Не можам да ги читам сите коментари али од она што може да го забележам низ интернет просторот е дека идејата за Супер Лига наиде на доста критики и негодувања од фановите, фудбалерите, новинарите итн. Голем проблем кај грото е неинформираноста и носење на заклучок со вжештена глава. Јас сум со ставот за било која ствар у животот да се гледаат двете страни на паричката. Она што можев да го прочитам за фамозната Супер Лига е малку и недоволно за да се формира конкретно мислење, ама од друга страна барем мене ми е доволно да си го кажам своето мислење во врска со лигава и правилата.
Искрено, лига каде што не можеш да испаднеш за мене нема поента, едноставно ќе се изгуби дражта на фудбалот. Сеа гарант некој ќе ми улета со НБА моделот ама да се разбереме уште од старт, НБА и европскиот фудбал немаат допирна точка. САД е земја составена од колку беа таму 51 држава, додека Европа е континент кај што има милион различни земји со различни Влади, начини на функционирање, даночни политики, макроекономски политики итн итн... Тој модел во европскиот фудбал едноставно НЕ Е ДОБАР, невозможен, како сакате сеедно. На страна финансискиот аспект, фудбалот е спорт за кој се живее, милион пати сме биле сведоци на епски натпревари, пресврти, тепање на големи клубови од страна на мали, и сега зошто побогу тоа да им се ускрати? Зашто да се создава приватна лига? Верувам дека фијаското со ФФП кое го доживеа УЕФА може да се надмине и на други начини, а не со формирање на ваква лига. И мој Интер за жал спаѓа во оваа багра што стискаат за Супер Лига и ако гледаме од финансиски аспект тоа им одговара, ама налет тоа кога ќе се изгуби почитта према клубот од страна на неутралните фанови, а и мене ќе ми се згади животот општо од лигава.
Од мене категорично НЕ за лигава.