НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)

  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Додека чекаме на плеј-ин... Некои размислувања за прва рунда.

На запад сѐ ќе биде интересно, нема слаб противник и сите серии би треабало да бидат натпреварувачки и неизвесни.
Денвер - Портланд станува класик во последниве години, ама оваа година без разлика на формата на Џокер јас не би се опкладил на Денвер. Лилард е лудак, тимот им е покомплетен годинава, СЈ е одличен како и секогаш - и можеби најважно, Нуркиќ е здрав и игра добро. Интересна серија ќе биде и не можам да прогнозирам што ќе биде.
Клиперс - Маверикс, може да биде досадно ако Клиперс најдат соодветна дефензивна шема за Лука, ама Далас имаат добар тренер и може да бидат заебани и повеќе од лани... Би рекол 4:3, или 3:4, и ќе се зачудам ако не се играат барем 6 утакмици (а веројатно 7).
Другите две серии во прва рунда нема да ги коментирам, додека не заврши плеј-ин. :D

На исток интересно ќе биде Милвоки - Мајами. Милвоки не танкаа ич за да ги избегнат Мајами (од кои изгубија лани), освен тоа годинава се малку покомплетен состав и не се толкави фаворити (немаат толку притисок) како лани. Од другата страна Мајами и Сполестра се сила на која секогаш мора да се рачуна во плејоф серија. Многу интересно, и тешко за прогнозирање ама некако би рекол Мајами во 7.
Никс - Хокс... Јас лично во оваа серија ќе навијам за Њу Јорк, најмногу пошто не можам да го смислам Тре глумецот, ама и пошто го ценам Тибодо како дефанзивен ум. Се надевам ќе најдат начин како да се справат со Капела и Клинт под кошот, и да го анулираат глумењето на Тре. Никс ќе имаат хендикеп заради лошото стравување на Рандл со удвојувања. Но и двете екипи се неискусни ама на крај Тибодо е подобриот тренер, па останува да видиме. Тешко е ова да се прогнозира.
Другите две серии, коментар исто после плеј-ин... Само ќе кажам дека би сакал да ги видам Вашингтон против Нетс (а не Бостон, изгубени се во последно време и нема да пружат голем отпор). :)

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
711
Поени од реакции
1.023

Ако не можеш да го смислиш Тре "глумецот", можеш да ги смислиш Харден, Лука, Лилард, Батлер кој со истите срања стигна до финале лани ама им беше омилен играч на сите ?

Стварно не можам да сфатам како само Тре и до негде и Харден добиваат хејт за ова, кога пола лига го прави.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.319
Поени од реакции
11.700
Тре со Дончич и Батлер врска нема.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Ако не можеш да го смислиш Тре "глумецот", можеш да ги смислиш Харден, Лука, Лилард, Батлер кој со истите срања стигна до финале лани ама им беше омилен играч на сите ?

Стварно не можам да сфатам како само Тре и до негде и Харден добиваат хејт за ова, кога пола лига го прави.
Без навреда, но ме вадиш од контекст... Мислам, реално не правев елаборат на глумците во НБА туку зборував за плејоф серијата меѓу Њу Јорк и Атланта. :)

Инаку, апсолутно да - Харден е тука некаде, веројатно и уште повеќе ги злоупотребува правилата - ама по лигавост мислам дека никој не е полигав од Тре.
Понатаму, Лука, Лилард, и Батлер... Можеби и тие ги злоупотребуваат правилата, ама тоа апсолутно НЕ СЕ играчи кои кариерата им е изградена на лигавење и глумење дека се фаулирани... Лука е 5 пати поиграч од Тре, и Атланта се нервираат секогаш кога го гледаат како игра - можеше нивни да биде, само да не беа толку глупи. :)
Лилард е лудак, во даден момент може да победи било кој (само не во 4 утакмици по ред). Тре не е ни 10% од играчот што е Дејм.
Батлер е играчиште, кој што сака нека каже... Мајами на грб го пренесе преку две утакмици во финале на НБА, Тре тоа не го може ни со плачење. :D

Тре прва работа што мисли и што пробува е да изглуми и да изнуди фаул.
Губитник кој на тој начин никогаш нема да успее во ништо вредно.

Туку шуќур најавија НБА дека од следната година ќе го „разгледуваат“ овој глумачкиов проблем. Не очекувам големи промени ама макар малку ако направат нешто, подобро ќе биде. Ќе видиме.

Последно уредено:

Аха, ок гледам што е работата, имаш hate boner за Тре и реално нема поента што многу да објаснувам, најверојатно мислењето ти е изградено уште од кога се појави на сцена па сега секоја сезона ќе му бараме нови мани, а тоа дека е лигаво и непотребно изнудувањето на фаули се согласувам, ни Тре ниту пак никој од другите немаат потреба од тоа, се надевам ќе ги средат тие правила.

За тоа колку е добар Тре како играч... не ни 10% посто од Дејм :pos:, мислам Лилард ми е еден од омилените играчи и да мора да ги рангирам би го ставил пред Тре ама толку голема разлика не се во никој случај.

А ако зборуваме за глумење, најголем глумец е Леброн - Лефлоп, овие до сега што ги набројувавме не се глумци, туку само ја измамуваат одбраната да ги фаулира, фаулите се вистински само не ферски.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
...овие до сега што ги набројувавме не се глумци, туку само ја измамуваат одбраната да ги фаулира, фаулите се вистински само не ферски.
Не, туку правилата имаат „дупки“ кои овие - посебно Тре, ок и Харден - бесрамно ги експлоатираат.
Само што Тре влече повеќе фаули и од Харден во прајмот. Ова е факт, статистика која можеш да ја провериш.

Је*еш ти тоа дека Леброн плачел за да нагласи контакт, јас ти зборувам за скокање со газ во дефанзивецот и потоа паѓање и глумење како Чак Норис да му направил „допир на смртта“ кунг фу удар... Леброн је плачко, ама него тоа не му е главна алатка во репертоарот. Уствари споредбата Леброн - Тре е глупа сама по себе. Леброн сакај го мрази го, е играч на генерацијата. Тре е лигуш кој ништо не направил во кариерата. Не знам што ти требаше да спомнуваш.

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
711
Поени од реакции
1.023
Не, туку правилата имаат „дупки“ кои овие - посебно Тре, ок и Харден - бесрамно ги експлоатираат.
Само што Тре влече повеќе фаули и од Харден во прајмот. Ова е факт, статистика која можеш да ја провериш.

Је*еш ти тоа дека Леброн плачел за да нагласи контакт, јас ти зборувам за скокање со газ во дефанзивецот и потоа паѓање и глумење како Чак Норис да му направил „допир на смртта“ кунг фу удар... Леброн је плачко, ама него тоа не му е главна алатка во репертоарот. Уствари споредбата Леброн - Тре е глупа сама по себе. Леброн сакај го мрази го, е играч на генерацијата. Тре е лигуш кој ништо не направил во кариерата. Не знам што ти требаше да спомнуваш.

Кај ги споредив Леброн и Тре како играчи ? Не ми ги извртувај зборвите, само пишав дека Леброн е глумец и флопер и за тоа не ми треба рендом видео да докажам дека сум во право.

А да заклучуваш мислења за одредени играчи треба да гледаш нивни утакмици, а не заклучоци да вадиш од видеа или кој што рекол на твитер или редит.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.485
Поени од реакции
5.581
Прекинав да читам ко напишавте дека Лука не е флопер и плачко.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Кај ги споредив Леброн и Тре како играчи ? Не ми ги извртувај зборвите, само пишав дека Леброн е глумец и флопер и за тоа не ми треба рендом видео да докажам дека сум во право.
Во моментот кога на моите критики за Тре ти кажа „па и Леброн е плачко“ ти автоматски почна да ги споредуваш нив двајца. Ваљда за да ја релативизираш лигавоста и штетноста од глумењето на Тре, но како и да е - никој не ти ги извртува зборовите. Ниту има потреба, никаква поента не направи.

А да заклучуваш мислења за одредени играчи треба да гледаш нивни утакмици, а не заклучоци да вадиш од видеа или кој што рекол на твитер или редит.
Врз основа на што дојде до ваков заклучок?
Што всушност мислиш дека е неточно во моите критики за Тре?

И што мислиш, зошто НБА се спрема да ги менува правилата за судење фаули, воедно и зошто баш Тре е спомнуван како најлош пример за несоодветноста на постоечките правила?

Или едноставано мислеше зошто не се фокусирам на (ретките) моменти кога Тре игра нормално без да глуми/изнудува нечесен фаул?
Ова како лоповот што еднаш бил чесен па се лути зошто пак го обвинуваат. :)
 
THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
711
Поени од реакции
1.023
Во моментот кога на моите критики за Тре ти кажа „па и Леброн е плачко“ ти автоматски почна да ги споредуваш нив двајца. Ваљда за да ја релативизираш лигавоста и штетноста од глумењето на Тре, но како и да е - никој не ти ги извртува зборовите. Ниту има потреба, никаква поента не направи.

Врз основа на што дојде до ваков заклучок?
Што всушност мислиш дека е неточно во моите критики за Тре?

И што мислиш, зошто НБА се спрема да ги менува правилата за судење фаули, воедно и зошто баш Тре е спомнуван како најлош пример за несоодветноста на постоечките правила?

Или едноставано мислеше зошто не се фокусирам на (ретките) моменти кога Тре игра нормално без да глуми/изнудува нечесен фаул?
Ова како лоповот што еднаш бил чесен па се лути зошто пак го обвинуваат. :)
Не, мене уствари цела поента ми беше дека го критикуваш Тре, а не ги критикуваш останатите кој го прават тоа, тоа се докажа кога во следниот пост одма напиша како Батлер, Дејм и Лука не ги критикуваш за тоа, под изговор дека се играчишта,а Тре е лузер кој не знае ништо освен да изнудува фаули, така да јасно е дека избираш кого го критикуваш, а кого не според твоите лични мислења и допаѓања а не според факти.

Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против останатите играчи што ги спомнувам, напроти и јас сметам дека се играчишта и затоа не ги критикувам никој од играчите за тој проблем, туку глупите правила.

Толку од мене за таа тема, кажав што мислев и се надевам дека ќе ја средат таа работа со фаулите што може побрзо,а за Тре ќе покаже иднината дали е лузер или победник.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.567
Добро па нели два пати реков дека зборувам првенствено за плејоф серијата меѓу Њу Јорк и Атланта?
Што барам да зборувам за Батлер, Дејм и Лука во муабет за плејоф серија меѓу Њу Јорк и Атланта? За тебе да не ти биде криво што Тре не игра чесно? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom