„Премиере, јас ја познавам вашата одмаздољубива нарав, знам дека сте поодмаздољубив и од Груевски, повелете одземете ми го имуниетот, гонете ме кривично за ...
www.youtube.com
[1:20]
Чисто информативно, кои се тие 450.000 луѓе што живеат со помалце од 2 евра на ден? Имам приметено како постојано го кажува ова, а многу луѓе (поради нашиот менталитет) не се потрудуваат да размислат малце и ова го зимаат здраво за готово.
Само за споредба ако зимаш минималец, цирка 15.000, поделено со 30 дена во месецот 15.000/30 = 500ден/дневно (8.3 евра).
Дури ако едно семејство се состои од 4 лица, и
само едно од тие лица е вработено и
прима минималец тек тогаш излегува дека членовите на тоа семејство живеат на 2 евра на ден.
А верувам дека такви четиричлени семејства со само еден вработен на минималец се многу малку, а не 450.000 како што он постојано повторува.
Да не ме разберете пограшно не сметам дека 8.3 евра од ден е доволно, но вакви извртени факти кај политичариве многу нервираат особено поради тоа што како што кажав погоре, повеќето луѓе не размислуваат и слепо им веруваат.
Можеби на тебе ти е како научна фантастика, ама и јас на времето сум немал леб да јадам и верувам дека уште има такви, некоја кумуњара која никогаш не ја осетила болката не може да ти соли памет како тоа било измислица.
Првиот кој проба да го смени оваа е Грујо, ви се допаѓало тоа или не, тоа е така (без рзлика на сите други негативни работи кој ги имало и пред него и сега), он успеа да донесе странски инвестиции кој исплаќаа плати поголми од минималната, кумуњарата која беше ептен затечена водеше кампања како ваму работеле за 200е, ама забораваа дека кај нив работниците зимаа уште помалку и работеа без придонеси.
Немам работено у странска инвестиција, ама познавам многу кој работат и зимаат просечни плати ( и над просечни), кога би ги немало овие компании, баш ме чуди каде би работеле и колкави плати би имале (ако случајно работат).
Тоа што има повисок рејтинг од Мицкоски, не го прави сериозен кандидат за премиер.
Апасиев има уште многу работи да среди пред да биде кандидат за премиер (иако сум убеден дека навистина има подобар рејтинг од Ж'миц), он прво и најлесно за средување е да си ја среди надворешната политика на партијата, не може партија која е скоро безначајна да повикува на палестинци, баскијци и што ти знам, кога некој службеник од Изреал го добил оноа за Палестинам сигурно му удрил делете и се рекол кој се овие спамери.
Друга работа која мора да ја промени Левица ( и Апасиев) е економската програма, мора да најде начин оние што навистина ќе работат и допринесуваат да добиваат највеќе, не може ако јас сум работел најмногу, он да ни дава исто со некој што лежел, таа комуњарска приказна е умрена,може да се обиде да и стави блокада на енормните профити на газдите, ама пак не смее ептен да и ги ограничува, ако некој не заработува зошто би работел ако со лежење го има истото.
Многу ми се допаѓа тоа што ги вади од такт Чрпе и Ж'миц, па дури и ако треба ќе се договорат да го делат профитот, само овој да не дојде на власт.
Ако дојде еден ден тоа, да има Левица 10 пратеника пак ќе направи влада со 33
Да не биде дека и ова не е кажано.
Со ајку33 влада најмалку и одговара, и не верувам дека би се решиле на таков чин оти на следните избори ќе бидат политички мртви, мислам дека ако баш нивните гласови одлучуваат ќе дадат подршка на малцинска влада предводена од ВМРО, Апасиев е далеку похрабар од Ж'миц ( а можеби и попаметен) и убаво знае кој се неговите можности во иднина, со таков потег одма ќе и скине огромен дел на гласачи на СДССМ, а со моќта да биде он одлучувачот за било кој закон ќе да добие уште поголем ветер во грб.
Ако си го гледал интервјуто, ќе си разбрал дека он не цели на градоначалници на локалните, самиот е свесен дека нема шанси да освои можеби и 1, ама е свесен дека советниците што ќе ги добие Левица ( и ако бидат како него непоткупливи) ќе бидат клучни за формирање мнозинство во најмалку 50 општини.