Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.819
Ако остане Борко у екипа уште сега можеме да туриме пепел за наредната сезона.Кизиќ со Периќ напредуваше страшно, и да останеше Дејан ќе станеше голманиште. Но сепак пак тука ќе играше улога Вардар колку ќе му дадеше шанса да брани, пошо голман се станува со бранење а не со седење на клупа.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
2.158
Јас мислам дека Борко ќе остане, за жал. Ама ќе видиме, му истекува договорот на лето.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
268
Поени од реакции
346
Зема Вардар некој денар за Кизич?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
269
Поени од реакции
461
Поголема загуба од заминувањето на Кизиќ е останувањето на Борко.
Заминува млад голман со недопотврден потенцијал кој реално после потпис на Томовски би бил 4-та опција. Останува (засега најверојатна варијанта) искусен голман кој има премногу променливи настапи, а од искуството што го има пренесува само негативна енергија.
 

Riddler

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.176
Поени од реакции
8.272
Голман е можеби најтешко да се проценит како ќе се развиват лошо е за Вардар шо си губит дете од негова школа не треба барем и оние неколку талентирани деца шо излегуваат да ги испуштаат лесно. Кизиќ е потенцијал во моментот што сум го гледал имат недостатоци пред се лошо се позиционират ама то со искуството идет исто и проблем со удари од далечина. Со саглам тренер детево имат огромни шанси да биднит нешто ако и самиот се посветит 100% незнам колку е клуб ко Пелистер за него во моментов мислам му е лош избор.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.463
Поени од реакции
2.244
епа сега талент е или не е, го бива, не го бива? o_O
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.557
Поени од реакции
17.484
Претеравте некако. Од кај знаете дека е преценет на 20 години? Тоа може да се каже за Талески на 25 години, ама Кизиќ е ептен ептен млад за да биде прогласен за преценет. Како ќе му се развива кариерата ќе видиме.
Од друга страна на Торко чим му завршува договорот чао пријатно. Нека бара ангажман во Металург или некој таков сличен клуб. Зашто јасно е како ден дека ако Торко стане трет избор секој втор ден ќе сере по медиуми. Немам појма зошто типов е толку толериран, далеку е од класа за да се однесува со таа дрскост.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
1.967
Поени од реакции
3.492
Можеби на краток рок не губиме ништо, ама на долг рок со Кизиќ може и да изгубиме многу, ако развојот му оди во нагорна линија. Премалку бранеше сезонава за да се оценува праведно, лани точно е дека доби шанса поради слабите партии на Гедбан и Кугис ама истата си ја искористи и имаше солидни партии, не е фер сега да кажеме дека немал потенцијал. По мене, прелесно се откажаа од него, со Томовски можеше да бидат решение на долг рок, мнооогу подобра опција ќе беше година-две позајмица па после да му судиме за потенцијалот. Друга работа е, што како најистакнат кој се приклучил од младинскиот тим прелесно го исфрлија од состав, што не дава надеж на останатите млади кои би сакале да се пробијат во првиот тим, па во иднина може многу лесно и други деца да изгубиме. Уште пожално е ако ја изгуби позицијата на сметка на останување на Борко во тимот уште една сезона, искрено се надевам дека нема тоа да се случи ама натака ми иде работата. Едино позитивно во случајов е дека веројатно ова значи Кантрагел останува.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.347
Поени од реакции
2.753
Не го земајте толку трагично заминувањето на Кизиќ,не значи дека ако потпишал за Еурофарм дека цел живот таму ќе брани,потпиша 3 годишен договор,ако се развива како треба може да го вратиме,сигурен сум дека тогаш ќе го избере Вардар пред Еурофарм,секако ако нема понуда од некој појак клуб.

Ова е тактички од наша страна,го пративме во Битола да се развива,после ќе си го вратиме. :D
 
Член од
23 март 2017
Мислења
139
Поени од реакции
122
Tesko deka ke bide nesto od kizic osven eden prosecen golman, na natprevarite lade branese poveke brkase muvi, nisto posebno takvi talenti kako nego gi ima na sekoe kose,....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
27.928
Поени од реакции
52.384
Реков и претходно дека тешко ќе биде на гостувањава. Добро е што тепавме кај Бутел и Охрид таму.
Знаев дека ќе се мачиме со Металург, несериозно се влезени во утакмицава и во таков наптревар лесно може да тргне возот низ брдо.
Ако денес изгубиме бодови, толку е од титулата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom