Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.307
Поени од реакции
10.320
[.


:facepalm:
Каква врска има ова со фудбалот жити се?


Кога вложуваш Х а добиваш Z , а според тебе треба да добиеш Y еден ден ќе најдеш начин да дојдеш до тој Y. Фудбалот е бизнис колку побрзо го прифатите ова толку подобро. Не ги подржувам тимовите за оваа одлука, само објаснувам зошто го решиле ова. Win win ситуација за сите 12, или ќе лапаат билиони или билиони.Дека ќе ги банираат и ќе згаснат гигантите мало морген, многу пари се во игра за да решава моралот и нечиви суети.А за крај тргни од себе дали утре ќе работиш за друг газда ако ти понуди 10,000 евра и за 10 години ако имаш потенцијал и финансии не би отворил своја кладилница или компанија за тоа што се бавиш сега.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Уживам во плачењево на Цеферин. Типовите направија полуприватна ЛШ со 16 екипи од 4 лиги, ама Суперлигава ќе го уништела фудбалот. Корумпирана стока, која милион пати е фатена како брца во медот, со нивните другари од ФИФА кои ќе организираат СП во Катар во декември за голем рушвет ќе се понашале на брендовите. Јако им го турија Ањели и Глејзер на раководствово, кога им велеле све е океј. :pos: Нека се чадат сега или па нека се фатат за работа да ги интегрираат помалите земји, а не Гладбах, Наполи и останати непостоечки клубови, со никаква традиција и неколку полутрофеи да се отепуваат од пари од ЛШ само зашто биле во Лига со Баерн или Јуве, а Источна Европа да има по 1-2 претставника во крајните фази. Дај нека избалансираат тие борците за правата на помалите, а не да удираат на раката од која јадат леб.
Гладбах има повеќе титули од Тотенхем , а во Европа и двете имаат по две титули во Уефа куп и по едно изгубено финале во ЛШ.
Реал и Барса што според некои процени должат заедно 2 милијарди ги хранеле другите :icon_lol:
Сами се закопаа во долгови па сега ајде да смениме начинот на игра, секако пак ќе бидат во големи долгови. Сега плаќаа 100 милиони евра потоа ќе плаќаат 200 милиони за трансфер плус поголеми плати па за 10тина години пак ќе пробаат да сменат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.384
Поени од реакции
36.319

Демек објаснувањето за супер лигата
Во одреден дел има право за новиот вид на фудбалски фан. Со интернетот и кабелската телевизија на глобално ниво, некои клубови добија илјадници фанови и станаа дефакто глобални клубови со приватни сопственици кои чисто формално се врзани со некој град. Утре да ги затворат портите на своите стадиони нивната глобална гледаност нема да трпи. Кур го заболело некој во Кина или Тајланд што купува по 15 дреса од Ливерпул што сеа некој локалец од Ливерпул со три генерации сезонска карта кине коси и се нервира. И на клубот од профитна гледна точка побитен му е тој од Кина него ли овој што живее на 50 метра од стадион, ако првиов троши повеќе пари.

Решението на Ањели е приватна лига со богаташи кои ќе станат уште побогати со спонзорства и ќе купат се што не е дел од таа лига па ќе имаат по три тима, и со тоа ќе се нуди максимална забава за потрошувачот. Нормално он и сите овие богаташи си гледаат за максимизирање на профит. Кур ги заболе нив за фудбалот и дали изгубиле или победиле со некој послаб тим. Нив им е најбитно Противникот колку пари ќе им донесе.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
21.794
Ја ко ви реков дека ни пластичниве ни шеиксите ни инвесторите и други елементи кои немаат допирна точка со фудбалот се лоши имаше сеир. Битно Меси, Нејмар и други нека земаат 100м плата годишно. Ете дојде криза година дена пола елита пред колапс (малце претерувам).
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.939
Поени од реакции
13.959

Dobar podcast na srbite,slusnete :D
Да, интересен подкаст (барем денешниот :)) Да пробам да сумирам...

- Ова што сега се случува во фудбалот, од што произлегува и новиот концепт, не почнало нити вчера, ниту пред десет години, туку пред триесет. (Според мене уште порано) Веќе триесет години имаш само привидни шанси, за да ја исфураш таа романтична приказна.

- Клучно е кај кого ќе се парите...

И УЕФА, свесна во кој правец се оди, веќе има испланирано реформирана ЛШ (веќе се знаеше), по планираните термини изгледа не многу пошироко натпреварување од ова што го претставија вчера, иако со некоја разлика околу тоа од кои држави колку ќе се пласираат, но и таму имало опција за вајлд карти.

Сега веројатно овие од новата лига ќе попуштат малку некаде... можеби минимално ќе го прошират и на некој друг начин ќе ги "поткупат" другите.

Не е јасно, по кој критериум ќе се влегува.

- Нема назад, потпишани се договори со банка, така да со откажување ќе следуваат големи пенали.

-УЕФА (корумпирана организација, која троши туѓи пари), е ставена пред свршен чин и не може ништо да направи.

-Навивачките протести ќе имаат ефект исто како и некогашните околу Манчестер Јунајтед.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Гладбах има повеќе титули од Тотенхем , а во Европа и двете имаат по две титули во Уефа куп и по едно изгубено финале во ЛШ.
Реал и Барса што според некои процени должат заедно 2 милијарди ги хранеле другите :icon_lol:
Сами се закопаа во долгови па сега ајде да смениме начинот на игра, секако пак ќе бидат во големи долгови. Сега плаќаа 100 милиони евра потоа ќе плаќаат 200 милиони за трансфер плус поголеми плати па за 10тина години пак ќе пробаат да сменат.
Дај долгови и солвентност за сервисирање на Реал и Барса ако не ти е тешко? Дали некоја рата не исплатиле или нешто слично? Или маркукуле напишале дека пропаѓаат Реал и Барса, па им текнало Лига да прават?
Вие од Срањерн фановите со Спасо на чело можда 10 години чекате Реал и Барса да пропаднеле, како Србите што викаат дека САД и ЕУ се готови муабетов со пола литро пиво во џамено шише, месен нарезак со вегета седнати на дрвена клупа пред селска коперација.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.945
На сите оние вработени во клубовите чиј буџет ќе биде намален заради скратувањето на добивките од домашното првенство, ТВ правата, европските натпреварувања, итн. Посебно ќе бидат погодени тимовите во Англија, Шпанија и Италија.

Супер лигата само ќе ги збогати веќе богатите, а ќе ги осиромаши уште повеќе тие под нив.
Ахам, и кога Евертон ќе зема помалку пари од ТВ права, нема да ги намали милионските плати на играчите, туку ќе го отпушти масерот и домарот? :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.625
Поени од реакции
21.909
Кога вложуваш Х а добиваш Z , а според тебе треба да добиеш Y еден ден ќе најдеш начин да дојдеш до тој Y. Фудбалот е бизнис колку побрзо го прифатите ова толку подобро. Не ги подржувам тимовите за оваа одлука, само објаснувам зошто го решиле ова. Win win ситуација за сите 12, или ќе лапаат билиони или билиони.Дека ќе ги банираат и ќе згаснат гигантите мало морген, многу пари се во игра за да решава моралот и нечиви суети.А за крај тргни од себе дали утре ќе работиш за друг газда ако ти понуди 10,000 евра и за 10 години ако имаш потенцијал и финансии не би отворил своја кладилница или компанија за тоа што се бавиш сега.
Фудбалските тимови не се лични поединци па една одлука да се базира само на финансиска криза која не е ненадминлива.
Не е нешто што за кое треба да одлучат индивидуи кој интерес им е само парите и зголемување на онака огромното богатство.
Фудбалот е бизнис, ама па куров ми претераа со овој бизнис. Идеш на стадион, на врвот си седнат и од таму гледаш точки и плаќаш 50€ а утакмицата е Реал Мадрид - Еибар (ова само пример, појма немам, може е и повеќе од 50€)
Сега со овие промени знаеш ли колку ќе биде карта да гледаш Реал М. - Јувентус или Интер - Челзи?
Епа најди тука Y и ќе сфатиш дека фудбалот ќе стане спорт на богатите. Едно идење на натпревар има да ме кошта колку одмор во Шпанија една недела.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.827
А што ако сега Баерн, Дортмунд, ПСЖ и другиве екипи најават своја лига?

Финансирана од банките на Кина, 500 милијарди по екипа?

СУПЕР СУПЕР ЛИГА да се вика?

:vozbud: :vozbud: :vozbud:

Замисли го па така квалитетниот фудбал?

Ќе можам да си гледам квалитетен фудбал како ПСЖ-Баерн наместо Арсенал-Милан и таму некој си дуел на Анте Ребиќ и Гранит Џака?
Ма како не бе! Ќе си гледам Нејмар-Левандовски :vozbud: :vozbud:

И пошто 500 милијарди од екипа ќе има...автоматски екипи ко Наполи, Порто, Ајакс и слични ќе имаат пари да ги купат најјаките играчи од Супер Лигава..пошто овие со 3.5 милијарди нема да можат да ги задржат!

:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Инаку, во ракометната ЛШ и Евролигата, екипите што играат лагано си освојуваат лига.

Вардар лагано си тепа во македонска лига. Пик Сегед и Веспрем исто.Барселона билион мечеви нема пораз во Асобал.

Во Супер лигава......50% од екипиве се мачат против "nebitnite tamu koj gi glea hhh"
Кога веќе спомна, во ракометот веќе од пред неколку години имаат визија за светска лига (нешто налик ова), но сега за сега е на стенд бај. Не е невозможно во наредните години да се случи и таму ваков бум.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.693
Поени од реакции
1.603
Ова може доста поволно да биде со ТВ права, ако на пример ДАЗН ги има правата за Шпанија, Италија, УК (тешко најверојатно само за Шпанија ќе имаат пошто се такви педерчиња и останатите земји гледаат со ВПН), кога ќе се вклучат и Азиските, Кинеските и богатите Американски телевизии, тука стави и БеИн и локалните телевизии како Арена, Спорт Клуб. Може многу пари да поделат фаундерите на лигата меѓу себе.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
21.794
А што ако сега Баерн, Дортмунд, ПСЖ и другиве екипи најават своја лига?

Финансирана од банките на Кина, 500 милијарди по екипа?

СУПЕР СУПЕР ЛИГА да се вика?

:vozbud: :vozbud: :vozbud:

Замисли го па така квалитетниот фудбал?

Ќе можам да си гледам квалитетен фудбал како ПСЖ-Баерн наместо Арсенал-Милан и таму некој си дуел на Анте Ребиќ и Гранит Џака?
Ма како не бе! Ќе си гледам Нејмар-Левандовски :vozbud: :vozbud:

И пошто 500 милијарди од екипа ќе има...автоматски екипи ко Наполи, Порто, Ајакс и слични ќе имаат пари да ги купат најјаките играчи од Супер Лигава..пошто овие со 3.5 милијарди нема да можат да ги задржат!

:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:
Има таква лига, Бундеслига :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom