Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
Температурата е нормална, е сеа што паѓа и се качува или од сензорот или од лош контакт, лоша маса итн. Едноставен трик кога
ќе почне да да варира температурата, малку подтропни на стаклото од таблата...и види дали ќе има промена на температурата. Ако има тогаш има лош контакт во самата табла.
Го пробав трикот ама не работеше пак при шалтање паѓаше темп. Ми текна нешто слично да пробам на сензорот :D

Отворив хауба го најдов сензорот за температура што влегува во термостатот.
Од две жици што идат во приклучокот, една жица (десната) на гумената облога имаше добиено некоја сива боја.Како што можев да приметам ептен кратки беа жиците што влекуваа во џекот. Ништо чудно да се подизвадила/олабавила/скинала бидејќи се многу кратки.
Го мрднав малце сензорот, пробав неколку пати докрај ги бутнав жиците и сензорот.
Ја запалив да проверам, шалтав брзини и не мрдна температурата од пред 90 степена.

Сега за сега решен е проблемот. Благодарам за помошта.

Ако почне пак да зафркава контактот на џекот планирам од половна кола да земам жици со џек, да го исечам џекот кај мене и да ги ставам половните жици на моите жици, така би добил поголеми жици и повеќе ќе се флексибилни. Што мислиш за ова?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422
Денес кога возев оддеднаш ми светна ламбичка да се провери ESP и плус светна ламбичка дека електронската паркинг кочница не е во ред. Потоа се осети дека воланот не се враќа на место сам после "фаќањето" на кривината. Секако ќе ја носам колата на сервис. Само се прашувам што е проблемот? Дали поради електронската паркинг кочница сам се исклучил ESP или и тоа е отидено јабана? Можеби сосе сервото? :cautious:
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519

Najverojatno ABS sensor i javuva fault so esp i parking kocnica.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Денес кога возев оддеднаш ми светна ламбичка да се провери ESP и плус светна ламбичка дека електронската паркинг кочница не е во ред. Потоа се осети дека воланот не се враќа на место сам после "фаќањето" на кривината. Секако ќе ја носам колата на сервис. Само се прашувам што е проблемот? Дали поради електронската паркинг кочница сам се исклучил ESP или и тоа е отидено јабана? Можеби сосе сервото? :cautious:
Možno e racnata da e zaglavena, i ja remeti rabotata na ESP sistemot. Ednata strana ako e zaglavena, celata kola se dviži vo pogrešen pravec i ESP sistemot nemozi da ja vrati ,,vo kolosek,,
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Možno e racnata da e zaglavena, i ja remeti rabotata na ESP sistemot. Ednata strana ako e zaglavena, celata kola se dviži vo pogrešen pravec i ESP sistemot nemozi da ja vrati ,,vo kolosek,,
Ke oseti ako racnata mu e zaglavena, baska ke zagreat diskovi/dobosi i ke kvicat ko ludi. Imav zaglavena sepa lani i trkaloto i cel bandaz bese zagrean, baska pri sekoe kocenje kvicese nenormalno, sram mi bese da ja vozam:D.
Ova mu e nekoj abs sensor na nekoe zadno trkalo, i za toa mu svetat i esp i racna poso elektronska mu e, plus on ima ponova kola i za toa i volanot ne mu go vrakja u centar. Na novite koli site ovie raboti se povrzani.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
252
Поени од реакции
333
Добра кола за почетник буџет 2000-3000 евра?
Би ги издвоил Пежо 207, Corsa D 1.3цдти, Fiesta 2009 нагоре
но бидејќи сум ги имал речиси сите.
Ќе кажам чекор пред сите е Renault Clio 3 1.5 dci и тоа само 85кс моторот

Од искуство кажувам дека Рено има огромен напредок од претходниот модел ( грдото пајче), вооедно и најквалитетна изработка имаат за разлика од другите модели од конкуренцијата.

Clio 3 2006 година беше прогласена и за кола на годината во Европа, па ова е еден факт кој би требало да го имаш во предвид.

Квалитетот си го направи своето па долги години беа и се на првите 2-3 позиции по најмногу продадени примероци со Голф.

Пежо 207 1.6 Хди ( било кој од двата мотори) Малку повеќе си троши од конкуренцијата и од верзијата со 1.4 хди мотор, ама па таа е трома и не оди. Во секој случај ако не ти смета 1,5-2 повеќе гориво од clio 1.5
, 207 е исто подеднакво забавно за возење како Реното.

Бидејќи буџетот ти е мал за Corsa D и 207 , би можел да одиш и на

Пежо 206 или Опел Корса Ц исто може да се најде за цената ( ама би рекол дека тоа се веќе стари модели со веќе непривлечен дизајн на кој му е одминато времето)

Пример разлика од Corsa C и 206, со рено клио 3 или Fiesta 2009 е како да си седнал од Yugo во Mercedes.

Втор совет. Не се залетувај за тазе увезени коли од плацеви, особено ако се поевтини, бидејќи колите горе, особено од оваа класа се оставаат на плац пред да почнат големите сервиси.
Па така, рачунај дека со вакви коли купени од плац, ќе имаш најмалку 700-1200 евра во првата година за да ја доведеш колата во некој ред.
Ова се трошоци кои сакаш несакаш ќе мора да ги дадеш а тоа се 1/3 до 2/3 од вредноста на колата.

