Пак ќе повторам, за денес неможе да им се замери.
Први 20 минути, можам слободно да кажам дека ги надигравме, за мала vs голема репрезентација, таков период мора да се валоризира.
До 1:0, ајде се јадеше, после се знаеше дека надоле е тргнат возот.
Тоа е, поништени голови, статива (јебеш га, зошто неможеше 1-2 сантима полево да заврши ударот?), можеше натпреварот да тргне во подруг правец, да се браниме дисциплинирано, да чекаме контри а Холанѓаните да ги јаде благ притисок.
Ама, тоа е, да се насочиме кон иднината. Има млади деца со потенцијал и жедни за фудбал, само ќе треба доста брусење и пред се да обезбедиме соодветна инфраструктура у државава.
Чекор по чекор, да пробаме сега за Светско да се пласираме.