Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Го изр'ка, го исплука филмот, со плунка, со шлајм со сè, а на крајот му даваш 3.5/5. :D

Толку плукање да му удрев ја, ќе му дадев некоја мртва двојка, не 3.5 што ми е оцена за добар филм.

Аида кога го гледав, го гледав без да трепнам, ти што викаш трчале навака-натака ја не се согласувам. Убаво беше замислено сето тоа трчање. Не беше некое мртвило и не знам зошто би очекувал акциони сцени во драма.
Режисерката сакала да изнуди емоции, а не да ти дигне адреналин со Рамбо сцени и експлозии и кај мене изнуди емоции и кај тие сцени кај што беа кај оној Србинот на договори и кога се молеше Аида за фамилијата кај Холанѓаните, и кога комшивката ја молеше Аида да и го спаси синот.

За разлика од Another Round што беше само добар филм, али не изнуди ништо кај мене, дури и досаден ми беше на моменти.

Aко бирав јас, нит Another Round, нит Аида ќе имаа номинации. На нивно место ќе беа иранскиот Sun Children и тајванскиот A sun, a оскарот ќе му го дадев на Better Days.
Сите три филма со универзална содржина, за разлика од локал патриотскиве воени/поствоени драми.

За Ничија земја и "талентираниот" Данис Тановиќ не сакам ни да трошам зборови.
Па добар е бе, ја не реков дека е лош, само можеле уште малце поемотивно. Не акција Рамбо, ама ќе изнудела повеќе емоции ако видовме некое убиство и нешто слично што уште повеќе ќе го прикажеле целиот тој геноцид. Вака се сконцентрира на судбината на само едно семејство.

А што му фали на Ничија земја? Дека е комедија?
Aма затоа од друга страна ќе паѓаме у несвест од кловнувањето на Бењини у Животот е убав. :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.780
Мене и Ничија земја и Животот е убав не ми се допаднаа.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Па добар е бе, ја не реков дека е лош, само можеле уште малце поемотивно. Не акција Рамбо, ама ќе изнудела повеќе емоции ако видовме некое убиство и нешто слично што уште повеќе ќе го прикажеле целиот тој геноцид. Вака се сконцентрира на судбината на само едно семејство.

А што му фали на Ничија земја? Дека е комедија?
Aма затоа од друга страна ќе паѓаме у несвест од кловнувањето на Бењини у Животот е убав. :icon_lol:
Ау, Џони, у срце ме уједе. :(

Магичниот "Животот е убав" го спореди со ебени "Ничија земја". Филмот што е права магија од прва до последна секунда, да се спореди со онаа босанска просечност?

Исто ко "Шиндлеровата листа" да го рамњаш со "Трето полувреме", ах Џони, Џони.

Де погледни ја српска Дара, баш сакам да видам дали тој просек ќе ти биде мастерпис ради убиствата таму. :icon_lol:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ау, Џони, у срце ме уједе. :(

Магичниот "Животот е убав" го спореди со ебени "Ничија земја". Филмот што е права магија од прва до последна секунда, да се спореди со онаа босанска просечност?

Исто ко "Шиндлеровата листа" да го рамњаш со "Трето полувреме", ах Џони, Џони.

Де погледни ја српска Дара, баш сакам да видам дали тој просек ќе ти биде мастерпис ради убиствата таму. :icon_lol:
Не ме терај сеа со сила да го бранам босанскиот и да го минимизирам италијанскиот. Не го споредив баш така ко што мислиш. Што е магија бе жити се, идат у логор и овој се глупира цело време. Ја сфаќам јас поентата на глупирањето негово ама мене тоа нит ми беше смешно нит па нешто посебно емотивно.
И у Ничија земја имаш комедија ама таму не те ни тера режисерот да сочувствуваш. Трагикомичен приказ на војната. Ко тоа едно видео што имаше од војната у Словенија, снимаат еден војник го прашуваат што се дешава и он им вика не знам бе нешто ко они не напаѓаат па ние се браниме.

Не ми наметнувај сеа Шиндлер со Трето полувреме, те молам. :D

Сакав да го глеам тој Дара ама некако почнавте да го критикувате па го одјебав, ај во некое време коа ќе му дојде редот, нејќам вака со сила да го глеам. Ќе запамтам не се секирај, глеј погоре Скиреа 5 години го памтев. :D

Ти па чек бе малце, ако ти е толку врв Аида, штокур си му дал 3.5 кажи ми :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Дали немате никаква врска од пишување сценарија ама отсекогаш сте сакале да напишете филм базиран на вицевине "Си биле македонец, албанец, босанец и србин и влагаат у кафана..." ? Е па... СЕГА ВИ Е ШАНСАТА!!!

1619842445770.png
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Да се зачуди човек како сите сте го оцениле Train to Busan со 3.5 и нагоре.
Крш глума, многу нелогични дејствија и за зомби филм... (n)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Закон филмче е Train to Busan, какви логики какви бакрачи. Pure Entertainment :D
И јас така го доживеав. Онака си седнуваш, крвови, напнатост и тоа е тоа.

Плус во хорор не се бараат логики. Или те плаши или заспиваш.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Психолошките хорори се различни. Ти прават повеќе психлошки терор, напнатост и тензија со помалце scare jumps.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Закон филмче е Train to Busan, какви логики какви бакрачи. Pure Entertainment :D
Кој закон жити сè. Гледам зомби филм, очекувам адреналин да ме мавне, а не да се чудам зошто се толку глупави ликовиве.

Таткото наместо да го рокне со некоја шипка оној костумисаниот, зеде да го гушка. :eek:

Оној ропакон што ја изгуби девојката, си ја стави во скут да ја плаче и си ојде и он. Жива глупост.

Се тепаат со зомбињава, ама само ги удараат по стомак и бегаат ко мали деца. Не ги убиваат, си се шетаат без никаков предмет со кој би се заштитиле... :tapp:

Shaun of the Dead e оскаровец за филмов.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Deja Vu (2006) so Denzel Vasington..


Samo sto go izgledav i da ti bil prejak filmov.. Obozavam filmovi sto te drzat vo neizvesnost do samiot kraj.. interesen film, ne ti dava da trepnes od pocetok do kraj
Вакви филмчиња шо се те држат у незивеност до сам крај да препорачате буразери! Немора д ае исти жарн али да те возе. Иначе имам го гледано Деџаву. 11 од 10 е за мене.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Вакви филмчиња шо се те држат у незивеност до сам крај да препорачате буразери! Немора д ае исти жарн али да те возе. Иначе имам го гледано Деџаву. 11 од 10 е за мене.
Еве прво што ми текнува....во тој стил
Војник, открива дека е дел на експериментална владина програма.......со цел да најде бомбаш во воз за 8 минути.....одличен филм
Американски детектив....оди во психијатриска болница....што се наоѓа на островот Shutter каде што треба да направи истражување за бегство на еден убиец од болницата......крајот е вистинско шокирање.
Специјалец треба да успее да извлече информации од терорист.....за бомби поставени на повеќе локации во САД......кои ако експлодираат ќе има огромен број на жртви. Методите на испитување.....се посебни.
Дете кое комуницира со духови......бара помош за тие ситуации од детски психолог.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom