UEFA EURO 2020 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Се отвори ждребот во долната половина, Англија и Германија (веројатно) ќе се сретнат уште во 1/8 финале, ама после имаат Шведска/Финска/Украина во 1/4 и Холандија како најсериозен можен противник во 1/2 финале. Победа во 1/8 финалето многу лесно може да значи и пласман во финале.
 
received_974129866691832.jpeg

Холандија и Франција лабаво во полуфинале? :D
 
Шо е форава шо ја стаиле Шведска-Украина од 21ч?
 
Некоја од Германија или Англија лабаво до финале.
Од другава страна ги имаш Белгија. Португалија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска.
 
И пак како на прошлото Европско - едната половина кланица, другата ептен лесна. Холандија има отворен автопат до полуфинале. И тие, и Англија и Германија можат да загубат од пола од репрезентациите од другата половина ама некој ќе игра финале.
 
Danska i Svedska kosat eden od niv e finalist
 
Каква курвина среќа ова Германците. Едвај се пласираа, и ултра лесна ждрепка.

Италијаните издоминираа се, и треба да минат низ Австрија во 1/8 финале, Португалија/Белгија во 1/4 финале, и евентуално некој од Франција/Шпанија/Хрватска во полуфинале.

Едит- Аа и лалињата биле од таа страна, не би ги потценил.
 
По ваквиот "тенок" пласман на германците во 1/8, очекувајте сега да се прошетаат до финале. Е таму, видеќемо, дали Франција пак ќе ги преслуша или Белгија или можда Италија...Шампионот треба да се бара од левата страна на шемата.
 
Италија и Холандија иначе имаа најлесни групи, па според мене тек треба да покажат "од што се направени". Мада Холандија има прилично лесен пат и до 1/2 финале.
 
Нема лесен пат тука, секој секого можи да победи, видовме Унгарија како ја намачи и Франција и Германија.
Не ја потценувајте Шведска, како герилци се во одбраната а и нападот не им е лош.
 
Италија и Холандија иначе имаа најлесни групи, па според мене тек треба да покажат "од што се направени". Мада Холандија има прилично лесен пат и до 1/2 финале.
Секако дека е лесен, особено ако игра против Данска. Холандија игра премногу отворен фудбал и има очаен тренер, нула од тактичар, а Данска е екипа што игра многу висок пресинг и тука може да ги прегорат, а и на контри. Не е Холандија толку јака колку што покажуваат резултатите во групата, имаа 3 мртви селекции за противници од кои едните им зачукаа 2 гола за 2 минути. И нашиве со нив до примениот гол имаа добри шанси, па дури и статива, така да ранлива е оваа Холандија и далеку е од лесен пат до полуфинале.
 
Нормално дека нема да има лесен пат и лесен противник во 1/4 финале на ЕП де.. Мислев лесен, во споредба со тоа каков би можел да биде (види ја другата половина од ждребот). Според мене, Холандија не би имала никаква шанса за 1/2 финале таму, а тука барем на хартија се фаворити, тоа сакав да кажам. :)
 
Што се секираш !? Битно се разбравте.
 
Нормално дека нема да има лесен пат и лесен противник во 1/4 финале на ЕП де.. Мислев лесен, во споредба со тоа каков би можел да биде (види ја другата половина од ждребот). Според мене, Холандија не би имала никаква шанса за 1/2 финале таму, а тука барем на хартија се фаворити, тоа сакав да кажам. :)
Па си пишал има "прилично лесен пат и до 1/2 финале". Прилично лесен е со умрени екипи, не со една Данска на пример. Ок Боро те сфатив уживај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom