Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Се молат битангите од сдс и вмро да си ги разработат нивните теми а не овде да свирају курцу себастијану.

Мицко впонеделник ќе добие 4 реки за хидроцентрали :)
Ете добра вест, барем сега ќе мора вакцини да донесат XD

Ама не за народот...
 
Член од
1 март 2021
Мислења
338
Поени од реакции
758
Да, затоа не е задоволен од одговорот. Примете само како го менува говорот, моли за поддршка кон народот после вчерашното интервју на Апасиев во Канал 5.

Гледајте го каков е црпе, говор гестакулации, офчар неписмен!!
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Многу нормално е што Апасиев ги спомнува приватниве клиники. Никоје не вели дека цената треба да е иста, ама е во најмала рака вулгарна нивната цена за ковид-болните. Спореди ги цените кои биле пред пандемијата за еден ден престој во приватна боница и сега. Мизерно профитерство кое успешно функционира со амин на Владата.
Во ниту еден момент немале м*да да признаат дека немаат капацитети. Зарем не е логично ако веќе „играат“ со приватниве да покријат дел од трошоците кога веќе немаш услови и капацитети?
Има многу спорни точки во оваа приказна.

Тоа што постојано се спомнуваат ресторани и кафани веќе е надмината тема. Влези во било која канцеларија во Град Скопје или било која општина да можеш да направиш споредба.
Најдобро решение е масовна вакцинација која чини помалку од пакети-мерки за спас на економијата.
Не се согласувам од неколку причини.
Првата причина ја наведов во претходниот пост, високата цена е како превентива мерка за да не доаѓаат сите таму и да им ги загрозуваат другите пациенти.
Втората причиа е што цените не се смените, исти се од пред пандемијата, а доколку некој не е информиран, еден преглед чини 3к-4к денари, КТ е 16к денари, МР е 18к денари, ако се со некои плус додатни работи КТ и МР можат и над 20к денари да отидат, РТГ е 7к денари, други анализи кои што се прават знаат да одат од 1.5к до 10к денари, така што, доколку некој со корона му прават повеќе испитувања(на дневно ниво), цената нормало дека може да достигне 1к евра од ден, ако не и повеќе.
Трета причина, како државата и приватникот ќе одлучуваат кој пациент би бил хоспитализиран доколку државта се одлучи за некого да покрие?
Да речеме дека има 15 пациенти, од кои 9 им треба хоспитализација, ама само по 2-3 можат да примат во Систина и Жан Митрев, зошто едни да добиваат 5 ѕвездена услуга а други да добиваат 2 ѕвездана услуга? Кој ќе бидат параметрите и на кој начин нема луѓето да бидат дискриминирани? Зошто за еден човек да се плаќа премиум цена, а за друг да виси по државните болници?
Нема ли тие луѓе што не биле примени на некоја од приватните да се бунат?
Нема ли оние луѓе кои платиле приватно да се лекуваат од други болести исто да се бунат бидејќи им било ветено дека нема да бидат изложени на ризик?

Така што, како што реков, кривицата и одгворонста треба да се бара во неспособната влада и неспособното министервство за здравство, кои што не развија стратегија за државните болници за кои скоро сите плаќаме данок, за постојаното лажење дека секој месец ќе имаме вакцини, за неконзистентните изјави во врска вирусот и за двојните стандарди.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
[1:20]

Чисто информативно, кои се тие 450.000 луѓе што живеат со помалце од 2 евра на ден? Имам приметено како постојано го кажува ова, а многу луѓе (поради нашиот менталитет) не се потрудуваат да размислат малце и ова го зимаат здраво за готово.

Само за споредба ако зимаш минималец, цирка 15.000, поделено со 30 дена во месецот 15.000/30 = 500ден/дневно (8.3 евра).
Дури ако едно семејство се состои од 4 лица, и само едно од тие лица е вработено и прима минималец тек тогаш излегува дека членовите на тоа семејство живеат на 2 евра на ден.
А верувам дека такви четиричлени семејства со само еден вработен на минималец се многу малку, а не 450.000 како што он постојано повторува.

Да не ме разберете пограшно не сметам дека 8.3 евра од ден е доволно, но вакви извртени факти кај политичариве многу нервираат особено поради тоа што како што кажав погоре, повеќето луѓе не размислуваат и слепо им веруваат.
Можеби на тебе ти е како научна фантастика, ама и јас на времето сум немал леб да јадам и верувам дека уште има такви, некоја кумуњара која никогаш не ја осетила болката не може да ти соли памет како тоа било измислица.

Првиот кој проба да го смени оваа е Грујо, ви се допаѓало тоа или не, тоа е така (без рзлика на сите други негативни работи кој ги имало и пред него и сега), он успеа да донесе странски инвестиции кој исплаќаа плати поголми од минималната, кумуњарата која беше ептен затечена водеше кампања како ваму работеле за 200е, ама забораваа дека кај нив работниците зимаа уште помалку и работеа без придонеси.

Немам работено у странска инвестиција, ама познавам многу кој работат и зимаат просечни плати ( и над просечни), кога би ги немало овие компании, баш ме чуди каде би работеле и колкави плати би имале (ако случајно работат).
Тоа што има повисок рејтинг од Мицкоски, не го прави сериозен кандидат за премиер.
Апасиев има уште многу работи да среди пред да биде кандидат за премиер (иако сум убеден дека навистина има подобар рејтинг од Ж'миц), он прво и најлесно за средување е да си ја среди надворешната политика на партијата, не може партија која е скоро безначајна да повикува на палестинци, баскијци и што ти знам, кога некој службеник од Изреал го добил оноа за Палестинам сигурно му удрил делете и се рекол кој се овие спамери.

Друга работа која мора да ја промени Левица ( и Апасиев) е економската програма, мора да најде начин оние што навистина ќе работат и допринесуваат да добиваат највеќе, не може ако јас сум работел најмногу, он да ни дава исто со некој што лежел, таа комуњарска приказна е умрена,може да се обиде да и стави блокада на енормните профити на газдите, ама пак не смее ептен да и ги ограничува, ако некој не заработува зошто би работел ако со лежење го има истото.

Многу ми се допаѓа тоа што ги вади од такт Чрпе и Ж'миц, па дури и ако треба ќе се договорат да го делат профитот, само овој да не дојде на власт.
Ако дојде еден ден тоа, да има Левица 10 пратеника пак ќе направи влада со 33 :)
Да не биде дека и ова не е кажано.
Со ајку33 влада најмалку и одговара, и не верувам дека би се решиле на таков чин оти на следните избори ќе бидат политички мртви, мислам дека ако баш нивните гласови одлучуваат ќе дадат подршка на малцинска влада предводена од ВМРО, Апасиев е далеку похрабар од Ж'миц ( а можеби и попаметен) и убаво знае кој се неговите можности во иднина, со таков потег одма ќе и скине огромен дел на гласачи на СДССМ, а со моќта да биде он одлучувачот за било кој закон ќе да добие уште поголем ветер во грб.

Ако си го гледал интервјуто, ќе си разбрал дека он не цели на градоначалници на локалните, самиот е свесен дека нема шанси да освои можеби и 1, ама е свесен дека советниците што ќе ги добие Левица ( и ако бидат како него непоткупливи) ќе бидат клучни за формирање мнозинство во најмалку 50 општини.
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Штом си толку убеден, прошетај и прашај ги оние што земаат минималец дали враќаат пари на работа.
После оди по селата меѓу земјоделци и сточари и убеди се дали до минималец стасуваат.
Тутунот колкј беше годинава?
Го одкупија цел?
Тешка беда и сиромаштија сме
Пак не ми ја разбра поентата. Не негирам дека има такви луѓе или пак дека не треба да им се помогне, но тие се многу мал дел од севкупното население а не се 25% како што прикажува Апасиев. А примерот што ми го даде ти извини ама ич не ти држи вода. Тоа ти е ко исто да ти кажам јас ај иди прошетај се во дебар маало и кажи ми што коли се возат или пак ај во лето иди на голден бич во Охрид и види колку пари се трошат, за да се убедиш дека нема сиромаштија.

Проблемот е што "фактите" што ги кажува Апасиев (а и сите други политичари генерално) се многу извитоперени и треба да се смени тоа, а не да го оправдувате само поради тоа што имал двајца пратеници и тие "факти" да се зимаат здраво за готово. Ова за луѓе што живеат на помалце од 2 евра од ден го земав само како пример. Многу од работите што ги кажува на дебатите стварно личат бомбастично, но ако одвоиш 2 минути и направиш едно пребарување на гугл, одма ќе сфатиш колку е саатот.
Автоматски споено мислење:

Можеби на тебе ти е како научна фантастика, ама и јас на времето сум немал леб да јадам и верувам дека уште има такви, некоја кумуњара која никогаш не ја осетила болката не може да ти соли памет како тоа било измислица.

Првиот кој проба да го смени оваа е Грујо, ви се допаѓало тоа или не, тоа е така (без рзлика на сите други негативни работи кој ги имало и пред него и сега), он успеа да донесе странски инвестиции кој исплаќаа плати поголми од минималната, кумуњарата која беше ептен затечена водеше кампања како ваму работеле за 200е, ама забораваа дека кај нив работниците зимаа уште помалку и работеа без придонеси.

Немам работено у странска инвестиција, ама познавам многу кој работат и зимаат просечни плати ( и над просечни), кога би ги немало овие компании, баш ме чуди каде би работеле и колкави плати би имале (ако случајно работат).
Како очекуваш коментаров да го сфатам сериозно кога ти се еден од фановите на Грујо. За секоја една добра ствар што ја има направено Грујо позади нејзе има 10 други погадни направено. Ако ти се апологет негов, супер и биди си, но не пробувај таа одвратна структура да ми ја наметнуваш мене.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Пак не ми ја разбра поентата. Не негирам дека има такви луѓе или пак дека не треба да им се помогне, но тие се многу мал дел од севкупното население а не се 25% како што прикажува Апасиев. А примерот што ми го даде ти извини ама ич не ти држи вода. Тоа ти е ко исто да ти кажам јас ај иди прошетај се во дебар маало и кажи ми што коли се возат или пак ај во лето иди на голден бич во Охрид и види колку пари се трошат, за да се убедиш дека нема сиромаштија.

Проблемот е што "фактите" што ги кажува Апасиев (а и сите други политичари генерално) се многу извитоперени и треба да се смени тоа, а не да го оправдувате само поради тоа што имал двајца пратеници и тие "факти" да се зимаат здраво за готово. Ова за луѓе што живеат на помалце од 2 евра од ден го земав само како пример. Многу од работите што ги кажува на дебатите стварно личат бомбастично, но ако одвоиш 2 минути и направиш едно пребарување на гугл, одма ќе сфатиш колку е саатот.
Автоматски споено мислење:



Како очекуваш коментаров да го сфатам сериозно кога ти се еден од фановите на Грујо. За секоја една добра ствар што ја има направено Грујо позади нејзе има 10 други погадни направено. Ако ти се апологет негов, супер и биди си, но не пробувај таа одвратна структура да ми ја наметнуваш мене.
Слободно почни да ги набројуваш лошите работи во времето на Грујо и да ги видеме колку оваа добра, срцка власт ги променила.

НЕМОЈ да ми кажуваш дека не сум свесен дека имало лоши работи, само за да се исправеа работите на подобро мораа прво да се средат работите во тогашната опозиција, не можеш ти луге со такво минато да сакаш да дојдат на власт оти овој не ви чини,
така правам и сега не сакам луге како Ж'миц да го заменат Црпе, не ми треба замена која можеби ќе биде подобра, ама само можеби (докажано во последните години), на мене ми требаат луѓе кој ќе го променат целиот начин на функционирање во дупкава, до тогаш немојте да плачете овој ви бил крив, оној ви бил крив, а вие сте најголемите кривеци кој гласате само за сопсвтвен интерест.
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
добро е, почнале куртониве да се будат, ќе заживе форумов
Она кога толку си ограничен во мозокот и на некој рандом лик на интернет неможеш да му вратиш со аргументи му враќаш со навреда.:vozbud:
Такви сте вие партиските ботчиња.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Се молат битангите од сдс и вмро да си ги разработат нивните теми а не овде да свирају курцу себастијану.
Цч, не ги напуштај социјалистичките концепти за сопственоста.

Тоа беше комплимент за способноста на Димче, само треба да пласира уште некој кадар. Ете твоите капацитети се добро познати, добро знаеш да играш билтен за процентуалната застапеност на секоја партија поединечно на поедини избори во Битола и регионот. Повеќе од тоа, од тебе, не видовме ништо на темава.

