Зоран Кочоски од агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ преку која оди вработувањето на нашите сограѓани на бродови вели дека моментално критериумот вакциниран е во условите за аплицирање, но до август не се знае дали и ќе остане.
Македонците кои сакаат да работат на брод ќе треба да почекаат до крајот на август или до почетокот на септември за кога се очекуваат првите огласи и почетно активирање на индустријата за крстарење. Во меѓувреме можеби ќе треба и да се вакцинираат за ковид-19 и да поседуваат вакцинален пасош.
Зоран Кочоски од агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ преку која оди вработувањето на нашите сограѓани на бродови вели дека моментално само 50 луѓе од земјава работат на брод.
– Тоа се луѓе кои или се затекнале таму или се прегрупирале. Најава за нови огласи има за крајот на август и почетокот на септември кога се очекува ситуацијата во овој дел да биде појасна со оглед дека оваа индустрија цела година е во застој поради пандемијата – вели тој.
Дополнително, додава Кочовски, не се познати и критериумите поврзани со ковид-19, а оние кои ќе се одлучат да работат на брод.
Засега и критериумот вакциниран е внесен во условите за вработување. Тоа важи како за вработените така и за патниците. Но, ЕУ сѐ уште не се одлучила како ќе се однесува во однос на вакциналните пасоши, бидејќи и во Унијата нема доволен број вакцинирано население. По неколку месеци сигурно ќе се знае дали и вакцинирањето, покрај другите критериуми ќе треба да се исполни при вработувањето на брод. Засега само Германија се изјасни дека нема да го бара овој критериум – вели Кочоски.
Во однос на вработувањето во странство, додава тој, нема побарувачка, бидејќи земјите различно се затворени со оглед на ширењето на коронавирусот.
– Состојбата ќе стане појасна по Велигден, односно некаде од мај или јуни кога се очекува земјите да почнат да се отвораат, а бројот на вакцинирани да биде повисок. Моментално и во овој дел не се знае дали ќе важи условот вакциниран за вработување во земјите од ЕУ. Само Германија се изјасни дека нема да го бара овој критериум при вработување на странци – вели Кочоски.
Вообичаено од земјава на бродови работат меѓу 400 и 800 луѓе годишно. Интересот за оваа работа иако спласнува сепак е голем бидејќи платите се високи, а работата трае осум месеци со можност, ако работникот се покажал во работењето, за продолжување.
Се проценува дека индустријата за крстарењa која е најголем вработувач на угостителски и друг вид кадри на брод ќе биде во криза најмалку уште две години и нема да се врати на нивото пред пандемијата барем до 2023 година.