Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Барен може ќе остане, али со кои играчи?
Ете Ерера нека оди да игра таму штом се заљубил во фудбалот каков што бил порано.

П.С. Да се потсетиме на каков договор е Ерера во ПСЖ

1618842884700.png
 

Реално немаше теорија да се одлучат клубовиве на ваков потег без да се сигурни во исходот и без да му се покриени сите можни сценарија.

Чеферин можи сега да се пењави, нервира и заканва пошто го дупеле, ама на крај ќе мора во најмала рака да седни на маса и да напрај некаков компромис, или уефа ќе се сведи на селска задруга.

Како и да ја свртиш, супер-12кава ќе биди голем фактор во сите фудбалски одлуки од сега па натаму.
Ко некој стриповски крајм синдикат со план за светска доминација ми се, од фаците на чело, преку цела covert акција и договарање, до драматичното обелоденување на плановите сношти.
 
Ама и вие заебавате сега, небаре УЕФА и ФИФА имаат адвокати кои само што положиле правосуден.
 
Ете Ерера нека оди да игра таму штом се заљубил во фудбалот каков што бил порано.

П.С. Да се потсетиме на каков договор е Ерера во ПСЖ

Прегледај го приврзокот 292684
Како е ова поврзано со тоа што 12 екипи сакаат да се одделат и да направат своја лига?
 
Супер. Нека се тестира влијанието на овие 12 тима и да видиме дали се толку моќни или ќе го јадат наредни 3-4 години додека да се вратат.
Баш размислував нешто, сакав да дупчам некој од другарите дека нема да му игра клубот у супер лигава, и не знам ни еден што не навива за овие клубови. Така да може им е добро пресметано, тргај си од себе чисто сумљам дека некој нема да си го глеа својот клуб каде и да игра.
 
Како е ова поврзано со тоа што 12 екипи сакаат да се одделат и да направат своја лига?
Па нигде не кажа дека е поврзано, со постов сака да го покаже лицемерието на Ерера. Јас барем така ја сфатив @Ilumious
 
Како е ова поврзано со тоа што 12 екипи сакаат да се одделат и да направат своја лига?
Поврзано е што тука се бае нонстоп дека фудбалот се сакал и дека не било до парите.
Ондак што мајка бара да иде во ПСЖ кајшто се парите и за 350 илјади неделно,што не отишол во Билбао во родниот град да игра ако толку го сака фудбалот???
 
Како е ова поврзано со тоа што 12 екипи сакаат да се одделат и да направат своја лига?
Поврзано е преку фактот што ликов се тригерираше уште сабајлево да даде мислење за играта и дека играта не е тоа што била а лани си замина за ПСЖ да лапа плата и да дреме на клупа. МЈ му нудеше 200,000 кои ни Рашфорд а ни Фернандеш сега не ги земаат а придонесот им е х 10 поголем.

Види го подоле во изјавана, вика супер град е Париз за живеење, од што нема што да излаже дека првично по пари е дојден.
 
НЕЕЕЕ !!! Сакам сите клубови од ова суперлига да добиjат БАН за сите првенства !!!

Во спротивно што? Ќе им го оспориш идентитетот?



* хихихихи мала шала соседу, да ја спуштиме топката
 
Ако ги исфрлат клубовите од лигите секако повеќе ке изгуби лигата , пример во Шпанија борба за титула Севиља и Реал Сосиедат ..
Во Англија за титула ке се борат Евертон и Лестер .. смешно е ова .. нема логика да ги исфрлат ке биде катастрофа ..
 
Кога зборувам, зборувам во име на цела фан база на Реал Мадрид, подржан од мојот компатриот @blanco.

Ние сме за нова Супер Лига, РЕАЛно досадна е веќе ЛШ, немаме никаков предизвик. Се сме постигнале, 5 титули по ред, титули со две Галактикос екипи, титула на среќа добиена, титула со судиска помош добиена, три титули по ред во новиот формат.. едноставно нема предизвик веќе ова натпреварување наречено Лига на Реал Мадрид.

Сега идеме со нешто ново, нешто свежо, нешто кај што пак ќе имаме 10+ титули, нешто што пак ќе го издоминираме и ќе го прекрстиме во Супер Лига на Реал Мадрид.

Па после тоа ново натпреварување ќе си измислиме, тркалото врти.
А јас ќе си земам за право да го соопштам ставот на Фан Клуб Барселона.
Од една страна, ние сме изрично против ова натпреварување во кое секое коло би биле торпедирани од екипи како Ливерпул, Јуве, Сити и остали. Ние сакаме да си ја задржиме традицијата создадена последните неколку сезони, да бидеме торпедирани само еднаш во сезона, па после тоа фино лепо си отпаѓаме, правиме ремонт на екипата во нашиот фан клуб и чекаме нова сезона и ново торпедирање.

МЕЃУТОА, од друга страна, сега за сега не го отфрламе целосно овој предлог за ново фудбалско натпреварување, затоа што позитивна работа е што во истото нема да учествуваат Баерн, ПСЖ и Рома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom