Не знам зошто Мрме сака да глуми Гвардиола и од една сигурна и проверена варијанта прави глупости и измислува топла вода. Место Стефче десен бек, Кире штопер, Николов у средина, тој земал десен бек Николов, а Стефче штопер... Исто Пандев шпиц, нешто што никад не бил и особено сеа со 80 години не може. Баш ради ова и Адеми и Елмас имаа слаби партии. Сигурен сум дека уз Боби до него Адеми ќе изиграше каде каде подобро.
Околу борбеноста нема збор, изгинаа момците иако денес во првото полувреме беа прелоши. Во второ скроз различна екипа излезе на терен и криво ми е што барем не израмнивме. Муслиу нема поима од фудбал, основни работи не знае, стандард касни на офсајд стапици, спор е, глуп, едноставно очаен играч. Велковски е многу добар играч ама е несериозен, не тренира јако да му ебам тоа гејмерот умрен и затоа веројатно нема да направи подобра кариера од Ријека тип на клубови. Денес топ изигра. Ристовски одличен, борбен како и секогаш. Николов лошо ама не е он крив, не е десен бек човекот. Алиоски дно, прво и основно ликот не знае одбрана да игра, а второ во напад е скроз еднодимензионален и оди само на лево и секако често ја губи топката. Добра страна му е што знае да истрча контра и полуконтра, али генерално гледано мене ми е мех играч и не контам како овој игра кај Биелса. Барди добро изигра, не тренираше 2 недели ради ковид така да ова е добро од негова страна. Спировски невидлив. Елмас испод ниво ама и он надвор од позиција играше така да не му замерувам. Пандев играше повреден, капа доле за неговото издание, КАПИТЕНИШТЕ! Трајковски топ, откако влезе он ја размрда играта. Бомба има во ногата и треба почесто да го користи шутот. Аврамовски го проби дното, направи очаен пенал, шутна срамно со глава и на крај проба макази да прави за кои би му скинал лиценца. Чурлинов ок си е, треба поише шанса да добива. Столе чиста 10ка.
Да се вратам на Мрме, 0 сенс за измени и за прилагодување кон противник. Не може да се зборува лошо за човеков, каков и да е сепак со него на кормилото го постигнавме овој историски успех, ама убеден сум длабоко во себе дека со подобае селектор можевме и подобро, барем бод ќе земевме ако ништо друго.
Јебига, тоа е што е, добро прво искуство за нас како репрезентација, се надевам од сега натака ќе одиме само нагоре и нагоре.