ЧЕРНОБИЛ се станати во однос на загадување и не знам кој би сакал да живее на такви места освен ако не мора.