Да си скептичен у ситуацијава е сасвим природна и рационална работа.
Кога ти се ускратуваат личните слободи, кога ти се одзема правото на движење логично е да бидеш скептичен за се.
Да видиме - никој не вели од нас дека вирусот постои, да, постои, но сепак според мое искуство не е воопшто толку лесно пренослив колку што се пропагираше на ТВ.
Да беше толку пренослив колку што се зборуваше и пропагираше, до сега цели градови ќе беа истребени и ќе личеа нешто слично на Чернобил. Па сигурен сум дека мнозинството форумаши тука имале или ситуација или знаат за ситуации каде што лица биле у контакт со заболени и тоа подолг временски период, а сепак излегуваат негативни на тестови.
Она што го приметувам на форумов е тоа што има одредени типци кои што се имаат вакцинирано па сега нонстоп пропагираат дека сите сме морале да се вакцинираме, затоа што они се вакцинирале (lol). Ако си у ризична група, а и да не си, ако сакаш да се вакцинираш - вакцинирај се, нема потреба од покажување прст спрема невакцинираните.
Јас лично имав можност да се вакцинирам, но одбив, не видов потреба за вакцинација. Ниту сум у ризична група, ниту ја гледам поентата у вакцинирање кога пак ќе морам да носам маска, пак ќе морам да ги почитувам сите мерки и пак можам да се заразам. Која е поентата на вакцинирање, поготово сега на едноцифрен број на случаеви?
У врска со тоа како тече вакцинацијата, според мене тече како што беше и предвидено - едвај.
Не можеш да немаш вакцини мнозинството од времето додека трае пандемијата, народот у меѓувреме тогаш да биде труен од милион страни со разни про-вакцинација и анти-вакцинација пропаганди и да очекуваш да имаш голема бројка на вакцинирани.