Eurovision Song Contest (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Овој призна дека е геј. Каков шок, као божем никој не знаеше... :icon_lol:
He's on a bright start...

Класика сега ќе биде ме хејтаат во МК зошто сум геј а врска нема. Исто како едно гејче член што беше овде, гледам се избришало путето, со секој хејт кон Тамара овде си проектираше луѓево дека се хомофобични и го вреѓаат него. Вакви сосила хомофоб ќе те направат.
 
Ги преслушав сите песни во оние видеа од 10 минути кај што секоја песна е претставена во 20 секунди и заклучокот ми е помртва Евровизија никогаш немало. Можда во знак на целово црнило што не спопадна, ху ноус.

На прво слушање, интересна појава е Австралијкава, али она Текниколор, текниколор повторување ми е смешно.

Азербејџанката има интересен арапски мелос кога го изговара Мата Хари делот, али остатокот од песната е мртов.

Израел ме бендиса со Set me Free делот, али кога ја пуштив цела песна и таму, останатиот дел од песната е мртвило.

Австрија и Словенија нек конкурираат со нивните песни на некој поповски конкурс.

Исланд едно 40 години касни со таа музика.

Сан Марино ко да зеле инспирација од српскиве турбофолкери.

Се пресмеав на Молдавија со спотот со сладоледите.

Холандија иде на карта BLM. Мене афричкиот мелос не ме бендисува.

Британија стандард некое песниче ко од UK Top 40 извадено. Ништо приметливо или да ти задржи внимание.

Финска на прва интересна, али кога ќе ја пуштам цела песна, голем дел од песната не им се разбира. Кул музика though.

Не го сфаќам хајпот за Швајцарија. Ланската песна чинам беше поарна.

Бугаринот за Северленд со најмртва песна. Хк, пу, не го признавам за мој претставник.

И за крај Украина. Јагода на шлагот. Се пресмеав на песната (sowing, sowing hemp plants), а богами и на спотот. :D Некој етно украински-техно микс со научно фантастичен спот ко избеглици од Лудиот Макс. Единствено за нив би навивал. Цареви.
 
за крај Украина. Јагода на шлагот. Се пресмеав на песната (sowing, sowing hemp plants), а богами и на спотот. :D Некој етно украински-техно микс со научно фантастичен спот ко избеглици од Лудиот Макс. Единствено за нив би навивал. Цареви.
Мои бр.1 фаворити се! Прејаки! Песната, всушност им беше украинска народна песна, само во таква некоја електро верзија, и траеше над 4 минути. А
Еве го спотот за неа:

После, заради должината, и заради тоа што можеа да бидат дисквалификувани, зашто текстот не беше оригинален, го сменија цел текст, ја скратија на 3 минути и направија нов спот. Новата верзија мене ми е уште појака!

Најоригинални!

Освен нив, и Италија се издвојува, ама не верувам дека може да победат со рок на ESC. И на трето место, Литванија, ама повеќе на стара слава, иако и Discoteque им е кул.
 
што знам не е нешто посебно, дури и напорна станува после 30 секунди слушање украинскава.
 
@Zlatikevichius првата верзија е доста досадна и спотот е неинвентивен и досаден.

Преработката што ја направиле е скроз различна и далеку поинтересна и за слушање и за гледање.

Литванците не ми оставија некој впечаток со песната, али имаа интересен спот ко искочени од филмот Маска.
 
Ukraincive i Poljacive se vlezeni u takva identitetska kriza, abe sekoja evrovizija mora da ne umiraat so toa "SLAV CULTURE SVAROG AND PERUN STRONG"
Не сфатив баш на што алудираш, ама ако мислиш дека имаат премногу етно песни од тие две држави, па и не би рекол баш. Од Украина дури и не се сеќавам на друга таква песна освен овие две од Go_A: Solovey лани и Shum годинава. Полска се обично очајни на Евровизија, па така од нив не се сеќавам на ниту една песна никогаш. Ако е тоа во прашање, повеќе би рекол дека Србија и Босна најмногу замараат со фолклор.

Инаку Украина се една од најуспешните држави на ESC: 2 победи, 2 втори, 1 трето и 1 четврто место, за само 15 години учество (плус една несудена победа, Maruv). Дури и помалку пати од нас имаат учествувано.
 
дури и порталиве навиваат против васето, апсолутно никој нема да го поддржи
 
По пробите нели има новинари кои се присутни таму, и секогаш гласаат кој бил најдобар на пробата, и на крајот од денот ги објавуваат гласовите. Бугаринот убедливо закован на дното! Од тоа што гледав видеа од пресови и реакции, само тој најгеј гејот што постои на светот од Wiwiblogs, Вилијам, рече дека бил outstanding. Се друго -очај. Дури и зборат дека дел од настапот му бил плагијат на овој од Dotter од Melodifestivalen 2020 (делот со ласерот):
 
Шпанскава песна а и спотот е како саундтрак од сапуница каде што Родолфо ги изгубил родителите и после 30 години ја нашол баба му преку братучедкатата на швалерот од мајката на најдобрата другарка комшијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom