Не ми се веруваше дека Интер ќе освои титула и сезонава, но испаѓањето од групи на ЛШ тотално го смени фокусот и инаетот на тимот. Во вториот дел од сезоната, Милан очекувано падна (да се зајакнеа добро во јануари, ќе имаа сила до крај можеби), Конте во негов манир исцима 1:0, 2:1, држ-недај и дојде до титула.
На почетокок кога дојде во Интер, беше евидентно дека Конте донесе нешто со себе, некоја лудачка енергија, донесе извесна култура на победување, култура загубена по заминувањето на Мурињо.
Ова е негова титула. Интер заслужи на крајот од денот, ја искористи одлично бизарната сезона и околностите, сфати како треба во Италија (солидна одбрана и играч што ќе ти испорача 30 парчиња на сезона) и ете го резултатот.
Е сега, колку и да е убаво во моментов, сметам дека предизвиците за Интер допрва доаѓаат. Конте оо освоен трофеј остава хаос позади себе. Колку што носи кога презема тим, толку, ако не и повеќе зема отпосле.
Тренер што ќе ги искористи сите можни опции, варијанти, кој ќе ги максимизира корисностите.
За да освои нешто, ќе зема и истрошени играчи, играчи кои имаат некое педигре, играчи за на клупа, искусни, играчи за одредени задачи и сл.
Проблемот настанува кога ќе треба истите да се исчистат, а особено кога покрај тоа, нема да добие поддршка од борд и освежување на ростер.
Јангови, Дармијани, Санчези, Гаљардиновци, Перишиќи, чуда...мора да се пронајде купец.
Летово за Интер ќе е клучно. Дали ќе ги снајде судбината на пост-Бенитез, или ќе фатат некој континуитет.