Зошто гледаш од една страна ?
Организираат натпреварување и се откажуваат од другото натпреварување.И двете се приватни, односно не припаѓаат на матичната лига. Значи автоматски матичната лига е навредена зошто нема да лапа дел од парите што ги носи еден од овие дванаесет тима во лигата.И наместо парите да се враќаат назад на тимовите кои го носат реномето на лигата, таа ги дели на сиротињи од типот на Барнли да ги гледам очобол и да фатам катаракта, Кристал Палас кои држат еден играч и секоја година го продаваат за 10-20мил плус итн.Гиганти се и може што сакаат да прават, никој не им е крив што истата таа организација вложувала во нив и ги маркетирала за да лапа поише пари пошо и било полесно тоа отколку да го направи Фулам да биде Челзи или Манчестер. Доколку размислиш малце подлабоко ќе сфатиш дека потегов е ок и на место. А вие сите што се крстите во ПСЖ откако лапнаа организација на цело светско првенство среде никаде, сте страшни во најмала рака бедни.
Види, од бизнис аспект тоталка ги разбирам овие големциве ама како европјанин мене ме заболе курот за Филипинцине или Кинезине исто како што Глејзери ги боли курот за мене и сакаат да си праат пари.
Но јас пред се сум фудбалски фан, сум почнал овој спорт да го пратам поради одредени принципи, традиции и прв пат коа сум упалил ТВ фудбалската магија допрела до мене, а не комерцијалната преку ЕПП на полувреме.
И ФИФА и УЕФА сум ги ругал и ќе ги ругам, по стадиони и трибини на еропски утакмици на Вардар сум фрлал со дрва и камења по овие, но кога би бирал едно од две зло, би го одбрал помалото.
И не се слагам со тоа дека не би го гледал Манчестер против Барнли кои се копачи или Палас. Претпоставувам и сам знаеш како фан каков е филингот кога ќе им акнеш гол на некоја бункер екипа у 88 минута и кои емоции искачаат од тебе дур гледаш.
Јас лично оваа лига нема да ја гледам, ниту пак Манчестер во било кое друго натпреварување.