Ако читаше меѓу редови, напишав дека двете најголеми партии немаат некој човек кој би добил политички поени при дебата со Апасиев. Телевизиска или собраниска, небитно. Рада е најдоброто нешто што го имаат, како капацитет и карактер, ама нема сјајно политичко досие. Дебакл доживеа со Сдсм и уште тогаш требаше и мораше во политичка пензија.

А ако бараш влезница за пишување на темава, ете на локално ниво ќе гласам за советничката листа на Левица. И така сем згради, во кои голема е веројатноста дека ќе се населат (само) Албанци, ништо друго не видов да се направи за овие 4 години.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Уште непреболен и непрежален ли е Грујо? Аманте, некој да спомне криминал на Грујо 90% му скокаат, а успесите на Грујо вечито се паметат и се споменуваат. Грујо го видовме што човек е, ја свирна како последна пизда, додека сите негови соработници и дел од членството гние по зандани заради неговите заповеди дадени лично и персонално од него. Да беше маж ќе останеше со тие што ги стави во кал и заедно со нив ќе одлежеше, ама испадна дунда.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.518
Поени од реакции
9.373
Она кога толку си ограничен во мозокот и на некој рандом лик на интернет неможеш да му вратиш со аргументи му враќаш со навреда.:vozbud:
Такви сте вие партиските ботчиња.
мрш бе
Автоматски споено мислење:

Уште непреболен и непрежален ли е Грујо? Аманте, некој да спомне криминал на Грујо 90% му скокаат, а успесите на Грујо вечито се паметат и се споменуваат. Грујо го видовме што човек е, ја свирна како последна пизда, додека сите негови соработници и дел од членството гние по зандани заради неговите заповеди дадени лично и персонално од него. Да беше маж ќе останеше со тие што ги стави во кал и заедно со нив ќе одлежеше, ама испадна дунда.
Грујо каков таков испадна не дунда туку мажетина во споредба со овој муртино, затоа е непроболен и непржален.
Ако овие од шаренава куртонијада покажеа барем малку достоинство никој мрсул немаше да фрла на Грујо, ама јбг, ситуцијата е сосема друга.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Со ајку33 влада најмалку и одговара, и не верувам дека би се решиле на таков чин оти на следните избори ќе бидат политички мртви, мислам дека ако баш нивните гласови одлучуваат ќе дадат подршка на малцинска влада предводена од ВМРО, Апасиев е далеку похрабар од Ж'миц ( а можеби и попаметен) и убаво знае кој се неговите можности во иднина, со таков потег одма ќе и скине огромен дел на гласачи на СДССМ, а со моќта да биде он одлучувачот за било кој закон ќе да добие уште поголем ветер во грб.

Ако си го гледал интервјуто, ќе си разбрал дека он не цели на градоначалници на локалните, самиот е свесен дека нема шанси да освои можеби и 1, ама е свесен дека советниците што ќе ги добие Левица ( и ако бидат како него непоткупливи) ќе бидат клучни за формирање мнозинство во најмалку 50 општини.
Ретко се погодиле советници непоткупливи, ти кажувам од искуство, а една ласта не чини пролече. Дали биле во Левица или ВМРО у принцип тие се македонци и исти кур се сите скоро. До душа комуњариве се нешто специјалка, тоа е нешто што го нема никаде :)
Апасиев е таков каков што е затоа што му е дозволено, да го бајпасира револтот кај народот. Да му даде колку толку задоволство кога треба да се сече. Америкнската политика е политика по линија на помал отпор, ненасилна кога не мора. До душа сјебаа два тројца кога им се инатеа.
Да дополнам....даваат да се бориме внатре до некоја мера, додека не им скурчи....тоа е веќе коцка, кога каков потег да се потегне. А во отсуство на било кој друг фактор изборот е страшно лимитиран.
 
M

Macedon1um

Гостин
[1:20]

Чисто информативно, кои се тие 450.000 луѓе што живеат со помалце од 2 евра на ден? Имам приметено како постојано го кажува ова, а многу луѓе (поради нашиот менталитет) не се потрудуваат да размислат малце и ова го зимаат здраво за готово.

Само за споредба ако зимаш минималец, цирка 15.000, поделено со 30 дена во месецот 15.000/30 = 500ден/дневно (8.3 евра).
Дури ако едно семејство се состои од 4 лица, и само едно од тие лица е вработено и прима минималец тек тогаш излегува дека членовите на тоа семејство живеат на 2 евра на ден.
А верувам дека такви четиричлени семејства со само еден вработен на минималец се многу малку, а не 450.000 како што он постојано повторува.

Да не ме разберете пограшно не сметам дека 8.3 евра од ден е доволно, но вакви извртени факти кај политичариве многу нервираат особено поради тоа што како што кажав погоре, повеќето луѓе не размислуваат и слепо им веруваат.
Па имаше некоја статистика каде што околу 100к вработени зимаат минималец во државата така да не ме чуди многу бројката (450к луѓе не семејства)

Ако е еден во фамилијата вработен 15к во 4 члено семејство иде 500 на ден или 125 ден по член (2 евра на ден)
Ова пресметка погоре без сметки без ништо, инаку дури и 2ца да работат минималец = 30к со едно 10к фиксни сметки месечно пак остануваат само 20к месечно што е 660 дневно или на 4 члено семејство по 2.5 евра од човек. А искрено има доста фамилии каде што еден само работи на минималец или близу минималец
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Уште непреболен и непрежален ли е Грујо? Аманте, некој да спомне криминал на Грујо 90% му скокаат, а успесите на Грујо вечито се паметат и се споменуваат. Грујо го видовме што човек е, ја свирна како последна пизда, додека сите негови соработници и дел од членството гние по зандани заради неговите заповеди дадени лично и персонално од него. Да беше маж ќе останеше со тие што ги стави во кал и заедно со нив ќе одлежеше, ама испадна дунда.
Сакал ти или не, времето на Грујо е едниствениот период каде можеш да наброиш успеси, другите за нивна несреќа ги немаат (ако мислеш дека е поинаку слободно наброј ни некој успех).

За последново, било кој со малку мозок ќе си здувнеше и ќе чека поволни ветришта за да се врати, поволните ветришта за твоја информација требаше да бидат во март, ама поради короната се одложија на барање на вашава влада (или министерство сеедно), ако не си запознаен сите случаеви на СЈО на кој Хорке и даде аболиција (и тој за кој избега Грујо), 99,99% се добиваат во Стразбург, ќе биде ептен интересно кога ќе се случи тоа и ќе се гледа вриштењето на северџаните, можеби и затоа толку ги запнаа Дон Мијале и Камчев, оти потоа нема да можат да ги гонат.
Автоматски споено мислење:

Ретко се погодиле советници непоткупливи, ти кажувам од искуство, а една ласта не чини пролече. Дали биле во Левица или ВМРО у принцип тие се македонци и исти кур се сите скоро. До душа комуњариве се нешто специјалка, тоа е нешто што го нема никаде :)
Апасиев е таков каков што е затоа што му е дозволено, да го бајпасира револтот кај народот. Да му даде колку толку задоволство кога треба да се сече. Америкнската политика е политика по линија на помал отпор, ненасилна кога не мора. До душа сјебаа два тројца кога им се инатеа.
Да дополнам....даваат да се бориме внатре до некоја мера, додека не им скурчи....тоа е веќе коцка, кога каков потег да се потегне. А во отсуство на било кој друг фактор изборот е страшно лимитиран.
И јас мислам така, тешко е да најдеш огромен број непоткупливи луѓе, 80 општини по 10-20 советници, огромен број на такви, според мене советот ти е непотребна работа, која троши големи финансии.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Ретко се погодиле советници непоткупливи, ти кажувам од искуство, а една ласта не чини пролече. Дали биле во Левица или ВМРО у принцип тие се македонци и исти кур се сите скоро. До душа комуњариве се нешто специјалка, тоа е нешто што го нема никаде :)
Апасиев е таков каков што е затоа што му е дозволено, да го бајпасира револтот кај народот. Да му даде колку толку задоволство кога треба да се сече. Америкнската политика е политика по линија на помал отпор, ненасилна кога не мора. До душа сјебаа два тројца кога им се инатеа.
Да дополнам....даваат да се бориме внатре до некоја мера, додека не им скурчи....тоа е веќе коцка, кога каков потег да се потегне. А во отсуство на било кој друг фактор изборот е страшно лимитиран.
Искрено одвај чекам како ќе реагираат американците ако Левица освои едно 200 - 300.000 гласови.

Не дека не знаат во моментов колку точно вреди Апасиев, ама друго ќе биди со реални бројки на избори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom