UEFA EURO 2020 - Панини албум со сликички

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Не туку се фаќајте за глупи ситници, албумов е мерак од детство, се купува колку сака пари нека е, се мењаме, чкртаме бројчиња и секако да ги испоштуеме нашите што се пласираа.
Кога ќе го пополниш албумот им помагаш на оние најблиските да го пополнат, и оние кои ти помогнале да го пополниш на крај со размена на дупликати.
И најважно, НИКАКО НАРАЧУВАЊЕ СЛИКИЧКИ, ТОА Е НАЈГОЛЕМО ЗЛО.
Албумот се пополнува со менување на дупликати.
На собири.
Во парк, кај фонтана!
Ластиче, дупликатите умотани у ливче, пенкалце... ех.
Имам, имам, имам, имам, немам, имам, немам, имам, имам...
 
Околу 16 часот денес.
Значи вака. Отидов во Рептил.
- Имате албум со сликички?
- Каков албум дечко?
- Европско првенство, сега е во мода, Панини ово-оно.
- Ааа не знам, ај да видам. (во меѓувреме друг купувач тука ми вика „нема дечко, само во Центар“) и си викам ај да не му објаснувам дека од денес требаше да го има на повеќе места...

Се враќа оваа од позади, со албум, со 3 пакети ја целиот среќен и мало нервозан „зошто не сте ги ставиле напред на каса, тука треба да светат“...
Го куца на каса „ах, не е влезен во систем“.
И викам „а мори јави им се таму некаде у дирекција да го внесат“
- Аааа бе дечко кај да се јавам нема никој сеа таму, не работат.

Ај палам колата до Тинекс, тие дебилите немаат.

У маалската трафика „аа дечко имавме 30-40, се продадоа, извини“.

Ај до крај на Порта Влае, у локална продавничка - КАТЕГОРИЧНО НЕ, а едвај „имате ал-“ реков.

И после се „заакав“ до Ѓорче знам има едно тобако карши Тинекс, коа го видов М нешто аууу пука среќа знам дека ми се појави негде на ФБ ова М дека имаат албуми, паркирам таму на сред улица, свират, кој ги ебе, идам во трафиката ииииииии
ИМАШЕ, ФАК ЈЕАХ
Прегледај го приврзокот 290598
@Anon , чекај малку, сериозно купи 50 пакетчиња?


:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Откаку сум со плата, мислам трет албум вака го почнувам :D
Кои се првите два? :ROFLMAO:

Инаку ова погоре не се ситници туку чисто си дискутираме. Ако ситничариме тогаш, што спомна некој назад стварно се многу 654 сликички или 678 (портокаловиот).

Пример овие сликички кај што играчите се во акција мене ми се баш без врска, колку да натрупаат повеќе за повеќе да заработат. Ги имам албумите од 2014 навака и ниеден до сега немаше такви глупости и сите беа негде околу 480-540 сликички, сега кај има повеќе репрезентации им текнало и вакви новитети да смислуваат.

Плус има некои безвезе сликички на почетокот ко оваа подолу што стварно не сфаќам што е поентата со сликицава.
20210403_223736.jpg

Боље да го испринтаа ова и маскотата, а стадионите да ги имаше за собирање ко порано.

Плус сликициве порано беа вертикални што повеќе ми се свиѓаат од сегашниве хоризонтални и за секој играч го имаше клубот кај што настапува што мене ми е побитно од тоа колку е висок/тежок секој играч.

Хартијава што е тенка ко тоалетна, одувек им била таква, така што нема што да се буниме за неа.

Е ова е ситничарење срцка, али прв пат сме на Еуро, па дај шта даш е работава. Јас првпат собирам Панини албум, али сите страсни колекционери досега што сум ги читал по коментари кажуваат дека овој албум е најслаб по квалитет. И тпа луѓе од цел свет што собираат албуми 30-40 години.
 
Последно уредено:
Кои се првите два? :ROFLMAO:
Не се сеќавам треба да барам во фиоки. А и боље да не барам затоа што може да не најдам па ќе бидат потребни физички пресметки со членови од семејството.
 
Гол е некако албумов бе, кој има собирано пред тоа знае..

1) Фалат слики од стадионите. Што ги ставале овие маливе слики, подобро стадионите да ги имаше

2) Фалат инфо за самите играчи :D Што кур ме интересира кога дебитирал за репрезентација, не пишува кој каде игра, многу голема фалинка. 50% од играчите од порано ги знаев ради оваа причина :D

Едит: @STEALTH од Кавадарци
 
Има ли некој за менување? Нека повели во ПП :)
 
Гол е некако албумов бе, кој има собирано пред тоа знае..

1) Фалат слики од стадионите. Што ги ставале овие маливе слики, подобро стадионите да ги имаше

2) Фалат инфо за самите играчи :D Што кур ме интересира кога дебитирал за репрезентација, не пишува кој каде игра, многу голема фалинка. 50% од играчите од порано ги знаев ради оваа причина :D

Едит: @STEALTH од Кавадарци
Плус на почетокот нема да си ги запишуваш резултатите, кога ќе почне првенството, што е уште еден минус за мене.
 
Тричкоски не се паѓа бе крв му ебем,само тој ми фали од нашиве.Дан го има некој дупликат?
 
Чекај. Да го собереш цел све комплет, го собираш онака само да го имаш за себе а ПАНИНИ не ти доделува нешто награда ?
ти даваат ранец со пакет производи: чоколади, лижавчиња бисквити...
 
Најголема мана е тоа што не пишува клуб на играчот, и секако легендарното пишување резултати со пенкало. Очаен албум, да не се пласираа нашите немаше да го собирам.
 
IMG_20210404_002043.jpg
IMG_20210404_002148.jpg

Од 500 сликички Бејтулаи 4 пати се паѓа или во проценти 0,8 што е одличен процент за еден ваков настан..
Може да се забележи и дека Бејтулаи не и дава да здивне на Украинската репрезентација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom