ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Шо резултат беше со Австрија ? 3-1 за нив ? :D
Автоматски споено мислење:

Уште казни нека добијат и да го завршиме Европсково како што ни доликува на нас македонците...
 
Последно уредено:
Премногу неозбилен пристап спрема протоколи упте од старт пред да отидат.

Јас искрено се надевам дека Гоче ќе се пензионира после ова првенство зашто ја оствари целта. Нека играат напад Ристовски и Стојановски со помош од Ѕрајковски време е и Чурлинов исто да заигра стандарден. Практично после ова првенство да се стават у резерва слабите карики да се сменат со нови. Пандев не е најслаба карика, ама е спор мислам време е да препушти на помладите

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Aвстрија освен тоа што трчаат како коњи не се ништо посебно...класична Бундеслигашка екипа што се бори за опстанок секоја година...како Фрајбург,Шалке или Аузбург да играат на ЕП....очекувам лесна победа на Холандија вечер.
То е то.. многу лесно предвидливи се екипите.
 
Премногу неозбилен пристап спрема протоколи упте од старт пред да отидат.

Јас искрено се надевам дека Гоче ќе се пензионира после ова првенство зашто ја оствари целта. Нека играат напад Ристовски и Стојановски со помош од Ѕрајковски време е и Чурлинов исто да заигра стандарден. Практично после ова првенство да се стават у резерва слабите карики да се сменат со нови. Пандев не е најслаба карика, ама е спор мислам време е да препушти на помладите

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Се сложувам со тебе во делот за промените.
Треба конечно да се тргне се што не ваља од репрезентација и да се замени со млади талентирани играчи.


Пандев не е спор, стар е веќе. Мислам дека и Пандев самиот имаше на неколку пати кажано дека сака да се пензионира после Европско. Некаде се шпекулираше дека уште 1 сезона ќе продолжи договор со Џенова.
Јас лично би сакал да игра уште една година барем по 40тина минути за репрезентација, па дај боже да фатиме место на Светско Првенство и таму да заигра пред да заврши кариера. Гочка дефинитивно заслужува.
Иако tbh Пандев и без брзина може да ни биде доста корисен, само ќе треба да го користиме паметно и без многу форсирање, и 40 минути се доста за да направи разлика. :D
 
 
Мрме да беше паметен ќе си заминеше после пласманот на Европско и засекогаш ќе беше херој ( кој и да беше селектор и сите да ги изгубивме , народот ќе викаше , ех Мрме да беше)
Вака ај шо се заеба и тој лично оти се докажа дека не е кадарен за голема тренерска кариера , него ја еба и репрезентацијата ,а имаше потенцијал.

Мислам дека многу го залажи и победата над Германија и него и јавноста (јас уште незнам како ги победивме) , која се погоди пред Европското .

Инаку требаше да се напрај притисок да се земи Јаховиќ , а Пандев и компанија да си ги тргнеа суетите и недоразбирањето со Јаховиќ и конечно да имавме класичен напаѓач.

Ама мислам дека со Мрме , Пандев и компанија се зближија како црева и не беше изводливо со друг селектор да одиме на Европско.

Како и да е тие ќе бидат запаметени дека се пласираа на Европско , но и дека не поминаа група и по некое време сами ќе се освестат дека беа кадарни да поминат група , ама ради Мрме не успеаја...
 
Пак правете ја Украина репрезентација од рангот на Естонија. У прво полувреме беа Бразил за нас.
 
Не можам да го сфатам Мрме.
Брат, или играш бункер или го играш она од второто. Ама пошто со второво ќе исцркавме по 30 минути игра, најдобро ќе беше некоја комбинација од двете.
Или во превод, си играш бункер до 20-30та минута, па после тоа се отвораш 5-10 минути, како што игравме при почетокот од второто. 2-3 такви периоди од по 5-10 минути во целиот меч.
Во најлош случај ова требаше да се игра, иако верувам дека имаме квалитет за многу попристојна игра.

Ама тактикава од Мрме стварно не ја сфаќам. Поставеноста беше ниту одбранбена ниту напаѓачка.
Демек не сме бункер, ќе играме и напад, а уствари ни тоа ни тоа не игравме.
Не отепаа со пасови и шанси во цело прво полувреме, ниту еден фаул, никакво маркирање, никаква средина и нула шанси во нападот. Еден куп ситуации каде што одбраната излетуваше во неуспешни офсајд стапици, а тие се најлошите шанси. Дремат на 35 метри од голот, а сме најспори од цело првенство. И сето тоа поради што? Потенцијална шанса напред? Нешто што не го дочекавме во две цели утакмици (први полувремина).
 
Овие од Екипа ептен им се наострени на репрезентативциве... Што не пишат нешто на пример за дресот? Се гледа кој ги плаќа, мизерни медиуми, не само Екипа, повеќево во државата. Баш на Facebook страната на Euro 2020 повеќе од 90% од коментарите за нас беа позитивни.

Што се однесува до нашиот настап, се надевав на пласман во втор круг, но не може некој кој ја прати репрезентацијата од деведесеттите да биде разочаран.
Сепак, криво ми е за пристапот:
-Од град Скопје/државата, како да не се игра ЕП, повеќе еуфорија имало за други првенства или за супер купот, ама ок, тогаш беа други на власт, кои знаеа што е ПР,
-Федерацијата со еден куп пропусти, кои не можам да верувам дека беа ненамерни,
-Мрме со катастрофалниот избор на резервни играчи, кој ете му се удри од глава и верувам дека конечно и тој е свесен каде го одведе неговиот инает. Никогаш не бев негов фан, секогаш одеше на „сигурна“ варијанта, но ете, не може да му се одземе тоа што каков-таков, не однесе на ЕП.
-Целиот стручен штаб, затоа што тотално беа промашени тактиките против Австрија и Украина, како воопшто да ги немаа анализирано, додека тие нас не читаа како селски буквар.
-Играчите, голем дел не беа физички и психички спремни за предизвикот. Не знам дали тука е виновен стручниот штаб, дали федерацијата, но ете, од ноември навака играчите имаа доволно време да се спремат за се што ги чека, ова беше нивна животна шанса за напредок.
Тоа е тоа, се надевам против Холандија нема да разочараат и од септември со нови сили, нов селектор и дрес, одиме во нови предизвици.
 
Мислам дека откако ќе го погледнете овој канал ќе ви стане јасно зошто кај нас фудбалот е на толку ниско ниво:https://www.youtube.com/c/ChampionsTrophyTV/videos?view=0&sort=dd&flow=grid
Баш напротив ... Нашите деца до 13-14 години се тука некаде со овие...Разликата е после 14-тата година...
 
Ако е после 14 та година што се случува со нашите според тебе?
Се случуваат работи кои ги нема во западниот свет, како на пример “пушти го ова мое дете е“ или “нека игра ќе ти средам јас тоа и тоа за возврат“. И многу таленти се отажуваат кога гледаат како функционира фудбалот кај нас, а останатите завршуваат во некој рендом клуб како Осогово, и полека на сигурно пропаѓа сонот дур годините газат. За жал изгубени се генерации и моментално и се губат, пристапот не е сменет. А и луѓево што се “тренери“ и треба да работат со овие деца се од лош во полош пример, често кога сум тренирал корнеле на алкохол, а секојдневие беше да ти пцујат мајки шајки, да викаат на сите дека се камења, дека ништо нема да успеат како тој и тој што успеал. Се е поразлично, се е погрешно, проблемот е што тие што треба да им чуе не се замараат да променат нешто и на спортот се сеќаваат само кога треба нешто да се прослави и да се удри статус на Фб да се собере поен на публицитет. После секое чудо за 3 дена, а спортската мизерија, да не речам спортското проклетство тука останува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom