Ќе пишам еден подолг пост за мојот впечаток за учеството на Македонија на првенствово кој е... разочарувачки.
Особено вака кога ги гледам сите резултати од нашата група и од останатите.
Немаше да се разочарам доколку бевме дрва на сите утакмици, доколку сите три противника не издоминираа.
Се разочарав пошто накрцавме три порази во утакмици во кои се соочивме со победливи противници, и тоа како победливи.
Старата рана се отвори и изнапримавме глупи, полуаматерски голови кои не запечатија на последното место.
Секоја утакмица ја игравме ко да се вративме уназад у времето, само на одредени секвенци покажавме дека не сме тука случајно и дека знеме да играме фудбал, ама немаме сила.
Ќе одам вака индивидуално за сите по некој збор:
Прво, од тие кои според мене го одиграа првенствово на ниво:
Столе, Стефан, Џани, Тракјовски, Чурлинов, Николов. Апсолутно на овие неколкумина не може да им се замери за ништо, одиграа првенство на ниво, со ситни грешки.
Читав многу критики за Џани и Трајковски а не глеам што трагично они направија? Џани ораше на сите три утакмици и беше главна карика преку која одевме во транзиција, Трајковски немаше среќа да погоди но одигра све што требаше друго. Боби играше две текми на неприродна позиција и освен што ја нема брзината, за друго не потфрли. Чурлинов одлично искористени минути, Стефан на ниво, Столе дефинитивно најдобриот индивидуалец на ова ЕП од нашите.
Даре Велковски е можеби за во оваа група, но сепак не би го ставил, затоа што еве на последнава текма се виде колку е спор и тромав, и со тоа си го јебе суперталентот кој го има.
Висар Муслиу, едно мало разочарување од него, очекував на ова ЕП да изгази за да изнуди добар трансфер, он првите две утакмици правеше катастрофални грешки, несигурен, напаѓачите лесно го заоѓаа.
Тричко нема шо да бара веќе у репрезентацијава, исто ко Тихомир Костадинов, кој не знам зашто воопшто беше со толкаава минутажа.
Најголемото разочарување и најголемата причина што не успеавме да освоиме бод на ова ЕП се оние од кои лично имав најголеми очекувања - средниот ред.
М И З Е Р Е Н перформанс на без соменние најквалитетниот дел од репрезентацијата на ова првенство. И тоа сега ќе рече некој, па толку им е квалитетот. Неточно, ова не беше вистинската слика за нивниот (не)квалитет, туку ова беше резултат на некој чуден флоп, незамарање, умор?
Прво од играчот кој најмногу ме разочара - Адеми. Ова беа трите најслаби утакмици на Адеми за репрезентацијата. Не знам што е причината, дали умор, дали поверда, ама ова не е оној Ариан Адеми кој гинеше за репрезентаијата дури и во најнебитни утакмици. Се надевам дека нема да е ова последен настап и за него и дека ќе се врати во препознатилвата форма во квалификациите.
Второ најголемо разочарување, Енис Барди. Не знам и него дали му утичеше короната или е до друго, но ова беше мизерно првеснтво за него. На сите три меча имаше по 10 минути каде што играше и толку. Во остатокот беше апсолутно невидлив. Противниците го доминираа, немаше проток на топка, немаше транзиција и влечење од него. Исто ко за Муслиу, мислев дека на ова ЕП ќе се покаже на голема сцена и ќе издејствува трансфер во класа тим, ама целосно потфрли.
За Елмас еднаш пишав, мислам дека и многу очекуваме до него и дека нема таков квалитет каков што го воспеваме. На првенствово тотално индиспониран, мек, без течност... Ни блиску од некој што треба да ја превземе лидерската палка.
Спировски за тие минути што ги доби исто беше катаастрофален.
Аврамовски - убедливо најголемата брука од настап на првенството кај нас, срамотно што изигра.
Гранде нема потреба да го коментираме. Најмногу ми е жал за него што беше изневерен од овие негови деца на првенството, пак беше он тој кој најмногу се труди, место да е обратно. Ми текнува на утакмиците од пред 10 години во репрезетнација, кога играше со дрва и кога немаше кој да игра со него, и на утаммиците пред ова ЕП каде што се гледаше дека ужива во игрите затоа што конечно доби деца со кои може да игра фудбал. Ама еве на ова ЕП, исто ко да играше со претходните генерации...
Можностите на оваа генерација не и беа олку, колку што покажаа резултатите, во најмала рака сме на исто ниво со Австрија и Украина и можевме Л Е С Н О до втор круг доколку средниот ред и на моменти одбраната не потфрли.
Више срече други пут, ако го има.