Значи не се знае кај се тера ...Од она ја што знам е дека Чаневски е пред договор со Вардар, практично ќе се мењаат голмани со Еурофарм.
Титулата останува во Скопје, тоа е сигурно. Оваа победа денес има двојна важност.
Како воопшто има логика тоа, ако е вистина.Од она ја што знам е дека Чаневски е пред договор со Вардар
Не ме чуди воопшто мене, али подобро просечни резултати, но да има редовно и навремено сервисирање на обврските, отколку клуб загушен во долгови. А да не заборавиме дека основата, костурот на европскиот првак е од времето на Михо. И тоа нешто говори...Михајло ни е спонзор сега, не знам зошто ве чудат вакви муабети, посебно постарите фанови на клубов. Добро е што ќе го земеме Гурбиндо на поклон ради тоа што ќе се жени тука, ако се успее на ист принцип да се убеди Карачиќ да се врати или на носталгија некој ко Скубе, ма да не верувам и тоа ни е плафон за засилувања. Другото се знае, репрезентативци на Србија кои не можат да изградат добра кариера надвор и наши играчи што може да се собере.
Апсолутно, не го напаѓав Михајло дека го уназадува клубот туку дека толку му се можностите на него. Во однос на дискусиите на темава и тоа што си го пишал за костурот на тимот, сега да се донесе некој Абутовиќ коментарите пак ќе бидат клубов не знае кај иде, што прави...Не ме чуди воопшто мене, али подобро просечни резултати, но да има редовно и навремено сервисирање на обврските, отколку клуб загушен во долгови. А да не заборавиме дека основата, костурот на европскиот првак е од времето на Михо. И тоа нешто говори...
Која беше логиката да се носи отпуштениот од Еурофарм Алушевски за тренер? Силјан е многу помоќен финансиски од Михајло, моментално сме сеуште значително подобри од нив благодарејќи на играчите од шампионскиот тим и името направено изминативе години во Европа што ни овозможува да привлекуваме солидни играчи за моменталните можности. Како ќе поминува времето очекувано е таа разлика во однос на Еурофарм само да се топи, не да се зголемува.Сите знаеме кој е плафонот, ама да се враќа 33 години голман што до пред некоја година бранеше во Вардар Јуниор, нема смисла. Да го носиме вториот голман од главниот конкурент во домашното првенство, екипа која е значително послаба од Вардар, за да ни биде нас втор или трет голман нема логика.