Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
2.441
Поени од реакции
4.293
Очито му било речено на Кизиќ дека статусот ќе му биде ист, а може и бетер наредната сезона па на заеднички интерес си заминува. Искрено го сакав детево, ептен ми се засвиѓа како бранеше, меѓутоа со минутажата која ја добиваше кај нас само ќе уназадуваше. Е сеа прашањето е што ќе добие и кај Стерјофармација, пошо египјанецот им е прв голман, једино Кизиќ као втор па да делат минутажа. Во секој случај нека му е со среќа и нека напредува у кариера што секако би било добро за иднината на репката.
 
Член од
31 август 2020
Мислења
74
Поени од реакции
230
Без да помисли некој дека сакам да терам некоја контра у оваа ситуација , ама мое мислење е дека Кизиќ беше реално преценет како екстра талент !!!
Уште една варијанта на Талески и слични македонски “таленти” кои ни се гледаат екстра талентирани и надарени , а реално не се ништо особено.
Дечкото доби шанса само на основа на тоа што Гедбан и Кугис беа дрва , шансите што ги имаше оваа година ич ама ич не ги оправда , така да тоа е тоа . Томовски е Штербик за него и реално е да си останеше ќе беше трета опција и оваа година после Кантрагел и Томовски .
Дај боже да сум грешка и дечкото да успее да се наметне и у Еурокрем и у репрезентација
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
877
Поени од реакции
1.808

Хахахаха, сакав и јас да пишам, ама ај викам да не испаднам хејтер. Кој сака нека се наврати наназад на моите постови, ќе види дека веќе некое време коментирам дека дечкото е преценет. И други членови на форумот го делеа тоа мислење ко што памтам. Можеби и ние имавме преголеми очекувања.
Веројатно сме сентиментално врзани со Кизиќ, бидејќи го следиме со години. Кога како огромен талент влета во првиот тим. И за жал остана вечити талент ко Тале, со тоа што вториов бар напраи трансфер во Рајн Некар (свака част на менаџерот негов).
Годинава имаше по некоја добра утакмица, се друго просек. Ич не беше константен. Профил на типичен македонски голман. Да не збориме какви пацерски голови примаше. Бркање муви.
Па дури и лани покрај Гедбан и Кугис, беше повеќе експониран заради тоа што добиваше повеќе шанса. Па и малион Гогов имаше некои ок утакмици лани кога ќе видиш.
Мое мислење е дека не губиме ништо, времето ќе покаже дал сум во право.
Во секој случај, нека му е со среќа, нека го служи здравјето и нека го достигне тоа што го очекувавме. Репрезентацијата ќе има корист секако.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.004
Поени од реакции
3.023

Мое мислење е дека ова е една од поголемите трансфер грешки на Вардар.

Кизиќ имаше феноменални утскмици кога добиваше солидна минутажа и беше во фпрма, сеа кај сезонава немаа константни утакмици па одозгора на тога (з.з) и Боеко зимаше минутажа пред него и Кантегрел. Му ја уништија сезоната и на Кантегрел они двакца да делеа минутажа многу подобро ќе беше. Колку пати само со влегување на Кизиќ се врзуваа 3 4 одбрани и Вардар влагаше у ритам

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.737
Поени од реакции
56.515
Апсолутно преценет играч.

Плафон не поголем од типот на Чаневски, Ајварот и Дупјачанец.

Врвот ќе му биде романска лига.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
1.250
Поени од реакции
2.793
Воопшто не би се согласил со мислењата погоре дека не е талентиран. Лично сметам дека е поталентиран од Томовски на пример, иако Томовски има малку подобри физички карактеристики од него. Дека правел, прави и ќе прави глупави грешки, да апсолутно нема збор околу тоа. Ама ако реално сте очекувале нешто различно од голман кој пред нецели три месеци направи 20 години, тогаш веројатно проблемот е во вашите очекувања.

Сме зборувале многу пати на форумов. Голманската позиција е многу поразлична од сите други позиции во ракометот и веројатно и најспецифична заедно со пивотменската. Голманите многу подоцна созреваат, односно многу подоцна влегуваат во некаква си поконстантна форма. Кој знаеше дека Де Варгас од Барселона може да прерасне во одличен голман пред 2015-та година? Веројатно само оние стручни лица кои работеле со него. Го шуткаа по позајмици со години (играше неколку сезони и за Тулуз и за Гранолерс) се додека не наполни 25-26 години и почна да покажува дека може да се наметне како прв голман.

Она што можев да го забележам и кај Борко и кај Кизиќ е дека формата им отиде во надолна линија по заминувањето на Периќ во Берлин. Ако сакаме да бидеме сериозен клуб, тогаш тренер на голмани е must. Во светот на ракометот сеуште еден куп клубови немаат, меѓутоа ако од секогаш се зборува дека голманот е пола тим тогаш навистина не гледам зошто да нема човек кој ќе ја работи таа работа во секој клуб.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
1.571
Поени од реакции
2.442
Поглуп трансфер здравје. Отиде од една екипа кај што нема да брани во друга. И тоа уште на три години потпишал. Не е никаква загуба ова ако доаѓа Томовски. Јас и претходно сум пишувал тука дека и јас сметам дека е преценет. Но, се согласувам со Chronysync во тоа дека голмани малку се тешки за проценка. Ама во овој случај мислам дека ништо не губиме сега.
 
Не губиме ништо во моментов и јас размислувам исто.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.360
Сме зборувале многу пати на форумов. Голманската позиција е многу поразлична од сите други позиции во ракометот и веројатно и најспецифична заедно со пивотменската. Голманите многу подоцна созреваат, односно многу подоцна влегуваат во некаква си поконстантна форма.
Точно. Штета што си отиде, затоа што имаше голем потенцијал. Само што мислам дека ни ваму нема да добива шанса пред оној од Египет или Чаневски (а и Благојче им е тука, уште Колев им фали).

Најјако ми беше кога Митревски им кидна, па после коментари од фановите нивни како тој не го бивало на битни утакмици (а секое коло скоро беше во топ5 избрани одбрани од ЕХФ и константно двоцифрен број одбрани си збираше). Да се чудиш..
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
877
Поени од реакции
1.808
Воопшто не би се согласил со мислењата погоре дека не е талентиран. Лично сметам дека е поталентиран од Томовски на пример, иако Томовски има малку подобри физички карактеристики од него. Дека правел, прави и ќе прави глупави грешки, да апсолутно нема збор околу тоа. Ама ако реално сте очекувале нешто различно од голман кој пред нецели три месеци направи 20 години, тогаш веројатно проблемот е во вашите очекувања.

Сме зборувале многу пати на форумов. Голманската позиција е многу поразлична од сите други позиции во ракометот и веројатно и најспецифична заедно со пивотменската. Голманите многу подоцна созреваат, односно многу подоцна влегуваат во некаква си поконстантна форма. Кој знаеше дека Де Варгас од Барселона може да прерасне во одличен голман пред 2015-та година? Веројатно само оние стручни лица кои работеле со него. Го шуткаа по позајмици со години (играше неколку сезони и за Тулуз и за Гранолерс) се додека не наполни 25-26 години и почна да покажува дека може да се наметне како прв голман.

Она што можев да го забележам и кај Борко и кај Кизиќ е дека формата им отиде во надолна линија по заминувањето на Периќ во Берлин. Ако сакаме да бидеме сериозен клуб, тогаш тренер на голмани е must. Во светот на ракометот сеуште еден куп клубови немаат, меѓутоа ако од секогаш се зборува дека голманот е пола тим тогаш навистина не гледам зошто да нема човек кој ќе ја работи таа работа во секој клуб.
Се сложувам со твојот коментар речиси во целост, освен во делот дека Кизиќ е поталентиран од Томовски. Барем според мое мислење не е. Памтам прв пат кога го гледав против нас во дресот на Металург. Момакот покажа таков спортски инает, што не памтам дека сум видел кај нашиве голмани (евентуално кај Банда). Гризеше за секоја одбрана.

И во ситуација Марко да останеше со Томовски и Кантегрел, реално ќе беше трет голман. А да не збориме ако Борко игра и следната сезона, бидејќи нигде не најавува пензионирање или па да купиме уште еден голман, Кизиќ ќе беше четврта опција и ќе бранеше само со Струга и Работнички.

За се друго се согласувам. Факт е дека голманите созреваат подоцна, нека израсне во нов Штербик - прв ќе се извинам. Само не сум сигурен колку ќе има можност да биде првотимец и во Еурофарм.

Факт е дека многу ни фали Периќ, иако и он не семоќен кога има дрва ко Гедбан и Кугис во ростерот.

И факт е дека можеби не доби доволно шанса, ама прочепкав во неговата статистика од оваа година и мора да признаете дека освен едната со Елверум се друго е просек. Сезонскиот просек му е околу 20%, што не е доволно за да се направи разлика. Не успеав да најдам статистика од првата со Мешков, а не ни барав од утакмиците во домашно првенство.

ЛШ
Фленсбург (Д) 2/12
Сегед (Г) 0/2
Елверум (Д) 12/36
Елверум (Г) 5/33
Мешков (Д) 1/8
Веспрем (Г) 2/9
СЕХА
Мотор (Г) 3/13
Нексе (Д) 0/1
Мотор (Д) 4/13
Нексе (Г) 0/1
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.289
Кизиќ е голем талент, само треба некој добро да го води во неговиот развој, да има големи натпревари, во квалитетна лига, може да прерасне во уште подобар голман, се зависи од него..:)
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
1.571
Поени од реакции
2.442
Сите викаат дека детево е голем талент. Уште кога имаше 16 години го најавуваа како некој врвен потенцијал. Имаше и статија на сајтот на Вардар за него и брат му, се збореше дека ќе бил прв голман на репрезентацијата во иднина и слично. Мене искрено никогаш не ми оставил таков впечаток. Прво во физички предизпозиции не е нешто. Не делува дека има нешто посебно рефлекс, агилност, или осет. Не знам може грешам.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.362
Поени од реакции
2.820
Мене ми е единствено криво за Кизиќ што замина поради тоа што е дете на Вардар,уште од најмали категории е член на клубот,а немаме многу такви играчи така да немаше да биде лошо да го задржиме.

Сепак за наредна сезона најбитно е да му дадат вистинска шанса на Кантегрел,човекот е голем професионалец и уште пред да дојде во Скопје почна да учи јазик и да се спрема,да не збориме што трпеливо чека шанса покрај "Министерот со пивскиот стомак" што брани цела сезона пред него,а реално Кантегрел сите минути што ги доби ги искористи максимално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom