Сите имаме проблем со временската дистанца. Ние нив ги паметиме од последните две три сезони каде сите се млади, вити, убави и полетни, а всушност сите се веќе навлезени длабоко во втората половина на своите триесетти години. И тоа беше пред скоро две децении! Значи ова сега треба да му дојде на некој начин ко славење на 20 години од матура. Нормално е сите да бидат остарени и променети.
Највеќе ми се допадна автентичноста на сцената (дава посебен шмек!) и на тој начин ги инспирира да иницираат разговор за спомените. Целото тоа евоцирање на спомените ми е најдобро од цел reunion и највеќе ми се допаѓа. Вистински емотивен ролеркостер. И делот кај што убациле луѓе од различни делови на светотот како даваат коментари!
Најмалку ми се допаѓаат ѕвзездите кои врска немаат со серијата. Па така го имаш Бекам, кој кажува колку обожавал да ја гледа серијата додека бил по хотели на пат
. И Lady Gaga ми ја уништи smelly cat. Добар вокал е, ама не и е местото таму. Ај овие другите Џенис, Ричард, Гантер, родителите на Рос и Моника океј. Ама Бекам и Гага ми се непотребни.
Метју Пери ми изгледа изморено и незаинтересирано. Има многу чуден израз на лицето.Многу ми е жал за него затоа што ми е многу кул лик во серијата. Што му направија дрогата и алкохолот на чоекот
.
Лиса и Мет најубаво стареат од сите и одлично се држат! Веројатно затоа што се природни, а не изботоксирани до максимум.
Џенфиер не ја сакам многу како појава, ама ми е некако најемотивна од сите таму. Дејвид ми беше океј.
Се на се, убаво ама не би сакала да гледам уште сезони од серијата. Мислам дека се непотребни. Се си има свој почеток и крај!