UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Не знам зошто, ама нешто ми вели дека Сити ќе тепаат и полесно од очекуваното. Она клишето, "на искуство ќе го добијат натпреварот".

Не знам ни за кој ќе бидам, ваљда ќе одлучам во текот на мечот. :D
Па кое искуство, прв пат играат во финале на ЛШ :D
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Сепак. Ако Јунајтед играше финале против Арсенал или Тотенхем, нормално дека Јунајтед ќе сакав да тепа кога веќе мора некој, иако со вас најмногу се хејтаме тука :D

Не треба толку лично и сериозно да си ги зимате несогласувањата околу фудбал и своите тимови со луѓето овде. Нема никој со кој не би седнал на пиво. Тоа што имаш спротивставени мислења на тема фудбал не значи дека не го бива човекот. Некои земале војни водат.
Таман работа со секој лик што не се согласуваш да тераш војна или да не се поднесуваш, како што велиш. Сум рекол и во претходен пост (само на друг коментар од постот се стави акцент), односот со Челзи фанови на форумов (моја перцепција) е на ниво на пецкање - има закачки и заебанции, ама далеку од тоа дека на улица би се тепале, како што прават прави хулигани.

Како и да е, ништо не ме плени да имам блага наклонетост за Челзи или Сити. Да беше прошлата сезона со Лампард, трансфер бан и децата, можда би ми било мило ако освојат.

ПС: Подобриот нека победи вечер, се надевам дека нема да има реприза од полуфиналето во Фа Куп и дека ќе паѓаат многу голови (еднакво распределни се разбира).
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Загубиле двапати од Челзи за месец дена, ама во секој поглед биле поквалитетна екипа.
Океј.
Чекај, најсериозно, со сета свест тврдиш дека Сити не е поквалитетен од Челзи?!?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Чекај, најсериозно, со сета свест тврдиш дека Сити не е поквалитетен од Челзи?!?
Со сета свест, богати? :pos:
Да, со сета свест тврдам дека Сити не е поквалитетен од Челзи во секој поглед (подвлечено).

Доколку некој е подобар од некого во секој поглед (подвлечено), ќе го урнисувал каде што ќе стигне.
Сити, најквалитетниот тим што историјата го видела, загуби и во лига и во полуфиналето од ФА Купот.

Многу е важно што се пишува.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Прајм Барса на чело со Гвардиола не е најквалитетен тим во историјата, зошто не го урнисувала Интер во 2010 :toe:

*или еден од најквалитетните тимови во историјата.

** не тврдам дека Сити се најквалитетен тим во историјата, да не му се сони на некого.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Со сета свест, богати? :pos:
Да, со сета свест тврдам дека Сити не е поквалитетен од Челзи во секој поглед (подвлечено).

Доколку некој е подобар од некого во секој поглед (подвлечено), ќе го урнисувал каде што ќе стигне.
Сити, најквалитетниот тим што историјата го видела, загуби и во лига и во полуфиналето од ФА Купот.

Многу е важно што се пишува.
Никој не рекол дека Сити е најквалитетниот тим во историјата, воопшто ни не мислам така. А дури и најдобриот тим не е непобедлив. А и сам знаеш каква беше втората победа на Челзи, да не се изглупираше Агуеро со паненката ќе броевте колку гола разлика сте изгубиле. Ама океј, победа си е победа, ама не е некоја причина да летате во облаци пред финалето повеќе од што треба.

И да, тврдам дека Сити е подобар од Челзи баш во секој поглед (подвлечено, како што викаш ти).
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.240
Поени од реакции
13.709
Сити се фаворити вечер. Не само што се поквалитетни туку се поискусни за некоја нијанса.

Одбраната на Челзи и одбраната на Сити се тука некаде според квалитет и форма. Иако Челзи нема некој супер играч како Диаз, сепак искуството на Силва и одличната форма на Рудигер и Менди придонесува да бидат сигурни позади. Средината и нападот на Сити е поквалитетен и поискусен од оној на Челзи.

Ќе биде интересно вечер. Тактички Гвардиола и Тухел се мајстори.
Разликата е оној кој ќе успее подобро да го мотивира својот тим.
Мене лично ме интересира како Тухел ќе го изведе тоа, со оглед на тоа што Арсенал, финалето на ФА купот со Лестер и последниот меч со Вила, Челзи не покажа некоја посебна мотивираност како тим. Едниот натпревар беше лондонски дерби, другиот финале на куп и последниот дуел со кој директно решаваше Челзи за пласман во Лига на Шампиони. Во сите три беше потфрлено, а тактички Челзи беше одлично поставен.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.322
Поени од реакции
4.237
Гундоган се повредил.. такви информации се шират по твитер. Имаше и видео како се жали на повреда и искача од последниот тренинг.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Никој не рекол дека Сити е најквалитетниот тим во историјата, воопшто ни не мислам така. А дури и најдобриот тим не е непобедлив. А и сам знаеш каква беше втората победа на Челзи, да не се изглупираше Агуеро со паненката ќе броевте колку гола разлика сте изгубиле. Ама океј, победа си е победа, ама не е некоја причина да летате во облаци пред финалето повеќе од што треба.

И да, тврдам дека Сити е подобар од Челзи баш во секој поглед (подвлечено, како што викаш ти).
Ама остави ме сега ти со тие муабети ,,да не промашеше Агуеро". Да не беше Мбапе повреден, прашање е дали Сити ќе играше финале итн итн.
Можеме до бескрај вака.

Ти можеш да имаш впечаток дека Сити е осумнаесет класи подобар од Челзи, тоа е субјективно чувство и не можам да направам ништо.
Објективно, Манчестер Сити кој е во секој поглед подобар од Челзи, загуби двапати од истиот тим за месец и половина.
Значи, не постои здрава логика која го поткрепува ова, затоа што во пракса го увидовме спротивното
Доколку јас сум подобар од тебе во секој поглед, не постои шанса да бидам поинфериорен од тебе во два претходни наврати.

Па уште летање во облаци ми споменува. Извини што не се согласувам со твоето бледо мислење, мора да сум многу препотентен.
Побогу.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom