ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 април 2018
Мислења
2.107
Поени од реакции
4.100
Не мора така, можеш да земеш деца од поутепаните држави во Африка како Бурунди, Централна Африканска Република, Јужен Судан кои се економски и политички понестабилни од нас. Ќе им дадеш државјанство, сместување, образование и мислам дека многу од нив би биле среќни да живеат и играат фудбал во модерна и развиена земја (во споредба со нивните секако).
Не знам од кај се најде во подфорумов ама би ти препорачал да излезиш побрзо. Клуб е бе ова или репрезентација?
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Стефан Ристовски и во Спортинг Л. имаше добри партии.
Проблемот кај него е последнава сезона во која играше само втората полусезона кај Динамо Загреб на ниво кое е 10 пати послабо од она во Португалија.
Па верувам и тука е причината за падот на формата.
Да да знам брат, мислењето не ми е формирано само на последната сезона или две. Од кога го пратам, од прв меч за репрезентацијата, максимално ми е лимитиран офанзивно, а модерен беГ мислам дека треба да знае барем нешто во напад. Примети му ги сите влезови, центаршутеви итн, и од сега и од порано, дечкото нема апсолутно ништо. Огромен борец, физички ми стои многу спремен, и то је то.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Зарем има и такви? :confused:
Не знам кој воопшто би го дебатирал тоа. Тоа беа тројца играчи што играа во стандардно во бундес и еден во Австрија, што беше капитен на Динамо претходно и беше една сезона најдобар стрелец на таа екипа. Не се споредуваат тие играчи со овие.
Па најдобра генерација, ова она... а уствари сме имале и подобра одбрана и подобар напад, единствено во средината може да се мерат. За мене најголема разлика е промената во пристапот на играта, а инаку од играчки аспект сме на исто ниво како и секогаш.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
2.732
Стефан Ристовски и во Спортинг Л. имаше добри партии.
Проблемот кај него е последнава сезона во која играше само втората полусезона кај Динамо Загреб на ниво кое е 10 пати послабо од она во Португалија.
Па верувам и тука е причината за падот на формата.
Проблемот е што не прифати трансфер во Русија и цела сезона беше на клупа или на трибина. Па тогаш отиде у Динамо.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Никој и никогаш нема да ме убеди дека оваа одбрана што ја имаме е подобра од онаа кога играа Седлоски, Новевски и Игор Митрески.
Не постои таква будала.

Таа одбрана да се додадеше на овој среден ред и напад и ќе имаш сосема респектабилна репрезентација што би праела проблеми за второ место у квалификациона група за СП и ЕП.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.107
Поени од реакции
4.100
Ајде ако нешто ви значи, после еврпсково незнам дали дефинитивно Милевски ќе презема, ама знам дека добиваме квалитетен везњак во репрезентација. :)
Некое инфо имаш за некој? Оној Ракип го спомнуваа знам
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Никој и никогаш нема да ме убеди дека оваа одбрана што ја имаме е подобра од онаа кога играа Седлоски, Новевски и Игор Митрески.
Зарем некој пробува да те убеди во тоа. :)
Одбраната беше катастрофа за вакво ниво на фудбал. Муслиу и Велковски, не што не убедија некој да ги купи, туку мислам дека ги убедија и клубовите кај што играат да ги продадат.
Алиоски заборава половина од времето дека е бек, а Ристовски е чист просек.

Како и да е, фала им на сите за искуствово, без разлика кој како играл. Добро беше да се гледа фудбалска репрезентација на едно големо натпреварување.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.306
Поени од реакции
14.650
Стефан Ристовски и во Спортинг Л. имаше добри партии.
Проблемот кај него е последнава сезона во која играше само втората полусезона кај Динамо Загреб на ниво кое е 10 пати послабо од она во Португалија.
Па верувам и тука е причината за падот на формата.
Не е проблем, туку нешто позитивно што му се случи. Прво веќе во Португалија почна да паѓа и затоа и изгуби места, башка тој е бек што има проблем со ценатршут. Второ, отиде во солидна лига, каде што ќе биде првотимец и ќе игра во Европа. Јас дури се исплашив дека ќе заврши како Трајковски...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.895
Поени од реакции
23.498
Да да знам брат, мислењето не ми е формирано само на последната сезона или две. Од кога го пратам, од прв меч за репрезентацијата, максимално ми е лимитиран офанзивно, а модерен беГ мислам дека треба да знае барем нешто во напад. Примети му ги сите влезови, центаршутеви итн, и од сега и од порано, дечкото нема апсолутно ништо. Огромен борец, физички ми стои многу спремен, и то је то.
Не е проблем да е лош офанзивно ако дефанзивно е супер. Ама овој ниту тоа не е.
Не може толку спор играч да покрива крилна позиција, особено на репрезентации како Холандија. Депај се чуваше утакмицава, ама да го играше Квинси Промес од сам старт имаше да го поремети со трчање.

Проблемот е што не прифати трансфер во Русија и цела сезона беше на клупа или на трибина. Па тогаш отиде у Динамо.
Знам што е проблемот.
И он имаше право затоа што го форсираа на трансфер, ама јбг, не ме занима тоа. Очаен беше европсково.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.306
Поени од реакции
14.650
Па најдобра генерација, ова она... а уствари сме имале и подобра одбрана и подобар напад, единствено во средината може да се мерат. За мене најголема разлика е промената во пристапот на играта, а инаку од играчки аспект сме на исто ниво како и секогаш.
Па генерацијата под Хаџиевски веројатно е подобра, но тие немаа класа играч како Пандев.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.534
Поени од реакции
11.499
4-2-3-1 со Велковски и Муслиу како штопери против вакви репрезентации каде бе? :D
Се виде во второво црната страна на таа формација, ќе не поболеа 10-0 ако запнеа, не игра мрме 3-5-2 зошто сака, туку зошто само така имаме шанса против квалитетни репрезентации 90 минути.

Ајде ако нешто ви значи, после еврпсково незнам дали дефинитивно Милевски ќе презема, ама знам дека добиваме квалитетен везњак во репрезентација. :)
Милевски незнам колку е авторитет за у репрезентациј, иначе мозок е


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.895
Поени од реакции
23.498
Не е проблем, туку нешто позитивно што му се случи. Прво веќе во Португалија почна да паѓа и затоа и изгуби места, башка тој е бек што има проблем со ценатршут. Второ, отиде во солидна лига, каде што ќе биде првотимец и ќе игра во Европа. Јас дури се исплашив дека ќе заврши како Трајковски...
A?
Кој загубил место?
До последен меч од сезоната играше прва постава па после пробаа да го продадат на Д.Москва и он одби трансфер па му се реваншираа со тоа што го исклучија од состав.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.306
Поени од реакции
14.650
A?
Кој загубил место?
До последен меч од сезоната играше прва постава па после пробаа да го продадат на Д.Москва и он одби трансфер па му се реваншираа со тоа што го исклучија од состав.
Може да не сум испратил добро, но зошто сакале да го продадат, па го исклучиле од составот? Веројатно од тоа сум поврзал дека не сметаат на него.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Новевски, Митревски играа во Бундеслига и беа стандарди. Од Новевски само Пандев има подобра кариера, легенда е човекот во Маинц. Седлоски беше лидер глава буташе сегде.

Велковски и Муслиу дремат на клупа и тоа во средно разедни лиги. Не можеш од клупа во некоја нива да отидеш да играш против Холандија. Ама не се они криви, други немаме.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ќе пишам еден подолг пост за мојот впечаток за учеството на Македонија на првенствово кој е... разочарувачки.

Особено вака кога ги гледам сите резултати од нашата група и од останатите.

Немаше да се разочарам доколку бевме дрва на сите утакмици, доколку сите три противника не издоминираа.

Се разочарав пошто накрцавме три порази во утакмици во кои се соочивме со победливи противници, и тоа како победливи.

Старата рана се отвори и изнапримавме глупи, полуаматерски голови кои не запечатија на последното место.

Секоја утакмица ја игравме ко да се вративме уназад у времето, само на одредени секвенци покажавме дека не сме тука случајно и дека знеме да играме фудбал, ама немаме сила.

Ќе одам вака индивидуално за сите по некој збор:

Прво, од тие кои според мене го одиграа првенствово на ниво:
Столе, Стефан, Џани, Тракјовски, Чурлинов, Николов. Апсолутно на овие неколкумина не може да им се замери за ништо, одиграа првенство на ниво, со ситни грешки.
Читав многу критики за Џани и Трајковски а не глеам што трагично они направија? Џани ораше на сите три утакмици и беше главна карика преку која одевме во транзиција, Трајковски немаше среќа да погоди но одигра све што требаше друго. Боби играше две текми на неприродна позиција и освен што ја нема брзината, за друго не потфрли. Чурлинов одлично искористени минути, Стефан на ниво, Столе дефинитивно најдобриот индивидуалец на ова ЕП од нашите.


Даре Велковски е можеби за во оваа група, но сепак не би го ставил, затоа што еве на последнава текма се виде колку е спор и тромав, и со тоа си го јебе суперталентот кој го има.

Висар Муслиу, едно мало разочарување од него, очекував на ова ЕП да изгази за да изнуди добар трансфер, он првите две утакмици правеше катастрофални грешки, несигурен, напаѓачите лесно го заоѓаа.

Тричко нема шо да бара веќе у репрезентацијава, исто ко Тихомир Костадинов, кој не знам зашто воопшто беше со толкаава минутажа.

Најголемото разочарување и најголемата причина што не успеавме да освоиме бод на ова ЕП се оние од кои лично имав најголеми очекувања - средниот ред.

М И З Е Р Е Н перформанс на без соменние најквалитетниот дел од репрезентацијата на ова првенство. И тоа сега ќе рече некој, па толку им е квалитетот. Неточно, ова не беше вистинската слика за нивниот (не)квалитет, туку ова беше резултат на некој чуден флоп, незамарање, умор?

Прво од играчот кој најмногу ме разочара - Адеми. Ова беа трите најслаби утакмици на Адеми за репрезентацијата. Не знам што е причината, дали умор, дали поверда, ама ова не е оној Ариан Адеми кој гинеше за репрезентаијата дури и во најнебитни утакмици. Се надевам дека нема да е ова последен настап и за него и дека ќе се врати во препознатилвата форма во квалификациите.

Второ најголемо разочарување, Енис Барди. Не знам и него дали му утичеше короната или е до друго, но ова беше мизерно првеснтво за него. На сите три меча имаше по 10 минути каде што играше и толку. Во остатокот беше апсолутно невидлив. Противниците го доминираа, немаше проток на топка, немаше транзиција и влечење од него. Исто ко за Муслиу, мислев дека на ова ЕП ќе се покаже на голема сцена и ќе издејствува трансфер во класа тим, ама целосно потфрли.

За Елмас еднаш пишав, мислам дека и многу очекуваме до него и дека нема таков квалитет каков што го воспеваме. На првенствово тотално индиспониран, мек, без течност... Ни блиску од некој што треба да ја превземе лидерската палка.

Спировски за тие минути што ги доби исто беше катаастрофален.

Аврамовски - убедливо најголемата брука од настап на првенството кај нас, срамотно што изигра.

Гранде нема потреба да го коментираме. Најмногу ми е жал за него што беше изневерен од овие негови деца на првенството, пак беше он тој кој најмногу се труди, место да е обратно. Ми текнува на утакмиците од пред 10 години во репрезетнација, кога играше со дрва и кога немаше кој да игра со него, и на утаммиците пред ова ЕП каде што се гледаше дека ужива во игрите затоа што конечно доби деца со кои може да игра фудбал. Ама еве на ова ЕП, исто ко да играше со претходните генерации...

Можностите на оваа генерација не и беа олку, колку што покажаа резултатите, во најмала рака сме на исто ниво со Австрија и Украина и можевме Л Е С Н О до втор круг доколку средниот ред и на моменти одбраната не потфрли.

Више срече други пут, ако го има.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom