Македонија е најслабо рангирана репрезентација на ЕП, се наоѓаме на 63 место, пред нас е Финска 58 место, трета најслабо рангирана земја на ЕП е Шкотска 44 место.
Да не збориме за квалитетот на лигата, инфраструктурата и развиеност на самата земја, што е исто така важно, сме сигурно последно пласирана земја.
Единствено не сме последни, туку предпоследни по вредноста на репрезентацијата(61.80м), додека пред нас е Финска(44.60м)
И кога на сето тоа ќе додадеш дека идеме прв пат на вакво големо натпреварување, едноставно не можеш да идеш со изјава дека целта е поминување на групи..
тоа кажува дека си голем аматер како тренер и фудбалер, или едоставно живееше во еуфорија и лажно створена слика.
Ние на ова ЕП одиме како аутсајдери, без притисок и да се надигруваме со сите.. а не да даваме изјави дека ќе ги победиме сите три.. и така вака правиш лажна слика и луѓе кои не разбираат фудбал(ги има многу) и не пратат, излегуваат со секакви негативни коментари.
Друго не знам дали Мрме премногу влезе во филм, па го стави Костадинов во игра на првиот натпревар на ЕП, при резултат 1:1 бо игра...
Факинг Костадион, 25години кој игра во Словачка..
На неговата страна и го примивме вториот гол, тој гу чуваше Алаба и при центаршутот му вртеше грб, како аматери на мал фудбал.
Премногу експерименти за прв натпревар на ЕП.
не е мое да судам, не сум тренер ама со моето скромно познавање на фудбал, Мрме едноставно промаши со своите измени, па Костадинов не добиваше шанси во Лигата на нации ти го пуштат на прв натпревар на ЕП, можеби дечкото има квалитет во него, али едноставно на терен беше тотално изгубен..
Секоја чест на Елмас, кој призна дека сега ја осетиле големината на вакво натпреварување и дека ќе се потрудат да научат од грешките.
Се надевам и Мрме ќе го направи тоа.
Исто така мислам дека Милан Ристовски ќе се вклопеше одлично против Австрија, ќе спуштете или заградеше некоја топка у напад, и онака сите ги пукавме напред.
Не знам што се случи со пресингот што го правевме и игравме, со играта изнесување на топката полека од наша половина, а не испукување на секоја топка напред во паника.. али за тоа мислам дека е крива тремата и тоа што игравме прв натпревар на големо натпреварување..
И да, нема лоши емоции,
да доживееше толкав број на македонски навивачи да ја пеат химната на едно ЕП, да видиш како се вее знамето со сите останати, да се надигруваш рамноправно и да прославиш гол е емоција која му беше потребна на овој народ, ќе не сплоти, направи горди, и ќе направи да веруваме малку повеќе во себе како нација и народ, а тоа и те како ни требаше.