Ако е после 14 та година што се случува со нашите според тебе?
Да го надополнам
@FilipMKD007 .
Уште побитни работи се случуваат кај нас што се занемаруваат и сите се понашаат како да не постојат а се круцијални за фудбалот воопшто како спорт.
- Имаме катастрофална инфраструктура, 98% од младинските школи немаат соодветни услови за тренирање, немаат помошни игралишта ,топла вода за туширање, ресурси за тренинг, теретани?..што е тоа теретана?..не постои такво нешто...некаде немаат ниту топки/мрежи/конуси/дресој/копачки.....нормално децата од дома си ги перат дресојте/копачките бидејќи машина за перење и сушење од вкупна вредност 1100 евра е научна фантастика за секој клуб и прескапа инвестиција во Македонија.
- Кај нас младинските школи постојат фиктивно колку за да земат плата тренерите на категориите кои ги водат а не да извадат играчи за на подолг рок...примарна цел му е "ајде да го остајме Петко,Трајко,Столе,Гоце...да ги водат младинците колку да земаат плата..сепак наши луѓе се од партија/клубот" ...со други зборови немаат разработено никаков план за на подолг рок што би правеле со децата и моменталните ресурси со кои располагаат да ги искористат...апсолутна нула..и децата после 16-та година се оставени на милост и немилост.
- Немаат соодветна исхрана...всушност зборот исхрана не постои во младинските фудбалски школи кај нас...кој се замара со тоа воопшто?..се нема план за тоа дали децата треба да бидат најадени или не пред утакмица/тренинг...претежно менито се состои од сендвичи/хамбургери од најблиската локална сендвичара и кока кола/пепси за пиење и нормално сами да си го платат...значи си носат 100 денари пред утакмица за секој случај бидејќи не планира клубот да троши дополнителни пари за јадење за 20+ души секоја недела...плус се доплаќа и за патот некогаш(во некои школи и секогаш) кога се игра на гости.
- Немаме едуциран фудбалски кадар...тренерите по младинските школи не се соодветно едуцирани за нивната професија и 99% не знаат како се работи со деца...ниту посетуваат семинари ниту пробваат да се подобрат во нивната сфера..сите се во некоја комфорт зона со оглед дека се поставени од нивните надредени и немаат некаков план за на подолг рок.
-Децата до 18 години плаќаат котизација по 500-600 некаде 700 денари наместо клубот да ги ослободи од давачки и да почнат да му плаќаат односно да ги мотивираат да продолжат да се развијат во професионални фудбалери....тие ги дотолчуваат уште толку..па на крајот завршваат како келнери и шанкери во Малта/Германија
И сега кога ќе ги акумулираме сите овие работи што се секојдневие во младинските школи кај нас ќе разбериме дека е вистинско чудо како стигнавме да играме на ЕП.....голем дел од овие работи не постојат во нормалните држави каде младинските школи си функционираат беспрекорно и децата не се оставени на милост и немилост туку знаат што прават со нив...додека кај нас се е оставено на околностите и само оние кои се финансиски посилни(нивните родителни) успеваат да станат професионални фудбалери колку да играат во Кипар и Унгарија.
Затоа друг пат кога ќе изгубиме од некого помислете на овие работи и ќе разберите зошто сме послаби и неможиме да се надтрчваме со другите репрезентации....бидејќи во Австрија,Украина,Холандија,Словачка,Чешка,Грција ...голем дел од овие работи ги нема и нормално дека ќе бидат поспремни кога ќе излезат на големо натпреварување.