Ајде сите кајганџии на пребројс-вакцинирани и невакцинирани

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување

Дали си вакциниран или не!


  • Вкупно гласачи
    215
Мајче, носи нешто да те познаам, да бегам подалеку.
Исто и ти треба некое обележје да носиш пошто статистички претставуваш поголема опаност од точка 1 и 2. Треба да носиш и обележје со која вакцина си вакциниран за да се знае колкава опасност претставуваш за точка 1 и 2. Плус обележје дека си фаќал врски да се вакцинираш пред постари лица за да знаат и што карактер си.
 
Битно е како ќе живееш, како си го проживеал денов, како ќе го проживееш утрешниот ако го дочекаме, не е битно колку ќе се живее. Никој не е безсмртен, што не пробаа, сменуваат по 12 срца и пак умираат. Што корист ако си живеел и 100 години ако си го поминал као глушец, си стоел настрана од се, си живеел во страв, попрво би одбрал да умрам на мои 21 него да живеам таков живот до 101.

Баш пред некое време, коа почна вакцинацијата, гледам еден дедо во Хрватска на 80 години се вакцинира и прашува дали без втората доза ќе може да ги види внучињата, целиот расплакан и потресен, се гледаше дека му е жал, а имаше некои 75+. На тие години буквално не знаеш дали ќе се разбудиш утре а ти да чекаш некоја ревакцина за да ги видиш внуците за да не се заразиш на проживеани 75 години, па пред само толку години деца од 15 години гинеле за слобода по балканските планини, цели семејства живот оставале за некоја поголема цел, за денеска стари луѓе од 70 години да се плашат. Ок е да се има страв ама смртта е неизбежна секако, зошто последните години би ги минел во страв. Мое размислување е ова, тато на 51 едвај се извлече од болница, после месец дена и уште 2 месеца оправување по дома и пак не се вакцинираше, која е поентата која и со вакцина можеш пак да се заразиш.

Претерано се преценува животот, не сме безмртни ниту пак некоја вакцина или медицина ќе не спаси од умирање

Не мислев во таква смисла дека треба да се живее без страв. Бидејќи не секоја личност има ист карактер, едноставно луѓето се разликуваат. Познавам луѓе кои цело време се на доктори и прават испитувања и земаат терапии и пак на крајот помалку живеат од оние кои никогаш не отишле на доктор. Кај некои од тие кои постојано одат на доктор, психолошки делува на нив тоа и дури и да не им е ништо тие сами на себе си штетат и се сомневаат дека имаат здравствени проблеми. Инаку ја почитувам туѓата одлука без разлика дали некој сака или не сака да се вакцинира. Секој си знае за себе што е најдобар избор. Патем гените се чудна работа и сметам дека здравјето на човекот највеќе зависи од тоа. Не постои инструмент со кој би се регулирале или поправиле генетските недостатоци.
 
Многу си ми уплашен од коронава, почни да ставаш памперс да не те изненади :D
Брат, досеткиве ти се трето одделение. Сигурно тој другарот на другар ти што му е другар ти ги кажува.
 
Патем гените се чудна работа и сметам дека здравјето на човекот највеќе зависи од тоа. Не постои инструмент со кој би се регулирале или поправиле генетските недостатоци.
CRISPR
 
Брат, досеткиве ти се трето одделение. Сигурно тој другарот на другар ти што му е другар ти ги кажува.
Јбг, ние со IQ под 115 мора да препишеме од некаде.

Кажи ми ти дали си го стави најголемото достигнување (вакцинација преку ред) во CV?
 
Мене вдуп ми ја бапнаја, а вас ?

П.С. Ги осеќав јајцата како надрогирани отпосле како симптом после примање на вакцината
 
Јас од што немав време, планирав да се вакцинирам деновиве, но сега од инат не се вакцинирам.
 
Значи дека уште имало невакцинирани членови на форумов...добро е, не сме само јас, Бјонс, Дамби....:)
Мене ми вршеа притисок, малку здивев и сега е мирно. :D

Од работа не ме тераат, така на професионален план нема да имам никакви проблеми и предизвици, што е супер.

Погрешна е перцепцијата дека сум антиваксер, едноставно само не гледам лична потреба од оваа вакцина.
 
Мене ми вршеа притисок, малку здивев и сега е мирно. :D

Од работа не ме тераат, така на професионален план нема да имам никакви проблеми и предизвици, што е супер.

Погрешна е перцепцијата дека сум антиваксер, едноставно само не гледам лична потреба од оваа вакцина.
Ниту јас сум антиваксерка:P...ама од овој чукнатиот Филипчиште, кој воведе мерка на прележаните од ковид да се вакцинираат после 45 дена, е богме ми се одмили се живо и диво.
Прво беше со став дека ние прележаните не треба да се вакцинираме, потоа рекоа и пререкоа за после 6-9 месеци, па се предомисли ја на само два месеци од прележување, па сега ти вели доволна е само една доза....Абе јшто мисли дека улави сме ние:mad:
 
нема потреба и да се вакцинирате, и така народот што треба после меркиве ќе се вакцинира. Кој ве врти вас, ќе живите у пештера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom