Мене ми се паднаа 4 и 6.На сите ви се паднаа 4 и 5?![]()
Мене ми се паднаа 4 и 6.На сите ви се паднаа 4 и 5?![]()
Многу замарање за глупости и занимација за ликови коишто пратат спорт/фудбал и не треба да се мешаат многу многу со ``нормалните`` луѓе.Околу 16 часот денес.
Значи вака. Отидов во Рептил.
- Имате албум со сликички?
- Каков албум дечко?
- Европско првенство, сега е во мода, Панини ово-оно.
- Ааа не знам, ај да видам. (во меѓувреме друг купувач тука ми вика „нема дечко, само во Центар“) и си викам ај да не му објаснувам дека од денес требаше да го има на повеќе места...
Се враќа оваа од позади, со албум, со 3 пакети ја целиот среќен и мало нервозан „зошто не сте ги ставиле напред на каса, тука треба да светат“...
Го куца на каса „ах, не е влезен во систем“.
И викам „а мори јави им се таму некаде у дирекција да го внесат“
- Аааа бе дечко кај да се јавам нема никој сеа таму, не работат.
Ај палам колата до Тинекс, тие дебилите немаат.
У маалската трафика „аа дечко имавме 30-40, се продадоа, извини“.
Ај до крај на Порта Влае, у локална продавничка - КАТЕГОРИЧНО НЕ, а едвај „имате ал-“ реков.
И после се „заакав“ до Ѓорче знам има едно тобако карши Тинекс, коа го видов М нешто аууу пука среќа знам дека ми се појави негде на ФБ ова М дека имаат албуми, паркирам таму на сред улица, свират, кој ги ебе, идам во трафиката ииииииии
ИМАШЕ, ФАК ЈЕАХ
Прегледај го приврзокот 290598
Мех, и така на среќа се пласираа преку турнир којшто беше во полза на вакви мртви репрезентации како нашата. Џабе радување и дигање еуфорија.секако да ги испоштуеме нашите што се пласираа.
Дојди да го видиш тој од 2002ра. Мрсна хартија, тешки листовите, еве го скоро 20 години и милијарда пати листан ни да мрдне.Хартијава што е тенка ко тоалетна, одувек им била таква, така што нема што да се буниме за неа.
Прејак. Од него ги научив стадионите во Кореа и Јапонија.Дојди да го видиш тој од 2002ра. Мрсна хартија, тешки листовите, еве го скоро 20 години и милијарда пати листан ни да мрдне.
Тој ми е единствен албум што го имам, татко ми го собираше тогаш, и 2006та го имав ама го изгубив негде.
Глеам имате замерки за информациите на играчите, треба да пишува у кој тим играл тогаш тоа е најбитно, на тој од 2002ра од таму ги учев играчите и резултатите ми се запишувани со пенкало.
Највеќе што ми сметаше, кај италијанците сите играчи у домашни клубови само Франческо Коко у Барса, им двоеше.Прејак. Од него ги научив стадионите во Кореа и Јапонија.
На тие сликички име, знаменце и лого имаше. Дополнителното инфо беше запишано во албум (сеа обратно и доста пооскудно)
Уште ми се вртат некои сликички во глава. Шпанците во клубски дресови, Турците во јакни стегнати, Данците сликани пред мрежа... Логоата наместо диско топка можеа да се користат.
*али ние да игравме тогаш ќе бевме една од оние репрезентации што по двајца играчи имаа на една сликичка.
Една сликичка што нема никогаш да ја заборавам
И ако не се лажам ова задоволство не чинеше 20 денари по пакетче.
Не ми се допаѓа дизајнов на новите мене, ефтино делува. Преголема рамка, а премалку информации. Претходното ЕП беа многу подобро стилизирани. Она во акција играчите е скроз непотребен дел, апла за профит направен.
Ќе го купам сигурно, али веројатно нема да го собирам цел. Да го исшарам со некој наш играч доволно е.
Ај барем да оставеше некој белег во Барса. Братот веќе ни фановите не го паметиме дека играше во клубот.Највеќе што ми сметаше, кај италијанците сите играчи у домашни клубови само Франческо Коко у Барса, им двоеше.![]()
плавите ми се дупли, белите ми фалат.. кој е од Скопје и има за размена нека пише пп
На Фејсбук прочитав наскоро би требало да ги има низ маркетиве. Шишињата од 450мл со ознака Панини ќе биле. Колку е точно, не знам.Овие кока кола на крај, паѓање со полиција, а?