Еве ти три добри понуди.

Рено Клио 1.5 дци 85кс

2800 евра ти влегува во буџет, а ценава нема да ја коментирам.
бадијала цена за Клио со 85 кс.

Ако е така како што пишува дека има сервисна книшка и 2 пара нови гуми, тоа е супер. Секако овие работи не би ги добил никогаш на кола од плац.

Рено Клио 1.5 85кс

Пежо 207 1.6 хди исто така фина понуда, но од сликиве гледам дека браникот позади двои малку. треба да се види колку е чукнато . Ако е малку закачено и има правено голем сервис, нови гуми итн, исто така ова е добра цена за 1.6хди.

Киа Ceed 1.4 добра понуда за Ceed, aма морам да кажам едно правило. Голема е шансата колава да биде на прекупец, бидејќи 90% од сликаните коли пред салата "Борис" се сликани токму од нив. Што и не мора да е толку страшно ако е колата добра.

Во секој случај за крај би ти препорачал да гледаш пред се Рено Клио ако сакаш најдобро за парите, и со најмалку трошоци, а останатите иако се според мене чекор назад, не се за фрлање.

Clio 1.5 dci 85ks, Corsa D 1.3, 207 1.6 ХДи , Kia Ceed 1.4 бензин

P.S Гранде пунто би го прескокнал бидејќи многу примероци се кршеви од Италија, а добрите примероци се многу често и поскапи од конкуренцијата.
Автоматски споено мислење:

Мислења за Поло 2003/2004 1.4?
Моделски е погодено, тераат доста, брзо, ама и троши како да е класа поголема кола.
Ентериер ( е најутепан во класата, барем според мене)
 
Последно уредено:
Член од
11 август 2019
Мислења
18
Поени од реакции
15

Дали можеби има некој идеа каде би можеле вакви брендирани рамки за таблички да се направат кај нас?

Благодарам
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
знае ли некој дали има фора да се вози со истечена регистрација негде сум чул дека 2/3 недели е дозволено...
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.090
Поени од реакции
6.460
знае ли некој дали има фора да се вози со истечена регистрација негде сум чул дека 2/3 недели е дозволено...
Sega kako sto nema drzavata pari i za 1 den ke te maltretirat i ke te pisat a ne za 2 nedeli.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Денес кога возев оддеднаш ми светна ламбичка да се провери ESP и плус светна ламбичка дека електронската паркинг кочница не е во ред. Потоа се осети дека воланот не се враќа на место сам после "фаќањето" на кривината. Секако ќе ја носам колата на сервис. Само се прашувам што е проблемот? Дали поради електронската паркинг кочница сам се исклучил ESP или и тоа е отидено јабана? Можеби сосе сервото? :cautious:
На два пати ми се има случено да се изгуби така есп и други срања на меган 3,двата пати беше од слаб акомулатор, двата пати се реши со ставање нов.
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
Sega kako sto nema drzavata pari i za 1 den ke te maltretirat i ke te pisat a ne za 2 nedeli.
(10) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член, доколку од истекување на важењето на сообраќајната дозвола не поминале повеке од 30 дена.

Став(1) За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да: - бидат регистрирани, - бидат означени со налепница за извршена регистрација, - имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и - бидат означени со пропишани регистарски таблици.
Ко што можам да разберам 30 дена можам давозам нерегистрирана.
 
Se dobro toa , no sto mislas ti, tie novite policajci dali voopsto imat poznavanje od zakonite, ako sakas da se raspravas so niv togas teraj no jas znam primer kade na kolata i bilo istecena registracijata 10 dena covekot dobil kazna, a drug primer ima moj drugarkoj kolata ja vozese 3 meseci neregistrirana. Nasava e banana drzava no ti si znaes dali vresi da se rizikuva.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
(10) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член, доколку од истекување на важењето на сообраќајната дозвола не поминале повеке од 30 дена.

Став(1) За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да: - бидат регистрирани, - бидат означени со налепница за извршена регистрација, - имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и - бидат означени со пропишани регистарски таблици.
Ко што можам да разберам 30 дена можам давозам нерегистрирана.
Не пријателе , 100 евра ќе платиш доколку регистрацијата ти е истечена пред помалку од 30 дена. За истечена регистрација пред повеќе од 30 дена казната е поголема , едно време беше 500 евра , сега не знам колку е . А ако повеќе од 6 месеци ти е нерегистрирана и те фатат , покрај казната автоматски иде и одземање на возилото . И не можеш да возиш кола нерегистрирана и со истечено осигурување , нема никаква фора за тоа ...
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
(10) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член, доколку од истекување на важењето на сообраќајната дозвола не поминале повеке од 30 дена.

Став(1) За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да: - бидат регистрирани, - бидат означени со налепница за извршена регистрација, - имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и - бидат означени со пропишани регистарски таблици.
Ко што можам да разберам 30 дена можам давозам нерегистрирана.
Mozes, ali globata e 100evra :D. Pretpostavuvam za povekje od 30dena e pogolema.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom