Македонската репрезентација со два порази го напушта Букурешт. Силни беа ветувањата од македонскиот табор за влез и во вто...
ekipa.mk
Овие од Екипа ептен им се наострени на репрезентативциве... Што не пишат нешто на пример за дресот? Се гледа кој ги плаќа, мизерни медиуми, не само Екипа, повеќево во државата. Баш на Facebook страната на Euro 2020 повеќе од 90% од коментарите за нас беа позитивни.
Што се однесува до нашиот настап, се надевав на пласман во втор круг, но не може некој кој ја прати репрезентацијата од деведесеттите да биде разочаран.
Сепак, криво ми е за пристапот:
-Од град Скопје/државата, како да не се игра ЕП, повеќе еуфорија имало за други првенства или за супер купот, ама ок, тогаш беа други на власт, кои знаеа што е ПР,
-Федерацијата со еден куп пропусти, кои не можам да верувам дека беа ненамерни,
-Мрме со катастрофалниот избор на резервни играчи, кој ете му се удри од глава и верувам дека конечно и тој е свесен каде го одведе неговиот инает. Никогаш не бев негов фан, секогаш одеше на „сигурна“ варијанта, но ете, не може да му се одземе тоа што каков-таков, не однесе на ЕП.
-Целиот стручен штаб, затоа што тотално беа промашени тактиките против Австрија и Украина, како воопшто да ги немаа анализирано, додека тие нас не читаа како селски буквар.
-Играчите, голем дел не беа физички и психички спремни за предизвикот. Не знам дали тука е виновен стручниот штаб, дали федерацијата, но ете, од ноември навака играчите имаа доволно време да се спремат за се што ги чека, ова беше нивна животна шанса за напредок.
Тоа е тоа, се надевам против Холандија нема да разочараат и од септември со нови сили, нов селектор и дрес, одиме во нови предизвици.