ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
85-та минута Холандија - Австрија, вечните оптимисти на темава: еве уште 3 гола да даде Австрија и ние да победиме 2-0 со Холандија и секако Австрија да ја победи Украина и ете го третото место...
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Вака така изгледа немаме никакви шанси :(
Ќе биде лудница ако поминеме некако, незнам ни јас како...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.925
Поени од реакции
23.695
Ако Австрија ја победи Холандија, Украина ја победи Австрија а ние Холандија тогаш сме трети
Да, но во тој случај би зависеле од другите тимови и со 3 поени малку тешко се поминува како третопласиран.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.096
Поени од реакции
37.546
Ако Австрија ја победи Холандија, Украина ја победи Австрија а ние Холандија тогаш сме трети
Да, точно, на тоа не помислив. Ама ако сме трети тешко дека ќе одиме понатаму, зашто ако победиме со 1 разлика против Холандија, би имале -2 гол разлика. Најверојатно ќе бидеме меѓу најслаборангираните трети.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Да, точно, на тоа не помислив. Ама ако сме трети тешко дека ќе одиме понатаму, зашто ако победиме со 1 разлика против Холандија, би имале -2 гол разлика. Најверојатно ќе бидеме меѓу најслаборангираните трети.
И да ја победиме Холандија со 2 (немогуче е али ајде) пак ќе бидеме во најслабо рангираните трети ?
 
Член од
27 јануари 2020
Мислења
272
Поени од реакции
367
Да, точно, на тоа не помислив. Ама ако сме трети тешко дека ќе одиме понатаму, зашто ако победиме со 1 разлика против Холандија, би имале -2 гол разлика. Најверојатно ќе бидеме меѓу најслаборангираните трети.
Турција ако победи против Швајцарија или нерешено во тој случај на нерешено двете екипи ќе имаат по 2 бода и нема да се пласира ниедна, исто така последно коло играат Белгија Финска, Белгија тука ако победи над 2 разлика исто пред нив ќе сме али во случај Данска да победи сега против Белгија и против Русија
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.096
Поени од реакции
37.546
И да ја победиме Холандија со 2 (немогуче е али ајде) пак ќе бидеме во најслабо рангираните трети ?
Не е доволна само победа против Холандија. Холандија мора да изгуби вечер и од Австрија. Значи ако Холандија не изгуби вечер, и 150:0 да победиме во последниот натпревар, пак ќе бидеме последни во групата.
Турција ако победи против Швајцарија или нерешено во тој случај на нерешено двете екипи ќе имаат по 2 бода и нема да се пласира ниедна, исто така последно коло играат Белгија Финска, Белгија тука ако победи над 2 разлика исто пред нив ќе сме али во случај Данска да победи сега против Белгија и против Русија
Ќе видиме за некој час дали воопшто ќе може да правиме вакви математики.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.569
Поени од реакции
5.614
Добро сеа меѓусебни или гол разлика се глеа?

Кажете да знаеме за кој да навиваме.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Некако играчите кои треба да ни бидат најдобри, сите потфрлија. Адеми, Барди, Елмас, Алиоски, што треба да бидат столбови на репрезентацијава, сите бледо се покажаа овие два натпревари.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.753
Поени од реакции
115.599
Не знам зошто Мрме сака да глуми Гвардиола и од една сигурна и проверена варијанта прави глупости и измислува топла вода. Место Стефче десен бек, Кире штопер, Николов у средина, тој земал десен бек Николов, а Стефче штопер... Исто Пандев шпиц, нешто што никад не бил и особено сеа со 80 години не може. Баш ради ова и Адеми и Елмас имаа слаби партии. Сигурен сум дека уз Боби до него Адеми ќе изиграше каде каде подобро.

Околу борбеноста нема збор, изгинаа момците иако денес во првото полувреме беа прелоши. Во второ скроз различна екипа излезе на терен и криво ми е што барем не израмнивме. Муслиу нема поима од фудбал, основни работи не знае, стандард касни на офсајд стапици, спор е, глуп, едноставно очаен играч. Велковски е многу добар играч ама е несериозен, не тренира јако да му ебам тоа гејмерот умрен и затоа веројатно нема да направи подобра кариера од Ријека тип на клубови. Денес топ изигра. Ристовски одличен, борбен како и секогаш. Николов лошо ама не е он крив, не е десен бек човекот. Алиоски дно, прво и основно ликот не знае одбрана да игра, а второ во напад е скроз еднодимензионален и оди само на лево и секако често ја губи топката. Добра страна му е што знае да истрча контра и полуконтра, али генерално гледано мене ми е мех играч и не контам како овој игра кај Биелса. Барди добро изигра, не тренираше 2 недели ради ковид така да ова е добро од негова страна. Спировски невидлив. Елмас испод ниво ама и он надвор од позиција играше така да не му замерувам. Пандев играше повреден, капа доле за неговото издание, КАПИТЕНИШТЕ! Трајковски топ, откако влезе он ја размрда играта. Бомба има во ногата и треба почесто да го користи шутот. Аврамовски го проби дното, направи очаен пенал, шутна срамно со глава и на крај проба макази да прави за кои би му скинал лиценца. Чурлинов ок си е, треба поише шанса да добива. Столе чиста 10ка.

Да се вратам на Мрме, 0 сенс за измени и за прилагодување кон противник. Не може да се зборува лошо за човеков, каков и да е сепак со него на кормилото го постигнавме овој историски успех, ама убеден сум длабоко во себе дека со подобае селектор можевме и подобро, барем бод ќе земевме ако ништо друго.

Јебига, тоа е што е, добро прво искуство за нас како репрезентација, се надевам од сега натака ќе одиме само нагоре и нагоре.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.925
Поени од реакции
23.695
Некако играчите кои треба да ни бидат најдобри, сите потфрлија. Адеми, Барди, Елмас, Алиоски, што треба да бидат столбови на репрезентацијава, сите бледо се покажаа овие два натпревари.
Абе достате со тоа дека Барди бил тапа денес. И претходно некој пиша, едвај се воздржав да не реплицирам. :D
Сосема солидно изигра и беше единствен што се обидуваше да креира шанси. Немаше подршка за тие кратки пасови во креирање на нападот од Спировски и Адеми, ама далеку од тоа дека потфрлил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom