Слободната воља и религиите!

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Очигледно ти си тој што има проблем со рассудување овде... Како може да не се пресудни особините а да е пресудна слободната волја?! Ти поставив конкретни прашања - Зошто ти не си педофил? Клептоман? Пироман? Немаш слободна волја? Или не се нивните особини тоа што ги прави педофили, клептомани, пиромани итн, итн, туку слободната волја?
Како може да се брукате и со сила глупи да се правите, стварно не ве разбирам...
Знаев дека не си Телемит по слободна волја, ами по сила на особина... :notworthy:
Автоматски споено мислење:

Месијанската црква (христијанската) нема знаење, барем не во смисла наследено знаење... со благослов. Тоа и ти го знаеш, но верувањето ти е едно, а историјата се повикуваш само кога ти одговара, другото го бркаме во илегала, да биде нелегално, сатанизирано... стандард процедура. Но гностицизмот далеку од очите на христијанската црква која стана држава, наместо да стане планета, се одржа одлично во тајна...
На тоа се накалеми од страна на христијанските мислители идеи дека штом се тајни, кријат нешто - значи зло! :)

Да имаше било какво реално наследено знаење, ќе имаше врска со божественото и после 666 години, ќе го обединеа светот во едно! Затоа и имаме распад и раѓање на куп секти кои денес, вкупниот импулс им е нула... што нели, е ок :)
Имате историја, реков бидејќи светот мораше да се описмени за да не се врати назад и се да оди од почеток.

И Телема, што значи волја нуди искуство, љубов, живот, светлина и слобода, по своја волја, - да дејствуваш и секогаш Agape, секогаш на клунот стои Тахути, а на крмата Ра-Хоор :) Само така нема да запаѓа човек во проблеми и да мисли дека неговото дејствување од прва и како намислил е „божествената волја“.
Не велиме ние на никој дека тоа што е е погрешно... секој има свој пат и тој мора да се изоди со сите искушенија...

Самофален дух? Ова како светите отци и нивните „пофални“ зборови за гностиците од кои не успеаа да земат ништо и им се лути до гроб?
Како „Contra Celsus", човекот кој што дава опис на новата секта која се погрешно работи и нерационално во однос на божественото и човештвото?
Ова за твоите предци зборуваш, во кои се крстиш дека добро ти објасниле за духот на човекот? Ако напаѓаш другиот бидејќи има тајни за тебе, не треба да пишуваш измислици и да ги клеветиш лажно за да твоето биде подобро! Треба да се запраша зошто постојат тајните и учењата и што бараат истите: догма или надминување!

НЕ знам кој се чука во гради како ти си врвот на духовното, ти си вистината, Исус и ништо друго, христијанство или казна!
Сите се зло и сатанизам, само вие не сте...
Ох усто самофална - држи ми крстот, имам луѓе за распнување, е ваков ми е твојто муабет тука. И кога тоа некој го применува за да видите како е и што сте правеле наназад низ годините, се крева врева - се зборувало против христијанството, таа голема вистина која ете некој не разбира бидејќи е злобен :)

Имаш слободна волја - но Христос и неговата невеста, бидјеќи „тој е патот и никој друг“, тешко дека ја имаш во пракса, освен ако не го убедиш вернико и себе си дека тоа што го правиш така отците и Христос сака и е правилно... нели?

Ти навистина не разбираш што зборувам?
Човекот нема потреба од спасител! Нема што да се спасува... сеуште со еврејските учења? Па не е само тоа на Земјата...
Човекот е бесмртен, лика прилика на боговите!
НЕ постои дел од човекот што не е од боговите - и за ова да го разбереш треба да пишувам книги и пак нема да ме разбереш бидејќи не може да гледаш надвор од кутијата во која си поставен, по твоја волја...

Човекот од смртта не може да се ослободи се додека не се ослободи од раѓањето, а за тоа треба соединување со божесвеното тука и сега, без верувања, туку со работа и практичност.
Не знаеш како?
Здравје, според источните философии, ќе дојдеш пак, како кокиче и можеби тоа ќе биде големата иницијација за тебе... денес си христијанин и сите се зло според тебе, изгубени, без волја итн итн...
Мораш да ја играш таа улога... можеш да бидеш нешто друго? НЕ!
Исто и другите.
Престани да ги сатанизирате туѓите учења и пракси, посебно ако се насочени кон тоа човекот да биде подобар денес!

Тоа што имате проблем и вашата религија што не нуди слободна волја, има казни, се знае кој како ќе дејствува-бидејќи Христос се знае и вчера и денес и утре, тој веќе знае дека ти пак ќе дојдеш со навреди да ми кажеш како сум што знам, луд, збунет итн итн... и нема да те казни, бидејќи твојата волја е негова, да се шири зборот на Христос.

Можеби ќе изгубите некој верник, голема работа - не сте за парите и златото и храмовите, за богот сте тука.

П.С. Благодарам за честитките... ништо посебно не е модератор, само повеќе внимавање некој да не сфати погрешно ако оди офтопик и мора да се брише или казнува, да не мисли дека ете модераторот го мрази и тоа само затоа бидејќи имаме различни философии на живеење и размислување.
Тоа е напорно искрено :)
Многу се возбудуваш, ништо лошо не ти реков, само вистината, а таа ослободува...
Уште еднаш, со среќа нека ти е:)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Огледало, видов ти се возбуди за тоа што некој е Телемит, па затоа и јас велам: за танго треба двајца, а и обратно :)

Слободна волја и старите религии - не оди. Премногу „вистина“ кажуваат за другите, за да не мора да зборуваат само за нив.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Знаев дека не си Телемит по слободна волја, ами по сила на особина... :notworthy:
Слободната волја е слобода на волјата да бира од можностите што се на располагање, особините се тие што се пресудни што од тие можности ќе биде изборот.
Пробај да бидеш сликар ако немаш дарба за сликање. Пробај да бидеш хомосексуалец ако не те привлекуваат мажи.
Жално е да се гледа како со магарешки инает одбивате очигледни факти......
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Слободната волја е слобода на волјата да бира од можностите што се на располагање, особините се тие што се пресудни што од тие можности ќе биде изборот.
Пробај да бидеш сликар ако немаш дарба за сликање. Пробај да бидеш хомосексуалец ако не те привлекуваат мажи.
Жално е да се гледа како со магарешки инает одбивате очигледни факти......
На пример имаш повеќе особини, на Телемит, пироман, хомосексуалец..., и си одбра само Телемит? Според твојата логика ќе бидеш и пироман и хомосексуалец и Телемит заедно, бидејќи особините се пресудни. Каде е тука слободната волја?

Немаш дарба за сликање, но со едукација, вежби..., можеш да постигнеш одредени резултати?
Не си хомосексуалец, но на пример за пари, егзистенција ќе бидеш бољи и од нив?
Стручна комисија на Павароти му рекла не бива од него пејач, но...?
И така до бескрај...
Можеш ли вака да ја видиш слободната волја?

Ти со пресудноста на особините ја исклучуваш одговорноста на однесувањето на човекот, убиецот може да убие, пресудна му е особината, според твојата логика тој не е виновен, одговорен?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Да не читаш што зборуваме, а не само да нафрлаш зборт „Телемит“ - ќе беше подобро.

И тука и на многу други теми зборуваме дека ништо не сте ослободува од последицата... одговорноста не може да ја прикрие ниту еден закон! Секој е виновен за своите дејствувања и никој друг не може да го носи „крстот на другиот“. Тоа е тоа... во сите учења... само што некои учења велат дека ниту еден бог нема да ти се налути ако ти си тоа што си... дека не си грешен ако општеството не е она што тебе те инспирира.

Боговите да се симнат и да сакаат да прекријат нечија одговорност - ќе бидат распнати, избркани, исмевани итн итн... човештвото е многу тешка шаховска игра :)

Затоа постои философијата на карма јога... ако ја поврзеш со бхакти јога и навистина го практикува човек сето тоа, ќе види како слободната волја никогаш не оди против никој, ниту против богови ниту против луѓе.... секој може да дејствува според својата природа, друг начин не ни постои... работата е да открие човек која е неговата природа, зошто тука, зошто ваму, како сега и што со тоа...
Слободната волја повлекува две работи: должност кон себе си и должност кон другите. Тоа бара пракса и свесност за своето постоење и универзум.

Судири имало, има и ќе има но тоа е само една повратна врска која го насочува човекот и ги поправа неговите грешки...

Кроули многупати зборува во своите дневници дека среќавал ненормално моќно магичари кои можеле сешто со својата волја: но заради крутоста и нефлексибилноста - запаѓале во огромни проблеми и не можеле да бидат ништо повеќе од обични луѓе со обични проблеми... можеби ќе помогнело практична примена на источните философии, хата, раџа јога... нешто од тоа... :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На пример имаш повеќе особини, на Телемит, пироман, хомосексуалец..., и си одбра само Телемит? Според твојата логика ќе бидеш и пироман и хомосексуалец и Телемит заедно, бидејќи особините се пресудни. Каде е тука слободната волја?

Немаш дарба за сликање, но со едукација, вежби..., можеш да постигнеш одредени резултати?
Не си хомосексуалец, но на пример за пари, егзистенција ќе бидеш бољи и од нив?
Стручна комисија на Павароти му рекла не бива од него пејач, но...?
И така до бескрај...
Можеш ли вака да ја видиш слободната волја?

Ти со пресудноста на особините ја исклучуваш одговорноста на однесувањето на човекот, убиецот може да убие, пресудна му е особината, според твојата логика тој не е виновен, одговорен?
Неверојатно е до кое дереџе може со сила глупи да се правите.... Павароти немал дарба, вежбањето и слободната волја биле причина да биде меѓу најдобрите.... Привлечноста кон сопствениот пол не била причина за хомосексуалност, парите и егзестенцијата биле :pos:
Убиецот не убивал поради особините што ги има, слободната волја е причина :lolzz: Значи ти немаш слободна волја? Не си убил никого, така?
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Мислам дека постои огромно недоразбирање за тоа што точно е слободна волја,па затоа има препукување за наједноставни работи на темава.

Слободна волја од психолошки аспект или од духовен аспект ?

Ако тргнеме од психолошки аспект,тешко дека постапките што ги прави одредена личност спаѓаат под слободна волја.
Повеќе се работи за стимулација,задоволство,бегство од досадата...

Ако тргнеме од духовен аспект...
Е тука веќе е друга приказната.
Само ретко кој знае која му е вистинската волја.
Треба работа и трагање,осознавање на самиот себе.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.147
Поени од реакции
10.151
Кроули многупати зборува во своите дневници дека среќавал ненормално моќно магичари кои можеле сешто со својата волја: но заради крутоста и нефлексибилноста - запаѓале во огромни проблеми и не можеле да бидат ништо повеќе од обични луѓе со обични проблеми...
Не разбирам овде нешто, за чија крутост и нефлексибилност станува збор?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.147
Поени од реакции
10.151
Значи поред нивната моќна слободна воља да направат сешто, они не направиле ништо!!
Па нели е тоа избор, можност да одбереш, повторно е тука вољата...вртење у круг.
Кога нема можност човек својата воља да ја избере од понудените опции, или удира со глава у ѕид или бира да биде послушен.
Тоа е слободна воља у религијата, бираш помеѓу доброто и злото.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Значи поред нивната моќна слободна воља да направат сешто, они не направиле ништо!!
Па нели е тоа избор, можност да одбереш, повторно е тука вољата...вртење у круг.
Кога нема можност човек својата воља да ја избере од понудените опции, или удира со глава у ѕид или бира да биде послушен.
Тоа е слободна воља у религијата, бираш помеѓу доброто и злото.
Не. Читај наназад можеби ќе ти биде појасно. Ако не, да за тебе ќе биде вака: да бираш помеѓу доброто и лошо.

И тука ќе се поставуваат прашања што е лошо, што е добро во однос на духовниот пат на еден човек, зошто би избрал некој да прави лошо, зошто сезнаен бог би дозволил да некој прави лошо на сметка на оној што избрал добро итн итн...
Тоа и @Ipsissimus и другите го зборуваат со години...

Дека христијански и муслимански концепт на бог не може да постои заедно со слободна волја... освен ако не се ублажува и размачкува целата работа за да се заборави дека има казни, дека сезнаен и вечен како што проповедаат светите книги на христијаните и муслиманите знае за утре и за тебе дали ти ќе прегазиш некој или не итн итн...
Ти за тебе мислиш дека бираш, а всушност некој веќе знае дека ќе згрешиш и има место за тебе... знаеш каде :)

П.С. Се заморуваш со религиите или само онака, рекреативно? Се палиш на „убаво“ зборување... колку ти е понејасно толку повеќе те пали оној што зборува? :D
Само онака, забелешка :)
 
Забелешката не ти е на место:facepalm:..Какво прашање ти е тоа дали се "палам"!??
Со твоите контрадикторности, санта лед не ми е рамна.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Забелешката не ти е на место:facepalm:..Какво прашање ти е тоа дали се "палам"!??
Со твоите контрадикторности, санта лед не ми е рамна.
Ниту твојата забелешка дека не разбираш не е на место во дискусијава па ете... ти се даде објаснување + совет да препрочиташ наназад може ќе ти биде појасно.

Ти секогаш кога нешто не ти е по ќеф, доаѓаш со тоа „не разбирам ништо“ ова нема смисла и тепаш муабети без веза...
Почни да читаш за религиите и философија, ако имаш време за да ти биде појасно, ако не - да си жива и здрава читај тука на форумов :)
Реков и во првиот пост: за тебе ќе биде слободната волја да бираш... барем бирај мудро.

П.С.
Јас само контрадикторности зборувам, што мислиш ти, мудрост некоја да не сакаш да споделам, како другите што се мудри?
Никогаш! :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
[изменето од мод. Да не одиме со окарактеризирање на членот заради неговото верување]

Да те прашам нешто:
Свесен ли си човеку дека на повеќето луѓе што живеат на планетава земја животот им е жив пекол ?
Каква шанса за добар живот имаат луѓе што се родени во нефункционални фамилии и кои станале социопати не по своја волја ?
Како ќе му докажеш ти на тој човек што е добро,а што лошо,што е праведно,а што криво ?
Кој е тука виновен ?
Социопатот или вашиот Бог кој го создал како таков,тоес однапред му ја одредил судбината ?
Кој е крив за циганчето кое е осудено целиот живот да краде и да лаже ?
Дали Албанецот е крив што се родил во таква средина со такви морали и етики ?

Како вашиот Бог ќе им суди на овие луѓе на судниот ден ?

Светот колку е различен,а вие го сведувате ептен на црно и бело.

Дајте бе Христијани,не сте ваљда до толку...
Зошто се обраќаш само до Христијаните?А од каде твојата самоуверност дека знаеш се?Има милион прашања на кои немаме одговор.Ево на пример мене ми е смешна теоријата за настанок на светот која ја форсираат научниците.Од прилика приказната е си бил еден атом некаде и експлодирал пред 13 милјарди години.Каде експлодрал,зошто експлодирал,шо ја предизвикало експлозијата,од каде знаат дека било пред 13 милјарди години?И од тогаш пази богати експлозијата непрестајно се шири и како последица имаш милјарди звезди и планети ,црни дупки темна материја и тн.Веруваш во оваа приказна?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom