Прашани за тоа која земја ја претставувате сите рекоја Македонија. Не бугарија.
Човеков дрско провоцира во кризен период во односите меѓу двете земји и ти пробуваш да го оправдаш?
Во време кога ултра националистичка влада беснее во бугарија?
Ма кој го оправдува, човек? Јас не можам да го смислам. Но не заради тоа што е, или заради тоа што се чувствува некаков, туку исклучиво заради тоа што го направи.
А за тоа дали е ова натпревар исклучиво за песна, а не за националност, прашај ги другите 50ет учесници.
Е па ајде да видиме, по ред:
1. Австрија ја претставува Филипинец
2. Чешка ја претставува црнец од Ангола
3. Франција ја претставува Србинка (татко Србин, мајка од Иран)
4. OK, ај, ова не се смета, зашто сепак е Гркињка, ама Стефанија од Грција е родена и живее во Холандија. Дури и ја претставуваше Холандија на детски Евросонг.
5. Израел ги претставува црнкиња со потекло од Етиопија
6. Пола од италијанскиот бенд Måneskin е од Данска
7. Пејачката што ја преставува Латвија е од Литванија. Два пати пробала да ја претставува својата држава, неуспешно, затоа сега пее за Латвија.
8. Таткото на пејачката од Малта е од Нигерија, поранешен фудбалер. Мајка и е Малтежанка.
9. Руската пејачка е Таџикистанка
10. Пејачката од Сан Марино е од Еритреја. Двајцата родители и се од Африка. Плус, пее во дует со Flo Rida, а тој е доста познат како пејач од Сан Марино!

11. Ксенија Кнежевиќ од триото Hurricane од Србија е Црногорка, ќерка на Ненад Кнежевиќ - Кнез. Тој и ја претставуваше Црна Гора на ESC еднаш. Песната од Србија е на Дарко Димитров, како и многупати претходно. Лани дури и песната од Албанија беше од Дарко Димитров.
12. Пејачот кој ја претставува Шведска е црнец од Конго.
13. Gjon's Tears, еден од најголемите фаворити за победа годинава, претставник на Швајцарија, се вика Gjon Muharremaj и е Албанец.
14. Пејачот кој ја претставува Холандија е црнец од Суринам. Се преселил во Холандија на 20 години.
Ете, ги прашав.
И не се 50, 39 се. Повеќе од една третина од нив не се замараат со националности.