UEFA Champions League - Season 2020/21

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Не знам зошто, ама нешто ми вели дека Сити ќе тепаат и полесно од очекуваното. Она клишето, "на искуство ќе го добијат натпреварот".

Не знам ни за кој ќе бидам, ваљда ќе одлучам во текот на мечот. :D

Кое искуство, прв пат им е :D
 
Кое искуство, прв пат им е :D

Мисли на поискусни фудбалери со повеќе натпревари на нозете,повеќе титули и изиграно поголем број на тесни,тешки и дерби утакмици..односно екипа што подолго време игра заедно :D

Вечер лабаво 2-0 за Сините од Манчестер и почеток на масовно тагнување и цитирање на некои личности односно хејтери на Пеп тука :D.
 
И да победат Сити вечер, сигурно нема да биде лесно. Сепак е финале во прашање, а Челзи не е случајно во него. Плус, два пати ги победија Сити сезонава, очигледно имаат здрава анти-Сити стратегија.
И јас мислам дека Сити ќе освои, ама ќе треба здраво да се испотат.
Што и да се случи, од утре пак ќе слушаме еден од двата наративи: Пеп фудбалскиот генијалец и револуционер, или Пеп ќелавата превара, што изгради кариера на грбот на Меси, Чави и Иниеста. :)
 
Сите сакаме интересно финале ама и јас сум на мислење дека Сити лесно добива вечер. Иронично ама тоа што два пати загубија од Челзи во последно време може им биде голема предност. Во секој поглед се поквалитетна екипа, плус играат со познат противник кој веќе знаат дека не е за потценување па мислам ќе влезат максимално спремни и ќе тепаат лесно.
 
Загубиле двапати од Челзи за месец дена, ама во секој поглед биле поквалитетна екипа.
Океј.
Автоматски споено мислење:

Фанови на Јунајтед ќе бидат за Сити :lolzz:

Мали Ставриња во создавање.
 
Некако мислам дека сите прерано го отпипуваат Челзи. Мислам дека ќе успеаат да изненадат. Како е ситуација со Канте ќе игра ли?
 
Некако мислам дека сите прерано го отпипуваат Челзи. Мислам дека ќе успеаат да изненадат. Како е ситуација со Канте ќе игра ли?
И Канте и Менди веројатно.
 
Нема кој да им(ни) го поти ташакот #Реално

ПС: Само Null & Void брате #Бојкотирам
Сепак. Ако Јунајтед играше финале против Арсенал или Тотенхем, нормално дека Јунајтед ќе сакав да тепа кога веќе мора некој, иако со вас најмногу се хејтаме тука :D

Не треба толку лично и сериозно да си ги зимате несогласувањата околу фудбал и своите тимови со луѓето овде. Нема никој со кој не би седнал на пиво. Тоа што имаш спротивставени мислења на тема фудбал не значи дека не го бива човекот. Некои земале војни водат.
 
Најлош вид на луѓе.

:mad:
 
Проблемот е што ние од тука скоро и да не сме го почувствувале ривалството со Сити. Кога биле ривали Јунајтед и Сити за титула уствари? 2012 и 2013та, толку. Или сме ги доминирале ние, или они нас. И тоа е тоа. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom