И што сакаш да кажеш со нецитираниот пост? На мен ли са обраќаш?
И што сакаш да кажеш со болдираново? Сакаш да кажеш дека сакаш емпириски да си го докажеш ова тврдење? Не се плаши тогаш, пиши си ја личната адреса овде.
Чудно е како вие врвните форумџии овде ја решивте вечната дебата за детерминизам и слободна волја. Тоа што Бог е омнисциентен и омнипотентен не значи дека ние немаме своја волја која можеме да ја извршуваме со повеќе или помалку слобода. Ние не сме семоќни, затоа сметам дека немаме апсолутно слободна волја. Имаме своја волја и слобода на волја, но многу често едно сакаме друго правиме а мислиме дека трето треба да правиме
Сложени суштества.
Бог не предвидува, не е Он некој си гледач од Велес, Тој едноставно знае што правиме ние во иднината. Тој е веќе таму како што е и сега. Тоа што е семоќен, не значи дека ја користи Неговата волја до максимум, не значи дека ја пушта на најјако, туку остава простор и за нашата. Нешто како УССР/УСА vs Афганистан. Воздржана нуклеарна суперсила vs провоцирачко планинско племе. Фантастична аналогија
Неговата волја е и ние да имаме своја чиста волја и да сме слободни, но не и да ја корумпираме нашата волја, да ја користиме за зло и да се мешаме и корумпираме чистата волја на нашите браќа и сестри. Волјата на Семоќниот ќе биде исполнета, со или против нашата волја.
И не, не верувам во тие богови создадени во човечкиот лик. Верувам само во боговите создадени во Божјиот лик, во Исус Христос и во Христосот во мене и во другите.
И да, романтизмот е секогаш ок
Ок би намалил со етикетите и категоризациите, не постојат според мене педофили, пиромани и клепотомани, туку само луѓе со психолошки и духовни нарушувања кои се резултат од корумпирањето на нивната чиста волја од веќе корумпирани грешници околу нив, најчесто во детството. Со тоа што ти и „експертите“ денес им лепат етикети и новосмислени сложени зборови само повеќе им го засилува тој идентитет, тој неавтентичен корумпиран демонски дел во нив. Апсурдот е само во твојата субјективна логика базирана на предрасуди од ограничената човечка наука на уште поограничените човечки умови на „психолошките експерти“. Do some checks mate.
Прашај чедо, прашај...
Свесен сум.
Прилично мала, но ја имаат. Сепак некаде пишува дека гревовите на родителите се пренесуваат и до четвртото поколение, така да...
Да создадеме социопат, по нашио лик, рече госпот бок, и зеде една шака од тоа судбоносната социопатска кал...
Тој што го научил да краде и лаже, тој што верува дека циганчето е осудено цел живот да краде и лаже, и самото циганче кое продолжува да верува дека е циганче осудено да краде и лаже...
Не сум сигурен кои се тие морали и етики кај „Албанецот“, има многу различни албанци во светот со различни морали и етики, еден дел типични за Балканот, национал-шовинистички, друг дел SJW вечни жртви, тред дел слични со оние во Библијата, дури послични и од некои рисјански...
Бог ќе им суди со совршена правда, ние можеме само да не избрзуваме со предрасудите и да се приближуваме до таква правда, колку што можеме, бидејќи и ние ќе бидеме судени, според Божјата правда...
Не го сведувам на црно и бело, поскоро на темно и светло. Таму каде што не продира светлина, се е „црно“. Таму каде што продира светлина, која е спектар од „бои“, таму се е на виделина, има нијанси, рефлексии, знаење, енергија, топлина, живот... Затоа Христос вели дека е Светлината на светот, а не монохромот на светот.
Едно време ве мислев дека вие атеистите сте хардкор либертаријанци и борци за слобода, а они види ги, SJW детерминисти до коска. I am very razocharan, maximalno krayno razocharan...
И не се идентификувам како христијанин, не знам што значи тоа, еве етикетата не се лепи, нејќе, падна, ја изгубив...